Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 363 Еден ден пред поменот за жртвите, градоначалникот на Охрид Александар Петрески денеска се сретна со двете докторки од Србија кои нештедејќи се први пристапија пружајќи им помош на повредените во бродската несреќа на 5 септември 2009 год. Првиот човек на Охрид им врачи благодарници на д-р. Гордана Димитриќ и д-р. Жаклина Спасиќ, од Србија кои учествуваа во спасување и жртвите од бродот „Илинден“. Д-р Димитриќ и д-р Спасиќ, се присетија на кобниот 5 ти септември кога сосема случајно во Охрид дошле на одмор. Раскажуваат дека кога се случил немилиот настанан тие биле...
Школската година започна
Post Views: 525 На првиот училишен час на кој на децата им беа поделени учебниците, наставниците и професорите уште ги информираа основците и средношколците и за останатите наставни помагала кои ќе им требаат за непречено одвивање на наставата. Најсовесните уште утрово ги затекнавме во книжарниците низ Охрид.Раководителот на книжарницата „Просветно дело“ во Охрид, Димитар Саков, вели дека уште рано утрово се почуваствувала училишната атмосфера. Тој додава дека нема потреба од гужви и нервози за набавка на училишен прибор и работни тетратки, затоа што од се што треба за учениците,...
Наместо муљ кој ја загадува околината, квалитетно ѓубриво
Post Views: 558 Проектот кој пред неколку години го започна раководството на Р.Е Колектор е во завршна фаза и дава одлични резултати.„ Може отпадот од пречистување на отпадните води да биде ресурс за одредени производи. Ова ни отвори многу интересни врати и за време на тие испитувања кои ги направивме во многу институти и надвор каде се обративме да ги утврдиме нашите резултати дојдовме до констатација дека отпадната муљ како тежок ризичен отпад за околината дојдовме до констатација дека со многу ефтина инвестиција и технолошки капацитет лесно за изградба и доизградба во делот на...
ЈП Ниско Градба ќе го поднови возниот парк
Post Views: 385 Советниците ја подржаа предлог одлуката за набавка на товарни возила –фургон и со тоа му овозможија на ЈП Ниско Градба да го поднови својот возен парк. Директорот пак на ЈП и пред советниците и пред новинарите ја објасни потребата од купување на овие возила. Тој вели дека само на овој начин можат да се ослободат од старите возила и со парите кои ги даваат за поправка да набават нови. „Се работи за набавка на товарни возила Фургон по пат на лизинг, кој би траел 5 години, а ратата по возило би била околу 10 000 денари месчно. Тие возила би ги заменале сегашните стари...
И лебот поскапува
Post Views: 407 Новата цена на лебот која за многу скоро ќе ја обелоденат пекарите, е резултат на серијата зголемувања на цената на пченицата, горивавата и електричкната енергија. Ѓраѓаните во шок. Се чудат како ќе се соочат со новите цени, кога и досега едвај врзуваа крај со крај.Ѓраѓаните си ги глeдаат своите проблеми, а пекарите пак своите. Претседателот на Мeлничко пекарско здружение „Пекар“ – Охрид, каде членуваат производителите на леб и бели печива од општините Охрид, Дебрца и Струга, Љупчо Настоски вели дека се принудени да ја зголемат цената на лебот доколку сакаат...
Дипломи за децата од „Охридски бранови 2008“
Post Views: 379 Со доделување на дипломи и одигрување на игри, денеска школата за пливање Охридски бранови 2008, на градскиот отворен базен го одржа последниот пливачки час за оваа сезона. Децата кои ова лето преку Охридски бранови ги изучуваа тајните на пливањето, воодушевени од она што го научија, но и од начинот на кој тренерите им ги пренесоа тајните на повеќето техники за пливање. Не само децата и тренерите од клубот Охридски бранови разочарани што сезоната заврши. Тие се повеќе од сигурни дека онаму каде што застанаа ќе продолжат следната година, затоа што се децата се талентирани...
Отворен ден во СВР Охрид
Post Views: 401 Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, денеска одржа отворен ден во СВР – Охрид. Целта на проектот со кој граѓаните директно се среќаваат со министерката за внатрешни работи е во рамки на стратешката определба на министерството за транспарентно работење.„Ваквите посети се секогаш една добра можност за да размениме мислење и информации околу тековни прашања, а кога станува збор за Охрид секако дека во периодот на летото и туристичката сезона интензитетот на движење на патници, интензитетот на посетители е значително поголем отколку...
Охриѓани не се дел од проектот за вработување на постари лица
Post Views: 423 Општина Охрид не се огласи на владиниот проект за времено вработување на нискоквалификувани и постари лица од 50 години. Од локалната самоуправа велат дека не дека не сакале да им помогнат на своите сограѓани, туку дека апликацијата за проектот во локалната стигнала по електронски пат само два дена пред истекот на рокот за пријавување.Контактиравме и со директорот на ЈП Охридски Комуналец, затоа што лицата опфатени со прокетот требаше да бидат ангажирани за одржување на улици, јавни површини и паркови во општините, поточно ќе им беа од голема помош на вработените од...
Вечерва започнуваат Струшки вечери на поезијата
Post Views: 453 По 51 пат вечерва во Струга почнува реномираната светски позната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. На пресс конференцијата организирана во чест на добитникот на златниот венец на Монгани Вали – Сероте, лауреатот, но и организаторот на оваа манифетсацијата открија детали за поезијата на годинешниот добитник на златниот венец. Сероте не го криеше задоволството што токму тој е добитник на ова високо свтски признание. Пред да проговори за неговите дела, проговори за периодот на расна дискриминација во неговата Јужна Африка, притоа потенцирајќи дека...