Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 292 Зголемената температура на водата, причина кончестата разгранета зелена алга од род кладофора, интензивно да расцвета. Оваа алга во Охридското езеро претежно ја има на места кои се пооптоварени со фосфор, како што е случај со делот на градското пристаниште. Зелената алга расте прицврстена за камења, карпи или друга цврста подлога, меѓутоа по одредено време и потрага по светлина, одредени нејзини делови се одделуваат од подлогата и на површината на езерото создаваат топчести душеци. Овие т.н кладофорни топки создаваат непријатна слика, за што многу често се нарекува...
„Доста е, пакувај се“, некој му порача на Петрески
Post Views: 361 Работата на градоначлникот Александар Петрески трн в око за поединци групи. Доста е, пакувај се!, преку флаери му порача некој утрово на првиот човек на Охрид, градоначалникот Александар Петрески. Во нив се наведени некои значајни објекти кои градоначлникот подолго време ветува дека ќе ги направи, но сеуште не ги реализирал, како што се современата автобуска станица, Промоцијате на Охрид, преку ѓомлезијадата , изграбата на Современ пазар, Аква парк и Голф терени, изградба на регионален дом за стари лица, конгресен центар, довршување на сите преостанати инфраструктурни...
СДСМ во одбрана на градоначалникот
Post Views: 233 За излез на сообраќајните гужви, градоначалникот и локалната самоуправа континуирано бараат оптимални решенија. Спротивно на ваквите напори претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов, ја замајува јавноста со секојдневните прес конференции за тоа дека нетребало кружен тек кај Билјанини извори како и за тоа дека на Кеј Маршал Тито требало да се користи една лента за сообракај. Според него, не треба ништо да се презема, за да може подоцна да излезе на прес конференција и да каже дека во Охрид има сообраќајни гужви. Народот би рекол. Овој Атанаско...
Ни престои ли успешна туристичка сезона?
Post Views: 299 „Ако денот се познава по утрото“, тогаш на Охрид му престои успешна туристичка сезона. Радува фактот што изминативе месеци но и на стартот на главната туристичка сезона охридските хотели се исполнети со странски гости. Туристичките работници се едногласни дека најголема заслуга за ова се балканските тури, од кои дел е и Охрид. Туристичката агенција „Летс травел груп“ е една една од ретките агнеции во земјава која работи со incoming туризам, поточно агенција преку која гостите доаѓаат во Охрид.„ До сега имеме реализирано доста групи кои почнаа од крајот на март, април,...
Кривична пријава за обљуба врз немоќно лице
Post Views: 242 СВР Охрид поднесе кривична пријава за Ѓ.М роден 1976 год. Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице. Настанот се случи вчера на улицата 15 Корпус, кога осомничениот ја сретнал оштетената и ја зал на својот мопед со цел да ја префрли до одредено место. Наместо таму, осомничениот се упатил кон бензиската пумпа Билјанини избори, каде и го извршил делото. Настанот во СВР го пријавила жртвата, а инаку станува збор за лице со заостанат душевен разво, по што СВР Охрид веднаш превзеде мерки и за кратко време Ѓ.М беше лишен од слобода. Дознаваме...
Трпејчани откриваат нови детали за „ИВИРЕ“
Post Views: 256 Трпејчката мрежа полека се одплеткува. Од месната заедница на Трпејца денеска ги обелоденија: датумот на донесувањето на решението и заклучокот за рушење на спорните објекти на „ИВИРЕ“ и датумот на поднесувањето на барањето за легализација на истите. „Решението и заклучокот за рушење на дивите градби кои се градени на државен имот општинскиот градежен инспекторат ги има издадено на 14 и 15 јули 2011 год. Потсетуваме на уште еден клучен момент, а тоа е дека дивите градби се доградувани по донесувањето на законот за легализација март 2011 год. И она што е најважно...
Едниот објект од „ИВИРЕ“ е целосно нелегален, а другиот делумно
Post Views: 288 Дали приватно – сместувачкиот капацитет „ИВИРЕ“, изграден на крајбрежјето во Трпејца ќе се легализира или не и до каде е постапката? За ова прашање деновиве се погласно се дискутура, но никој од надлежните не излегува со конкретен одговор. Само Трпејчани се категорични и бараат од општината и државата да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решенито и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ, донесени во јули 2011 год.Во меѓувреме, сопственикот на спорните објекти, го искористил правото што му го дава Законот за тотално нелегален, а другиот е...
Трпејчани излегоа на мирни протести
Post Views: 269 Со протестите на патот Охрид – Св. наум, Трпечани го искажаа незадоволството за како што велат, игнорантскиот однос на институциите на локално и централно ниво во спорот што го имаат со сопствениците на приватно- сместувачкиот капацитет изграден на крајбрежјето во ова село. Тие се едногласни – бараат од општината и од Државата да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решението и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ во село Трпејца, донесени во јули 2011 год. од страна на општина Охрид. Од државата пак бараат да овозможи почитување...
Охридски хорски фестивал по петти пат
Post Views: 248 Иако два месеци не делат од фетсивалот, подготовките во полн ек. Од дирекцијата на фестивалот најавуваат дека мора се да се организира навреме, затоа што ништо несмее да се остави на случајност. И покрај тоа што хорот има многу поддржувачи, сепак светската економска криза тропна и на оваа врата. Директорот на фестивалот открива дека и покрај финансиските проблеми фестивалот ќе се одржи и тоа најмногу благодарение на тоа што учесниците си го финансираат своето учество.„ Јас мислам дека фестивалот веќе има искрени пријатели и тие кои ни се подржувачи и спонзори не не...
Земјотрес го погоди Охридскиот регион
Post Views: 273 Земјотрес во Охридскиот регион. Епицентарот на 9 км од селото Белчишта. Вознемиреност, паника и страв од нови потреси кај жителите од ова село. Долго ќе го паметат 07 јуни и земјотресот кој го погоди селото во 12 часот и 17 минути. Епилог од овој немил настан покрај вознемиреноста кај жителите се и рушевините и големата матријална штета кои ги остави зад себе овој потрес. Граѓаните не паметат ваков земјотрес. „Само што дојдов од работа наеднаш почна да треси. Не да тресит туку како куќава да паѓа. Се почувствува некој звук страшен и осетивме само како паѓа се, рамки,...
Основците од ОУ Св. Климент Охридски во посета на хидробилошкиот инситут
Post Views: 251 Седмо и осмооделенците од ОУ Св. Климент Охридски учеа за Охридското Езеро и живиот свет во него, со посебен акцент на рибите. Денешните активности по повод светскиот ден за заштита на животната средина, беа реализирани од страна на невладиното здружение за промоција на туризмот и културните вредности во Охрид, Култ ДАМ и основното училиште Св Климент Охридски.„Често политичарите меѓу себе се препукуваат дека УНЕСКО има силни фондови кои никој не ги користи, јас верувам дека тие силни фондови ќе се отворат само ако се направат вистински проекти за што имаме и капацитет...
„За посреќно детство“ по четврти пат
Post Views: 250 Финишираат подготовките за четвртата по ред Традиционално хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”. Манифестацијата ќе започне со „главна трка” со старт од плоштадот „Чинар”, која ќе се движи по улицата “Македонски Просветители” и цел на Градскиот плоштад. На терасата на комплексот Летница, паркот пред маркетот Тинекс и на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од 11:00 – 15:30 ч. ќе се одвиваат спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини.„За учетво во игрите потребен е ученички број – талон кој чини 30 денари. Со парите...