Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

narkomani duvlo

Во нас. Гоце Делчев ново дувло на наркомани

Views: 78На влезот од нас Гоце Делчев никна уште едно собиралиште на зависници од дроги.  Станува збор за објектот кој некогаш беше продавница на Охридска Трговија, а потоа на Напредок. Овој објект кој е цврста градба иако од надвор е во добра состојба, внатрешноста е нешто сосема друго. Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни.Се обративме во СВР Охрид со цел да откриеме што секторот превзема со цел да им помогне на жителите од населбата Гоце Делчев. Од таму добивме уверување дека во рамките на нивните редовни активности ќе обрнат внимание на...

Продолжи со читање

OK VMRO DPMNE

Работата на ТЛЕР тема на пресс во ОК на ВМРО ДПМНЕ

Views: 68Портпаролот Митровиќ денеска на пресс конференција запраша што всушност се случуваше со проектот „Духот на Охрид“ и дали се подметнуваа ГИС апликациите на приватната фирма на близок роднина на Раководителот на Секторот ЛЕР во разни проекти.„Во колажот на неуспешното работење на Локалната самоуправа Охрид,  посебно и врвно место има секторот за Локален економски развој и туризам на Општина Охрид.  Сектор во кој зад себе во овие 8 години врие од неспособност но и од голем број необјасливи проекти предводени  пред се  од раководителот на Секторот“, истакна на денешната пресс...

Продолжи со читање

nezavisna lista Zoran Stevoski

Зоран Стевоски носител на независна советничка листа

Views: 62Оваа листа која според носителот ќе му ја врати душата на Охрид е составена е од млади луѓе, интелектуалци, работници, студенти, како и преставници од етнички заедници кои живеат во Охрид. „Граѓаните ќе ја препознаат вистинската листа и левичарската нитка ќе препознаат дека ние излегуваме, а не ги бојкотираме изборите. Ние сакаме и ќе направиме низа проекти кои ќе му го вратат сјајот и блесокот на Охрид“, вели носителот на листата Стевоски. Денешната пресс конференција Стевоски ја одржа пред некогашното седиште на СДСМ. На новинарско прашање зошто токму тука за прв пат се...

Продолжи со читање

smetka EVN

Манипулативниот трошок од 6 денари скапо ќе ја чини ЕВН

Views: 100Со решение на Комисијата за заштита на конкуренција од 2009 год. одлучено е дека ЕВН Македонија од јануари 2005 год. заклучно со 28 февруари 2008 год. без основ, на секоја сметка наплатувала манипулативен трошок, по 6 денари. Имено, на сметките од дември 2007 год и јануари и февруари 2008 год. доколку под ставка 25 – манипулативен трошок, во износот на сумата за плаќање се наплатени  плус 6 денари, може да се тужи компанијата. Адвокат Светозар Ристески за ТВМ објаснува што е противправно во манипулативниот трошок кој ЕВН Македонија го наплатувала од граѓаните на Р Македнија....

Продолжи со читање

prevoznici Ohrid

Бакрачески се сретна со автопревозниците од Охрид

Views: 69Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, д-р. Никола Бакрачески, денеска ги слушна проблемите на автопревозниците и таксипревозниците од општина Охрид.  Преставници на  здружението за автобуски превоз „Сонце и галеби – Охрид“, и дел од таксистите, јавно проговорија за како што кажаа нетранспарентноста на објавувањето на јавните набавки во делот на автопревозот од страна на локалната самоуправа  и неадекватното извршување на работата на инспекциските служби поврзано со автопревозот и со такси превозот во градот. „Ги искажавме нашите незадоволства од досегашната работа на...

Продолжи со читање

gradezni aktivnosti informaticki univerzitet

Информатичкиот универзитет се проширува

Views: 66Се доградува зградата на поранешниот дом на АРМ, поточно објектот каде е сместен информатичкиот универзитет. 350 те квадрати кои во моментов се ставени на располагање на универзитетот премалку за нивните потреби. Според најавите  со доградбата универзитетот треба да добие три пати поголем простор од оној со кој располага.   „Просториите ќе бидат наменети за настава и за нови канцеларии на универзитетот, за нови лабаратории. Сето тоа ставено заедно значи дека ќе имаме можност да примаме далеку поголем број на студенти, а ќе може да вработиме и повеќе професори, пред се од...

Продолжи со читање

predavanje za grip

Црвениот крст ги обучува основците како да се заштитат од грип

Views: 78Засилена лична хигиена, редовно миење на раце, заштита при кивање со хартиени шамивчиња, редовно проветрување на простории. Овие мерки навидум ни се познати, но колку од нив ги применуваме. Токму ова е поводот Црвениот Крст во основните училишта да спроведе предавања на тема како да се заштитиме од грип.„За училиштата препорачавме засилена хигиенизација и кај нив редовно проветрување на училниците и ходниците, вонредна дезинфекција на просториите, повторни систематски прегледи на вработениот персонал“, вели епидемиологот Јованка Стурлакова Коровешоска.Едукативните предавања во...

Продолжи со читање

Stavreski - Roj

Субрата Рој кажа дел од плановите за Љубаништа

Views: 74Ова езеро е толку големо и убаво, но најважно е што луѓето овде се многу топли. За мене е најважна комбинацијата на убави места и пријатен народ“, рече денеска индискиот бизнисмен Субрата Рој пред новинарите.  Тој додаде дека во Охрид се чувствува како да пронашол нешто одамна изгубено, по што станал емоционално близок со луѓето во овој град.  Рој беше категоричен дека луѓето од Сахра груп не прават мали планови, туку напротив се што прават е во големи размери. Токму поради тоа рече индискиот милјардер за Љубаништа имаат направено една огромна програма , која ќе биде значајна не...

Продолжи со читање