Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

urivanje divogradba IVIRE

Започна уривањето на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца

Views: 86Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при министретвото за транспорт и врски започна со уривање на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца. Само десеттина дена одкако ресорното министерство и ги одзеде ингеренциите од локалната самоуправа за овој објект, механизацијата претпладнево излезе на терен и  ја започна акцијата.  Се уриваше објектот кој е комплетно е дивоградба, а што се однесува до објектот кој е делумно дивоградба најверојатно ќе се урива утре. Жителите од Трпејца задоволни што конечно во Македонија започнаа да се спроведуваат законските прописи и она што локалната...

Продолжи со читање

francuski filmski festival

Дојде да ја прими наградата, а незнае ништо за Македонија

Views: 85Делата на режисерот  Жак Доајон, повеќе шепотат отколку што викаат, а во одредени филмови има и насилство врз чувствата. Вака накратко човекот кој го прави изборот на филмовите за Францускиот Филмски фестивал Ив Алион го  опиша творечкиот опус на  режисерот и почесниот  гостин на фестивалот  Жак Доајон. Режисерот пак со задоволство раскажа за снимањето на филмот Никаквица, филм кој го снимал пред 1 век. Кажа дека во тоа време многу полесно се снимале филмови и дека не се секогаш парите главни виновници доколку некој филм не е добро прифатен. Пример за ова е токму филмот...

Продолжи со читање

pastrmcinja

Охридското Eзеро доби концесионер

Views: 80Неофицијално, идниот концесионер е фирмата „Пастрмка 2012 година“ од Охрид.Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство ја потврди информацијата, но портпаролот вели дека детали за концесионерот ќе обелоденат дури откако одлуката ќе излезе во службен весник. На оваа оваа владина одлука први се пожалија спортските риболовци. Од риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ велат  дека владината одлука ќе ја обжалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените. Зошто  не се сложуваат со одлуката езерото...

Продолжи со читање

sovetnici

На дневен ред советнички прашања

Views: 94Советниците од ВМРО ДПМНЕ на денешната седница наменета за советнички прашања побараа од градоначалникот да одговори кратко и јасно, Колкав е долгот на општина Охрид во моментов? И зошто во Охрид нема капитални инвестиции? „Сега сакавме да слушнеме како тој долг во моментов изгледа и на тоа прашање небеше даден конкретен одговор затоа што баравме да се каже цифрта на новонастанати долгови не ни дадоа адекватен одговор што исто така прави сомнеж дека новите долгови се многу големи што дава сомнеж за иднината на Охрид“, вели координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски. Спротивно на...

Продолжи со читање

Gorno Lako;erej, voda

Жителите на Горно Лакочереј веќе една година немаат вода

Views: 80Веќе една година низ цевките на водововот не протекала ни капка вода и тоа не само за пиење туку ни техничка вода. „Со решение на министерството за здравство добивме решение дека бунарот кој го имаме за користење на водата, е комплетно неисправен и таа вода несмее да влезе во системот за водоснабдување и покрај тоа што жителите ја користеа како техничка вода“, открива советникот и жител на Горно Лакочереј, Климе Тренески. „Во меѓувреме прегоре пумпата така да во системот во Горно Лакочереј нема ни капка вода и предложив да се прогласи елементарна непогода за Лакочереј да се снабди...

Продолжи со читање

braniteli heroi na Makedonija

„Херои на Македонија 2001“ во посета на општина Охрид

Views: 89Децата и дел од потесните семејства на погинатите бранители  деновиве се во Охрид, во одморалиштето на МВР. Многу емоции, сеќавање на кобната 2001 год. И заседата на нашите бранители на Карпалак, Вејце, Љубојнски бачила имаше на средбата на     Претставници на здружението „Херои на Македонија“ и претседавачот на советот Душко Јаковчески. Покрај за загинатите македонски херои на средбата стана збор и за активностите на здружението, но и за се она што може локалната да им помогне.  „ Здружението има обврска да се залага за семејствата на загинатите бранители и да ги штити и бара...

Продолжи со читање

trpejca

Кој ќе го урива „ИВИРЕ“?

Views: 95Сопственикот на објектот „ИвИре“ почна да остранува делови од бесправно изградениот објект на плажата во охридското село Трпејца. Трпејчани откриваат дека инспектори од локалната секојдневно го следат текот на настаните, како и дека веќе било оградено земјиштето, во делот каде ќе се руши спорната градба. Од Црковниот одбор уште додаваат дека сега засега сопственикот на „ИВИРЕ“ извадил само дел од прозорите на објектот, како и инвентар од просториите.Во решението за уривање од локалната, стои дека доколку сопственикот во рок од 15 дена не го урне бесправно изградениот објект,...

Продолжи со читање

izlozba crven krst

Во ОО на Црвен крст формиран клуб за цртање

Views: 84Идејата за формирање на клуб за цртање ја реализираше Филип Стојкоски студент од трета година, заедно со триесеттина волонтери. Овој тим на млади уметници изминативе два месеци ги надоградуваа своите таленти во разни техники и модели на креативно изразување.  „Нашата цел беше да направиме нешто што ќе биде блиску до луѓето, а не да покажеме висока уметност која би била за затворен круг на луѓе“, вели Стојкоски за ТВМ. „Јас преку оваа акција сакам да ја промовирам потребата за неформална едукација. Затоа сакав да организирам нешто на тоа поле. Изненаден сум многу во позитивна...

Продолжи со читање