Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

nacionalna agencija za evropski obrazovni potrebi

Програмата „Млади во акција“, презентирана пред охриѓани

Views: 76Програмата креирана од страна на европската комисија е воспоставена за да ги имплементира политиките за млади на европската комисија и политиките за формално и неформално образование. Таму се имплементираат две програми, едната е „доживотно учење“, а другата „млади во акција“. Тому оваа програма ги креира политиките за младите од 18 до 30 години, но и сите останати кои работат на полето за младите.  „Програмата нуди многу простор за унапредување на младите и нивните вештини и знаење кои подоцна ќе можат да ги искористат во нивниот личен и професионален развој“, вели Горан...

Продолжи со читање

cinar Ohrid

И после две недели скршената гранка од Чинарот никој не ја отстранува

Views: 93И после две недели од расцепувањето, дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. Чинарот се скрши на 06 декември во четврток и иако од министерството за животна средина тврдеа дека експертски тим уште во понеделникот на 10 декември ќе направи увид, сепак до ден денеска увидот не е направен, а тоа значи дека ни гранката сеште  никој не смее да ја отстранува. Од министерството за животна средина објаснуваат дека  експертскиот тим сеште не дошол во Охрид, затоа што експертите кои треба да направат увид се од научни институции,  професори доктори...

Продолжи со читање

rampa

До паркинг место повторно преку рампа

Views: 80Рампи, нема па има, и обратно. За само два дена металните рампи преку кои се влегува и излегува од паркинг просторот кај кружниот тек повторно вратени на истото место.  Се обративме во локалната со цел да дознаеме зошто и по чија наредба рампите се вратени назад. Портпаролот Симон Илиевски во телефонскиот разговор ни кажа дека локалната самоуправа со  официјален став за причината поради која рампите се на старото место ќе излезе утре. Но, упорноста на новинарите и овој пат успеа да стигне до малку поконкретен одговор лично од градоначалникот Александар Петрески. Тој во...

Продолжи со читање

rampa

Тргнати рампите од центарот на Охрид

Views: 144Претпладнево рампите кај Поштата и пред Охридската капетанија беа извадени, а апаратите кои ги придвижува се облепени со леплива лента. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во телефонскиот разговор ни кажа дека  рампите се тргнати со цел    за време на престојните празници да се овозможи побрз проток на автомобили и луѓе во центарот на Охрид. Тој кажа дека до Нова Година и за време на празниците ќе се пристапи кон нов начин на наплата на паркирањето. Градоначалникот додаде дека локалната не се откажува од идејата после празниците во центарот да не се наплатува за...

Продолжи со читање

paketcinja SV Kliment

Караванот „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз, пристигна во Охрид

Views: 97Караван со пакетчиња за децата со посебни потреби, насловен „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз пристигна во Охрид. Овој каравам предводен од Дедо Мраз во следниве две недели ќе подели 1500 новогодишни пакетчиња во училишта и установи кои згрижуваат деца со посебни потреби и од ранливи групи низ државава. „Овој новогодишен караван го спроведуваме прв пат оваа година и е дел од платформата Тинекс ти и јас и е логично заокружување на сите донации кои ги имаме реализирано во текот на изминатата година во областа на здравството, образованието, културата, спортот. Караванот ќе помине во 11...

Продолжи со читање

kuratica

Повеќе од една недела без струја во 21 век

Views: 83Куратица, Опеница, Завој, Плаќе, Речица, Свињишта Тие се повеќе од една недела немаат струја и телефон. Жителите се видно револтирани и на игноранскиот однос на вработените во ЕВН и велат дека доколку ништо за брзо време не се промени, ќе штрајќуваат пред подрачната служба на ЕВН во Охрид.    „Ова е катастрофа. Немаме телефон, немаме струја. Како што прашуваме во ЕВН редовно се бранат дека има многу дефекти, но таму каде што нема такви катастрофи  треба да се повлечат луѓето и да се среди оваа работа. Св Никола ни е наврата и изгледа дека за овој големпразник ќе останеме без...

Продолжи со читање

opsta bolnica

Охрид ќе добие најсовремена болница

Views: 95Во ова се уверивме лично кога на наше барање со цел да видиме како течат градежните активности, со директорот на општата болница д-р. Љубен Арнаудов и претставник на фирмата изведувач направивме обиколка на новиот објект. Објектот кој започна да се гради пед 8 месеци е во завршна фаза, а за скоро време треба да се донесе мебелот и медицинската опрема. „Добивме многу повеќе отколку што очекуваваме“, вели директорот на општата болница Арнаудов.„Добивме болница по европски стандарди кои во 2015 год. Ќе стапат на сила во Европа, а ние ќе ги имаме во 2013 год. Самото земење на тој...

Продолжи со читање

e-danoci

Управата за јавни приходи ја промовираше услугата е – даноци

Views: 84Даночните обврзници кои според Законот за даночна постапка се обврзани да го користат системот на е-Даноци, должни се најдоцна до 31 декември 2012 година да се регистрираат на е-Даноци, односно да мигрираат од стариот на новиот систем на е-Даноци. Токму поради оваа промена преставници од регионалната дирекција од Битола пред сметководителите во Охрид извршија презентација на системот е  – Даноци. Системот за електронско поднесување на даноци во Управата за јавни приходи функционира повеќе години, но од 01 јануари  следнава година поднесувањето на ДДВ 04 треба да се поднесува...

Продолжи со читање