Автор: Маленкова Татјана
Views: 66На влезот на струшкото село Мислешево вчера со пригодна свеченост беше кренато македонското знаме. Јарболот со знамето е поставен на имот од Ѓорѓи Трифуноски кој тврди дека не бил информиран дека земјиштето на кое се постави јарболот му било одземено од страна на државата. Оваа замисла Мислешевци ја реализираа и покрај тоа што општината не им даде дозвола за постаментот, на кој е поставен 25 метарскиот јарбол. Свеченоста за поставувањето на државниот симбол помина во знакот на патриотски песни, а беше интонирана и химната на РМ.Жителите на Мислешево велат дека доколку...
Измина законскиот рок за поднесување на кандидатури
Views: 101До саботата на полноќ во Општинската изборна комисија во Охрид кандидатури за градоначалник поднеле Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и 19-те партии, а кандидат за градоначалник е доктор Никола Бакрачески. Кандидат за градоначалник од Социјалдемократската унија на Македонија е Васил Ристески, а од Социјалдемократската партија на Македонија за градоначалничкото место во општина Охрид ќе се бори Александар Митрески. Од Демократската партија на Албанците кандидат за градоначалник е Фетак Елмази. Актуелниот градоначалник Александар Петрески како што во повеќе наврати најави дека нема да...
Скршената гранка од Чинарот сеуште никој не ја крева
Views: 63Охридскиот чинар – дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. И по три месеци скршената гранка која попушти од тежината на снегот кој падна во Охрид на 6 ти декември, никој не ја отстранува. Од локалната самоуправа откриваат дека со амин од министртвото за животна средина се ситнат само делови од гранката. Скршената пак гранката сеуште никој не смее да ја пресече, туку тоа ќе се направи само во присуство на преставници од министерството за животна средина, кои никако да прецизираат кога ќе дојдат во Охрид. Портпаролот на локалната...
Започна исплатата на штетите од земјотресот во Дебрца
Views: 72Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација. Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето во...
ВМРО ДПМНЕ ја промовираше изборната програма за локалните избори
Views: 73Синоќа во преполнатата сала на центарот за култура и уште поголемиот број граѓани пред киното, кои настанот го следеа на видео бимови, визијата за тоа во која насока треба да се движи Охрид, ја кажаа премиерот на Владата на Р Македонија – Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.„Д-р Бакрачески целиот живот им помага на луѓето. Тој само тоа знае да го прави. Убеден сум дека и како градоначалник ќе го прави тоа“, истакна премиерот преставувајќи го кандидатот за градоначалник. Груевски во своето обраќање присутните ги потсети...
Кандидатот за градоначалник на Вевчани Цветомир Угриноски, ја претстави својата програма
Views: 114ВМРО ДПМНЕ синоќа во Вевчани, го престави својот кандидат за градоначалник и неговата програмата за престојните локални избори. На конвенцијата прв пред присутните се обрати вице премиерот по економски прашања во владата на Р Македонија Владимир Пешевски. „Имам чест да ви се обратам од местото што е синоним за непокорот на Македонија“,го започна својот говор Пешевски и додаде дека Вевчанци најдобро знаат дека човек вреди ако зад себе остави дела. Токму поради тоа додаде вицепремиерот ВМРО ДПМНЕ работи за да оставиме дела кои граѓаните ќе може да ги вреднуваат.Пешевски во...
Промовирана книгата „Кохезија, Колизија на Човековата Визија“
Views: 65Книгата претставува избор на стихови од страна на авторот од целокупното лично творештво. Поезијата е пишувана на македонски и англиски јазик.„Јас творам од својата шеста, седма година, а досега не сум имала можност ништо да издадам, па поради тоа сепак благодарност до оние кои ми излегоа во пресрет како издавач националната установа библиотеката Григор Прчичев, спонзорот Супер радио , печатницата Летра и промоторите односно лекторите Тоде Илиевски и Лилјана Мартинова. Моето творештво е обемно опфаќа поезија и проза. Буквално се пронаоѓам во сите литературно жанрови единствено...
24-часовен маратон во програмирање на информатичкиот универзитет
Views: 68Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ викендов ќе биде домаќин на 24-часовен маратон во програмирање. Codefest. Codefest е трет ваков маратон кој ќе се одржи во Република Македонија, а воедно и прв организирaн по иницијатива и од страна на студентите: Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама. Овој настан ќе се одржи и со огромна организациска помош и поддршка од нивни колеги студенти и пријатели кои волонтираа во организацијата на настанот. Организаторите велат дека лимитот за натпреварувањето бил сто натпреварувачи и истиот се пополнал...









