Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 250 Локалната самоуправа си ги сака паркинзите назад. Ќе се раскинува договорот помеѓу ЈП Билјанини Извори и концесионерот “Сузуки“. Предлог одлуката за раскинување на договорот пред советниците ќе се најде на следната седница на совет. Ова за ТВМ го потврдија од локалната самоуправа. Во отсуство на градоначалникот кој е на службено патување, портпаролот Симон Илиевски објасни кои се следни чекори на локалната. „Локалната самоуправа како сопственик најверојатно на следната седница ќе донесе нова одлука за расинување на договорите за одреден дел на паркинзи, а понатаму...
Охрид домаќин меѓународна конференција на експерти за дрога
Post Views: 351 110 учесници од Европа и светот, меѓу кои 30 Експерти за дрога во Охрид на третата меѓународна конференција на експерти за дрога. Тема на конференцијата е „изнаоѓање на нови методи на работа на криминалните организации и утврдување на структурите на овие криминални организации“. Сознанијата од конференцијата треба да помогнат во изготвување на квалитетна стратегија за борба против дрогата. Меѓу учесниците на конференцијата во Охрид е агент на ДЕА(агенција за борба против дрога при Стејт Департментот) кој во оваа област работи четири години, а од овие собири...
Од денеска стартува грејната сезона
Post Views: 245 Денеска грејните тела во општина Охрид по домовите, училиштата и институциите остана студени поради високите температури за овој период од годината , но тоа неначи дека не сме подготвени за она што следува.„Сите основни и средни училишта и детската градинка на територијата на општина Охрид спремни ја дочекуваат грејната сезона. Потребни количини огрев за почеток на грејна сезона имеме во наредниот период нема да имаме проблем со почнувањето на грејната сезона“, вели првиот човек на одделението за образование Серафим Наумовски. Проблем нема да има велат од локалната,...
Охридското Езеро нетреба да се користи како акумулација
Post Views: 284 Досегашното искуство покажува дека осцилациите преку кои некогаш нивото на Охридското езеро се намалува, а друг пат се случува да биде многу високо, предизвикува штетни влијанија, з аживиот свет во него, но и за населението и животната средина. Златко Лефков, професор на природно математичкиот факултет е човекот кој точно 10 години континуирано ги истражува Охридското и Преспанското Езеро. Тој е категоричен дека податоците кои ги добиле од истражувањата повеќе од јасно говорат дека Езерото не смее да се користи како акумулација. „ Ова е најзначајниот еко систем...
Охрид го празнува 11 ти октомври
Post Views: 312 Низа свечености во организација на локалната самоуптрава во чест на 11 октомври или 71 годишнината од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.Делегација на локалната предводена од претседавачот на советот Душко Јковчески, советници, пратеникот во Владата на Р Македонија Митре Велјаноски, преставници на јавни претпријатија , утрово положија свежо цвеќе пред спомен одбележјата на охриѓаните учесници во НОБ. Денешниот празник повод со пригодна свеченост во употреба да се пушти кружниот тек кај некогашната раскрсница помеѓу Туристичка...
Грци, Срби, Бугари масовно купуваат лекови од Македонија
Post Views: 274 Од апче за главоболка до лек за хронични болести. Македонија станува регионален центар за набавка на евтини, а квалитетни лекови. Граѓаните од соседните земји Грција, Бугарија и Србија секојдневно ги преминуваат границите и буквално ги празнат македонските аптеки. „Оваа тенденција која ја гледаме е резултат на добро поставен систем кој гледаме дека е ослободен од било какви турболенции со кои се соочуваат некои ситеми во соседството“, вели министерот за здравство Никола Тодоров.Тодоров е категоричен дека недостаток на лекови за нашите граѓаните нема да има, поради...
Каде ќе се дислоцира центарот за кардиологија?
Post Views: 261 Министерот за здравство Никола Тодоров во работна посета на Охрид. Лично се увери во динамиката на изградбата на општата болница, го посети здравствениот дом, но најмногу внимание посвети на проектот за дислокација на центарот за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“. Министерот откри дека сега засега тим од министерството разгледува две можности, првата кардиолошкиот центар да се префрли во карабина објектот во слоп на специјалната болница за ортопедија и трауматологија, Св. Еразмо, почнат да се гради пред пред 20 и повеќе години, а втората можност е истата да...
Дали и кога ќе добиеме катна гаража и автобуска станица
Post Views: 277 Катна гаража и автобуска станица преку модел на јавно приватно партнерство. Овие точки кои се дел од 52 седница за која се чека престедателот да го најави продолжението, чекаат на амин од советниците. За градоначалникот и локалната самоуправа во овој момент ова е едниствениот начин Охрид и Охриѓани за кратко време и без големи трошоци да стигнат до долго посакуваните капитални објети. „Вие знаете дека за изградба на една катна гаража сигурно треба едно 7 – 8 милиони евра. За изградба на пазарот сигурно требаат 20 милиони евра. За изградба на автобуската станица 5...
ООУ Св. Климент Охридски го одбележа денот на детето
Post Views: 355 Првата недела во месец октомври во целиот свет се одбележува детската недела. ООУ Св. Климент Охридски не само што посветува огромно внимание на наставата на децата, туку и преку низа активности го одбележа 5 ти октомври – светскиот ден на детето и учителот. Учениците од Св. Клиемент Охридски добро ги знаат своите права и обврски.На Генералното собрание на обединетите нации беше донесена универзална декларација за детските права. Токму поради тоа, на 5 ти октомври, во ООУ Св. Климент Охридски вообичаено ги примаат првачињата во детската организација. Тие...
Што се случи со бистата на Гоце Делчев во Подгорци?
Post Views: 307 Постаментот на кој стоеше бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев во истоименото училиште во Подгорци остана празен. Дознаваме дека уште во четвртокот некој ја извадил, но поради што, се плетат различни приказни. Едни велат бронзениот споменик тежок 200 килограми бил разнишан и паднал, а други дека намерно бил тргнат. Ни учениците кои секојдневно се собираат околу споменикот поставен веднаш до основното училиште не знаат што точно се случило со бистата.Спомен обележјето на Гоце Делчев во училиштето е поставено од страна на одборот на манифестацијата „Гоцеви...
Новинарите трн в око на регионалниот синдикат на СОНК
Post Views: 494 Причина потпишувањето на меморандумот на соработка помеѓу градоначалникот Александар Петрески и претседателот на СОНК, Ацо Речкоски. Имено на чинот на потпишувањето на овој значаен документ за двете страни и пресс конференцијата потоа како што е ред, беше поканета и седмата сила. Се добро започна и професионално се заврши тематскиот дел, за потоа и овој пат да се испочитува практиката на градоначалникот со која им дозволи на новинарите да поставуваат прашања од интерес на јавноста од различни области. Но ова очигледно им засмета на поединци од СОНК. „Охридските...
Градоначалникот и СОНК потпишаа меморандум
Post Views: 242 Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претседателот на СОНК – Регионален одбор – Охрид, Ацо Речкоски, денес потпишаа меморандум за соработка. Според меморандумот, Општина Охрид ги презема трошоците за превоз на наставниците. Но соработката не е само тоа, туку Регионалниот одбор на СОНК од Охрид и локалната со овој меморандум ја зајакнаа редовната комуникација и се обврзаа дека и во иднина сите проблеми ќе ги решаваат во духот на социјалниот дијалог и ќе преговараат и ќе се договорат за сите прашања кои се од нивна надлежност.„Во однос на патните трошоци...