Автор: Маленкова Татјана
Views: 71„Започна големата кампања за овие локални избори со која што ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ја означат победата“, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески. Тој искажа посебно гордост што на денешната пресс конференција со него беше и групата на советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за која што рече дека и верува и е убеден дека се најдобриот тим кој било кога е назначен во историјата на Охрид . Бакрачески истакна дека негова огромна желба и надеж е изборите да бидат мирни, достоинствени, фер и демократски, поточно избори со кои...
Одложена 60 тата седница на советот на општина Охрид
Views: 107И покрај желбата на советниците да застанат на страната на граѓаните, да ги разгледаат и прифатат стотината Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација или легализација на дивоградби, сепак советниците го прифатија предлото на ВМРО ДПМНЕ дека денеска не е вистинско време да се дискутира за дивоградбите. Причина за оваа одлука е препораката на антикорупциска комисија дека незаконски е во овој период да се носат вакви одлуки.„Ние како советничка група на ВМРО ДПМНЕ и коализцијата сме за одлагање на сите точки за легализација од причина...
Советот даде амин да им се помогне на семејствата чии домови изгореа
Views: 165Хуманоста ги обедини охридските советници. Прва точка на 59 седница на совет беше Информацијата за настанатите пожари во Охрид на 16 и 17 февруари годинава кога беа опожарени неколку домови. Градоначалникот уште еднаш ги потсети советниците на кобните два дена кога во неколку часа, огнот проголта неколку домови во стариот дел на Охрид, нас. Радојца Новичиќ и Воска. За куќата во стариот дел на Охрид градоначалникот потенцира дека локалната финансирала за да се направи нов покрив, врати и прозори, т.е како што кажа Петрески да се смени она што било најбитно за да се затвори...
Советниците од ВМРО ДПМНЕ бараат седницата каде ќе се расправа за легализација да се одложи
Views: 115Најавени две седници на совет. Најголем дел од точките за кои ќе треба да расправаат советниците во петок се однесуваат на предлог одлуките за утврдување потреба од донесување на урбанистичка планска документација за усогласување на намената на земјиштето. Токму овие точки трн в око на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на комисијата за урбанизам од ВМРО ДПМНЕ, Горан Патчев за ТВМ вели дека партијата го подржува процесот на спроведување на законот за постапување со бесправно изградени објекти и да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните да си ги решат...
Состојбата со браната на Слатинско Езеро сеуште критична
Views: 67Трет ден ситуацијата по расцепувањето на браната кај акумулацијата со Слатинско Езеро не е променета. И денеска просторот е обезбеден, заштитен од минувачи и љубопитни граѓани, но во секој случај под будно око на екипи од СВР и центарот за управување со кризи. „Нарушувањата се сериозни и секако ризикот за поголеми штети и продирање вода низ браната се поголеми. Во последните 24 часа во регионот на сливното подрачје на Мраморечка река и Слатинското езеро имаше зголемени врнежи од дожд што дополнително ја зголеми количината вода во водниот басен што ја зголемува и опасноста од...
Сликата на Кемал Ататурк предизвика мал инцидент во ОУ Братство Единство
Views: 77Сликата на основачот на модерна Турција Kемал Ататурк ги разбранува страстите помеѓу нставниот кадар во ОУ Братство Единство. Дознаваме дека во понеделникот се случил инцидент кога професорка од турска националност сликата од Ататурк ја поставила над таблата во училница по одделенска настава. Во телефонскиот разговор таа ни образложи дека неодамна од директорот побарале и добиле дозвола во училницата по одделенска настава да постават слика од основачот на модерна Турција. Но според нејзиното кажување одкако сликата била поставена, истата предизвикала револт кај нејзината...
Американскиот Амбасадор во посeта на ФТУ
Views: 64Американскиот Амбасадор во Земјава, Пол Волерс во посета на Факултетот за туризам и угостителство. На средбата со ректорот на Св. Климентовиот универзитет и деканот на ФТУ разговараа за младите и претприемништвото и за тоа како да се развие економијата во Македонија, а стана збор и за размена на универзитетски професори. Амбасадорот оствари средба и со студентите на факултетот, каде отворено им говореше за летната размена што може да ја остварат во САД кога можат да стекнат дополнителни искуства но и да заработат.Волерс искажа уверување дека за скоро време и Македонија ќе биде...
Интерактивни табли и во Охрид
Views: 96Смарт табли во ОУ Братство Единство и Христо Узунов. Ова се двете Охридски училишта кои се пријавија на конкурсот објавен од министерството за образование и наука, и при тоа ги исполнија условите за да добијат една од 60 те табли кои ги обезбедија министрството и македонски телекомуникации. Од првиот момент од како таблите се инсталирале, истите се ставени во употреба и достапни за сите професори и ученици. Професорката по информатика Марија Пупинова Гогова признава дека имало одредени критериуми според кои се распределувале таблите, како што е колку обуки биле посетувани од...









