Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

zavrsna press VMRO DPMNE

Коалицијата „За подобра Македонија“, одржа завршна пресс конференцијата на градскиот плоштад

Views: 83„Овој сончев ден нека биде голем предвесник на големата победа што јас и советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе ја постигнеме на 24 март и нека бид превесник на новата светла иднина на Охрид, што ќе ја доживее со нас и нашите програмски определби кои имаме намера да ги реализиираме во наредните 4 години„, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола  Бакрачески, последниот ден од изборната кампања.  Бакрачески кажа дека неговата програма  ги отсликува нивните желби, потреби, но и очекувања на сите без разлика дали се стари или млади, мажи  или жениа или доаѓа  од...

Продолжи со читање

Aleksandar Nikolovski

Николовски: Општината и дел од ЈП должат околу 33 милиони евра

Views: 60Денес ќе го одржиме пресот со најмногу информации во оваа изборна кампања но за жал и  најтажниот прес за вистината со која се соочува општината Охрид“, рече Александар Николоски охридскиот пратеник од владеачката ВМРО ДПМНЕ. Тој потенцираше дека Бранко Црвенковски и Александар Петрески по сценариото од 1997 година наречено ТАТ Битола создале нов ТАТ во Охрид. Општина Охрид функционира како финансиска пирамида, рече Николовски. Тој на пресс конференцијата презентираше податоци за како што кажа точната задолженост на Општина Охрид и јавните претпријатија Проаква, Комуналец и...

Продолжи со читање

stankoski Aleksandar

Станкоски – Советничката плата ќе ја давам на оние на кои им е неопходна

Views: 75Адвокатот Александар Станкоски, носител на независна советничка листа во Охрид продолжува со претставување на својата програма пред охриѓани од кои во недела ќе ја побара довербата за да седне во градскиот совет. Тој  денешната прес-конференција  ја одржа на пресекот од улиците „Сирма Војвода“ и „Карпош Војвода“ каде што и живее со своето семејство, еве зошто:„На ова место, многу често на оваа раскрсница се случуваат сообраќајни незгоди, поради што сметам дека власта треба да изнајде ново сообраќајно решение да го подобри сообраќајното решение со цел да се избегнуваат вакви...

Продолжи со читање

gradinka

Дечињата и се радуваа на пролетта

Views: 55Весело, разиграно, распеано. Дечињата од детската градинка Јасна Ристеска маскирани во пеперутки, цвеќиња, бумбари, пчели, штурчиња и се радуваа на пролетта.   Директорката на градинките Марина Петроска Тодороска вели дека секоја година во оваа образовна институција на 21 март има програма со која го одбележуваат денот на пролетта. Таа додава дека овој настан е составен дел од воспитно образовната програма. „На 21 март ја поздравуваме пролетта со соодветна содржина, соодветна програма заедно со децата маскирани во предвесници на пролетта ја прославуваат пролетта. Самите тие со...

Продолжи со читање

sojuz za idninata

Петрески преку фотографии го покажа грдото и убавото лице на Охрид

Views: 78Кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“, Алекдандар Петрески на денешната пресс конференција зборуваше за како што кажа грдото и убавото лице на Охрид.Како доказ за грдото лице Петрески покажуваше фотографии од детската болница, која сега е руина а каде требало да има Хилтон хотел. Потоа покажа фотофрафии од опожерениот  дописен центар на македонската радио телевизија, пристапните патишта кон Охрид,  автокамповите за кои како што кажа со законот на Александар Николовски биле прогласени како државен интерес за да може да ги продаваат по едно евро и да прават мега...

Продолжи со читање

sojuz za idninata

Станкоски:„Владата многу ветуваше, но ништо не направи“

Views: 63„ДПМНЕ за оваа изборна кампања, за овие локални избори го избра најнесреќниот и најироничниот слоган. Им порачуваат на граѓаните да изберат дела“, истакна кандидатот за советник Јоне Станкоски.  Тој јавно запраша кои дела ги направила владата  за Охрид, за да можат граѓаните да изберат. При тоа Станковски посебно се осфрна на најавите за изградба на спортската инфраструктура. „Ветија изградба на фудбалски игралиша во Косел и Лескоец. Ветија изградба на спортски сали во училиштата ЕМУЦ Св. Наум Охридски, угостителското училиште Ванчо Питошески и ОУ Христо Узунов, но до денес не...

Продолжи со читање

crven krst blagodarnici

Благодарници и признанија за најхуманите охриѓани

Views: 88Признанија за повеќекратни дарители на крв, фирми и институции, образовно – воспитни установи и поединци кои постигнале значајни резултати во крводарувањето во 2012 год. Крводарителите и сите останати хумани охриѓани денеска во очи на  17 март  го одбележаа  денот на Црвениот крст на Р Македонија и денот на крводарителството. Претседателот на ОО на Црвениот крст вели дека тие се горди на она што го направиле во минатата година, затоа што го надминале планот за крводарителство за 2012 год. Тој открива дека собрале 1930 единици крв, со што за 14 проценти го надминале планот за...

Продолжи со читање

velgosti ulici

Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ ги открија поблемите на велгоштани

Views: 81Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ од Велгошти проговорија за проблемите со кои се соочуваат жителите на ова село. Кандидатите за советници од Велгошти, од коалицијата „За подобра Македонија“, на пресс конференција открија дел од проблемите на жителите од ова село. Тие тврдат дека неасфалтираните улици во моментов се нивна најголема мака.  „Патот, неасфалтирани, ископани улици. Овде луѓето секојденвно поминуваат, буквално автомобилите ги испокршија. Децата играат во кал. За овој проблем неколку пати се обративме кон сегашната локална самоуправа  за раешавање на овој проблем,...

Продолжи со читање