Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Стопирана изградбата на игралиштето балон

Post Views: 255 Привремено стопиран проектот за изградбата на игралиште балон во дворот на ОУ „Григор Прличев“. ТВМ дознава дека проектот за кој се крена доста прашина изминативе денови, само што започна – се прекина. Оваа информација ја потврдуваат од секторот за образование при локалната самоуправа. Раководителот Серафим Наумовски вели дека проектот е само привремено стопиран и дека истиот штом завршат законските постапки ќе се реализира.„Спогодбено се раскина договорот меѓу двете странки. Постапката со тој чин заврши. Во јавните гласила објавена е објавата за издавање на закуп...

Продолжи со читање

ОО СДСМ ќе ги отвора вратите на иднинатата и кај Охридѓани

Post Views: 285 Од 01 октомви 2012 год. започнува реализацијата на „Отвори врата за иднината“. Од ОО на СДСМ велат дека ова е оргинален проект на СДСМ во 21 годишното повеќе партиско искуство на Р Македонија преку кој за прв пат активистите на СДСМ во периодот од 18 до 21.00 часот  ќе ги посетат сите домови ќе чукнат на секоја врата и ќе поразговараат со граѓаните.  „Ќе поразговаат поточно ќе ги слушнат нивните ставови и нивните мислења, нивните предлози.  Што е она што треба да се направи за нив, што е она што треба да се направи за нивната улица што е најважното што треба да се...

Продолжи со читање

Локална:„ОК НА ВМРО- ДПМНЕ конечно призна зошто го кочи еазвојот на Охрид“

Post Views: 252 „Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на денешната прес конференција, конечно призна зошто го кочи развојот на Охрид и им прави големи штети на граѓаните. Признаа дека го забавувале процесот за реализирање на капиталните инвестиции како што се катната гаража и автобуската станица, од ситно партиски интереси.Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ треба да знаат дека Деталните урбанистички планови не ги носи градоначалникот, туку Советот на Општина Охрид, по претходно добиени согласности од Министерството за транспорт и врски и други надлежни органи, на чие чело се луѓе од нивната партија....

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ: „Најавите за автобуска и катна гаража се празни ветувања“

Post Views: 401 „Откога во 8 години мандат Александар Петрески не успеа да остави зад себе ниту едно капитално дело во Охрид, откога  поминаа пред народот сите негови лаги и манипулации, откога беа откриени сите елеманти на коруптивно владеење и незнаење, еве го Петрески во нова мисија на лажење на граѓаните на Охрид. Под превезот на наводна заинтересираност за градот, Петрески со своите соработници на Охрид му се нуди преку наводен Проект за јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во Охрид. Истата онаа која ја вети пред 8 години и никогашш не ја направи ескивирајќи...

Продолжи со читање

Дрва за огрев има, тврдат од ЈП Македонски Шуми

Post Views: 551 Дваесетина дена пред почетокот на грејната сезона ЈП македонски шуми, подружница Охрид забрзано испорачува огревно дрво. Дрва има, велат од таму и во шумата но и во складиштето на ЈП. Што се однесува до проблемот кој претседателот на здружението на пензионерите го најави кога се пожали дека  Иако пензионерите уредно си ги плаќаат ратите за дрвата, тие сеуште не им се испорачани, ТВМ денеска успеа да открие каде е проблемот.   „Според договорот склучен во месец март,помеѓу здружението на пензионерите и ЈП македонски шуми подружница Охрид, за овој месец е исполнет, поточно...

Продолжи со читање

Општините треба да спроведат трето доплонително прскање против комарци

Post Views: 277 Оваа препорака доаѓа од вонредната средба на комисијата за заразни болести при министерството за здравство, по двата смртни случаи во земјава од западно нилската треска и неколкуте хоспитализирани пацинети од ова вирусно заболување. Препораките за ново запрашување посебно се однесуваат на општините каде што има дополнителен ризик за развој на ова заболување, во кои спаѓаат Охрид и Струга, затоа што ова се места каде има води, мочуришта, блато, поточно услови за размножување на комарците. Директорот на центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов потполно се сложува...

