Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Граѓанскиот парламент и вчера повторно ги собра охриѓани

Post Views: 15 На граѓанскиот парламент синоќа се зборуваше за демократијата и за тоа колку ја има во Македонија за случувањата во здравството, новинарството и како што беше кажано недемократичнота во однесувањето на централната власт према локалната власт во Охрид со одземање на ингеренции.  Сепак најголемо внимание кај присутните привлече изјавата на градоначалникот кој законот за туристички зони го нарече најава за повторна национализација на имот на граѓани, црквата и на имот на општина Охрид.„Се донесоа такви закони со кои  национализација која беше од 1946 год е многу...

Продолжи со читање

Министерството покажа слух за проектите на завод и музеј

Post Views: 14 Министерството за култура ги објави проектите кои ќе ги подржи годинава. Најмногу пари вообичаено од колачот издвоени за завод и музеј Охрид. „Аплициравме со многу повеќе проекти, но со оглед на кризната ситуација, мораме да сме задоволни  со  ова што го добивме. Одобрените пари претежно се однесуваат за продолжување на започнати проекти“, вели директорката Тања Паскали Бунташеска.  Бунташеска открива дека годинава ќе се конзервира ранохристијанската базилика на локалитетот Манчевци, за кој потпорните ѕидови беа изработени минатата година. Годинава според плановите...

Продолжи со читање

Рибна чорба за Гинис

Post Views: 13 Охриѓани подготвија 3,3 тони рибина чорба, со која најверојатно го соборија Гинисовиот рекорд поставен од американски колеџ, за најголема количина рибна чорба. Сето ова се случуваше вчeра под будното око на преставниците на Гинис, на празникот Св. Јован кога традиционално се одбележува Денот на рибарите. „Еве можам да кажам дека Гинисовиот рекорд е соборен, затоа што тој досега изнесуваше 3 тони и 25 литри рибна чорба, а ние правиме 3 тони и триста. Се е снимено и заверено на нотар. Направивме се според инструкциите на Гинис“, вели Љупчо Арнаудов, преставник на...

Продолжи со читање

Уште една кражба во Охридска златара

Post Views: 9 СВР во текот на вчерашниот ден успешно реализира акција за пронаоѓање и приведување на три члена група од вкупно шест, кои во текот на вчерашниот ден извршија кривично дело тешка кражба во златарата „Прима Голд“, во охридската чаршија. Оваа шест члена група романски државјани со патничко моторно возило пристигнале во Македнија и во Охрид во текот на вчерашниот ден преку граничниот премин Ќафасан. Откако пристигнале во Охрид направиле обиколка низ стара чаршија и неколку златари, по што некаде по 15 часот и 15 минути сите влегле во златарата Прима Голд, каде го...

Продолжи со читање

Развојот на туризмот – тема на трибина

Post Views: 6 Развојот на туризмот во Охрид и Македонија и владините мерки и активности кои се преземаат за развој на оваа област , беше темата на трибината која се одржа вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“.Пред присутните свое излагање имаше пратеникот Харалампие Шокароски кој го истана своето задоволство од како што кажа зголемувањето на бројот на странските туристи преку субвенционирање на тур- операторите, субвенционирањето на нискобуџетните летови, како и подршката која им се дава на граѓаните кои се бават со туризам.„За жал ни Охрид и Р Македонија не се на...

Продолжи со читање

Финишираат подготовките за Водици

Post Views: 6 Се поставуваат шатори за медицински екипи и за капачите, се украсуваа бродовите, поставуваа огради и тезги на кои ќе се точи топла ракија , а нуркачите го чистеа и езерското дно каде ќе се фрла светиот крст.  Обележана е и линија  која ќе овозможи сите кои ќе се обидат да го фатат крстот до него да стигнат со пливање, што би значело сите пријавени да тргнат во исто време и од исто место, а не како досега.  „Како што нагласивме во повеќе наврати овојпат ако некој нечесно или предвреме тргнит или скокни од брод или чамец, нема да ги добијат наградите кои ги дава...

Продолжи со читање

Започнаа подготовките за чорбата за Гинис

Post Views: 8 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ, 110 литри масло, 100 килограми брашно, 2500 литри вода се дел од намирниците за чорбата со која Охрид ќе се обиде да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди. Чорбата за која далеку ќе се слушне ќе се подготвува во недела на денот на рибарите. Истата ја донира  Сандре Трпоски, а ја подготвуваат учениците од угостителското училиште Ванчо Питошески под менторство на професорот по готварство Блаже Јорданоски. Намирниците за чорбата се веќе набавени, а поради огроманата количина која треба да се зготви подготовките започнаа...

Продолжи со читање

Трската ќе се сечи, само ако мора

Post Views: 14 „Регистрација на појасот на трската, како основа за понатамошно следење на состојбите во Охридското Езеро, а со цел за определување на стратегијата за нејзина заштита“, е проектот изработен од хидробилошкиот институт, а финансиран од локалната. Трката е живеалиште, место за мрест на риби  и место за гнездење на птици. Таа преставува природен биофилтер на водата од загадувачките материи, вели д-р Марина Талеска, еден од изработувачите на проектот. Доколку има потреба од сечење на трската зафатот ќе може да се направи исклучиво со амин од ресорните министерства,...

Продолжи со читање