Продолжи со читање

Охридскиот здравствен дом ќе се поднови

Post Views: 380 Охридскиот здравствен дом по речиси една деценија ќе добие нов персонал, а ќе се поднови и со нови возила. Директорот Митко Дабески за ТВМ откри дека се бројат деновите кога четирите нови современи комби возила марка Пежо, кои ги обезбеди министерството за здравство, ќе ги заменат дотраените Мерцедеси и Лади.   Со ова ќе се овозможи охриѓани да добиваат побрза и подобра 24 часовна помош.     Возилата наменети за итната медицинска служба во Охрид се дел од проект за набавка на 80 амбулантни возила на ниво на држава, како и едно возило специјално изработено за потребите...

Продолжи со читање

Ќе биде ли Путин кум на „Водици 2013“ ?

Post Views: 306 Желба на Здружението „Богојавление“ е Првиот човек на најхристијанската земја, претседателот на Русија Владимир Путин, да биде кум на Водици 2013 год.  Претседателот на Здружението Љупчо Арнаудов, во името на “Богојавление“ поканата веќе ја испратил до Руската Амбасада во земјава, од каде ќе биде испратена во кабинетот на Рускиот претседател. „Ова што го бараме од Вас е премногу, но како лидер на најголемата христијанска земја и како искрен почитувач на Бога се надеваме дека ќе ја прифатите нашата молба и дека независно од Вашите бројни обврски ќе смогнете сили денот...

Продолжи со читање

Носовесни граѓани, наместо во својот, сметот го одлагаат во туѓ двор

Post Views: 278 Училишниот паркинг во ЕМУЦ Св. Наум Охридски несовесни граѓани, инаку соседи на училиштето го користат за депонија. Раководството на училиштето се труди да се справи со проблемот, но очигледно граѓаните се побрзи или пак редовни со одлагањето на зелениот отпад од градините, во туѓ контењер.„Точно е дека одвреме навреме поготово кога ќе дојди периодот на зимници некои од комшиите си земаат за право, веројатно немаат само свое решение па дел од отпадот, ѓубрето да го депонираат, односно остават кај нас затоа што знаат дека ние ќе реагираме и ќе го крениме, но сликата...

Продолжи со читање

„Охрид – град без комунален отпад“

Post Views: 280 „Охрид – град без комунален отпад“ е проектот кој ќе го реши проблемот на Охрид со отпадот, а при тоа на ЈП ќе му донесе и приход . Директорот на ЈП, Сашо Алче денеска јавно го презентираше проектот за изградба на фабрика за производство на компост и погонско гориво.  Пред присутните Алче кажа дека во ЈП секојденевно се води евиденција за количеството на отпад што се носи на депонијата Буково и  во делот на содржината на отпадот која се депонира таму. Од овие прелиминарни резултати сега ќе проеизлезе студијата за економска исплатливост и студијата за заштита...

Продолжи со читање

Камион се преврте пред селото Опеница

Post Views: 280 Неприлагодена брзина на патот, најверојатно е причина за сообраќајната несреќа која се случи утрово на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Опеница и кога се преврте камион со полу приколка со охридски регистарски таблички, сопственост на ДОО „Отпад Охрид“.  Несреќата се случила во 09.00 часот, по што сообраќајот беше со повремени преќини, се додека камионот не беше подигнат со специјално возило – дигалка.СРВ веднаш излезе на лице место, со цел да ги утврди причините за несреќата.  По неколку часа текот на сообраќајот на оваа делница беше нормализиран....

Продолжи со читање

6 милиони швајцарски франци за заштита на Преспанското езеро

Post Views: 316 Заслужни за оваа финансиска инјекција за Ресен се Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП за нивната континуирана техничка и стручна помош како во изработка, така и во спроведување на овие проекти, и се разбира огромната помош од министерството за животна средина и просторно планирање на Р Македонија.   Денеска во Ресен, претставници на овие овие институции потпишаа два многу значајни документи и тоа Меморандум на соработка помеѓу општина Ресен и донаторот – швајцарската агенција за обнова и развој,  документ кој го потпишаа Швајцарскиот амбасадор...

Продолжи со читање