Автор: Маленкова Татјана
Views: 77ЈП Охридски Комуналец интензивно работи на разубавувањето на Охрид за Новогодишните празници. Се користат реквизитите од минатите години, а директорот на ЈП открива дека се набавиле и нови. Алче вели дека според плановите на локалната и ЈП целата акција со разубавувањето на Охрид треба да заврши најдоцна до четврток 13 декевмри. „Се прават комбинации со сијалички, но се набавени и нови светлечки реквизити нив ќе ги поставиме накрај. Се уредува со светлечките црева, а понатака со новите реквизити, а со новите сијаличиња ќе го заокружиме изгледот.Почнуваме од центарот на градот...
Петрески: „Патиштата кон Охрид никој не ги чисти“
Views: 100„Зимското одржување на патиштата, кон и од Охрид, како и внатре во самата општина“, тема на пресс конференцијата во локалната самоуправа. Градоначалникот истакна дека загрижувачка била состојбата за време на празникот за Св. Климент Охридски, кога охриѓани и гостите за да дојдат во Охрид патувале и по 9 ,10 часа, по крајно небезбедни патишта, а ден потоа делегациите не можеле да си заминат поради непроодни патишта. Петрески обвини на тотално несериозен однос на државата и фондот за патишта и Македонија пат кои се задолжени за одржување на патиштата и кои како што дозволуваат...
Скршената гранка од Чинарот, сеуште лежи до стеблото
Views: 112Дрвото кое е заштитен споменик на природата се рапаѓа пред очите на институциите. По инциндентот вчера кога поголема гранка се скрши, сеуште никој не ја превзема одговорноста истата да ја отстрани, а дрвото заштити од понатамошно уништување. Градоначалникот Александар Петрески вели дека управата за заштита на животната средина мора посериозно да пристапи кон реставрација на Чинарот затоа што ова дрво е заштитен споменик на природата. „Јас пред се мислам дека тоа е поради недоволна грижа и заштита на тие што треба да го штитат чинарот, а секако и ние како охриѓани треба да го...
Промовирана книгата „Охридски времеплов“
Views: 102Илче Стојаноски во чест на патронот на градот на Охриѓани им поклони монографија „Охридски времеплов“ за живеачката на нашиот многувековен град, за неговите подемите и падови. Пред многубројните заинтересирани и вљубеници во Охрид промоторот Владо Жура вели дека во најновата книга на Илче Стојаноски е опфатен период од живеачката на нашиот многувековен град, град кој во своето вековно минато бележел ни подеми и падови . „Тоа е периодот од втората половина на преминатиот период, па заклучно со првата половина напредминатото столетие или од 1848 па се до 1948 година. Со оголед...
Стариот Чинар утрово се преполови
Views: 74Утрово се скрши една масивна гранка со што 11 века старото дрво буквално се преполови. Охриѓани кои ја видоа тажната глетка резигнирано коментираа, дрвото кое трпело и време и невреме илјада години не не истрпи нас и нашата негрижа. За волја на вистината Чинарот веше во неколку наврати саниран и конзервиран, но очигледно сето тоа не беше доволно за тој да ги поднесе врнежите од снег и дожд кои паднаа деновиве. Надлежните излегоа на терен. Инспекторот Игор Трајкоски од Државниот инспекторат за животна средина и Вера Рауник од одделението за животна средина при локалната самоуправа...
Уште еден детален урбанистички план се сопна во Скопје
Views: 84Урбанистичкиот план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан под лупа на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.Од Инспекторатот при спроведената контрола утврдиле низа неправилности. Деталниот урбанистички план отстапувал од одредбите пропишани за донесување вакви планови односно во текот на постапката планот бил изготвуван во спротивност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и истиот не бил во согласност со Генералниот урбанистички план. Поради овие причини Државниот инспекторат му укажува на...
ООУ Св. Климент организатор на Унеско камп
Views: 85Во четирите денови колку што ќе трае кампот учесниците во истиот ќе разменуваат искуства, но и ќе разговараат за зајкнување на Унесковата мрежа на збратимени училишта. Организаторите на кампот велат дека горди се што и покрај лошите времески услови, сепак сите пријавени учесници пристигнале и се дел од кампот, поточно гости на Св. Климент се ментори и ученици од четири училишта од Пиран – Словенија, Кикинда – Србија, Котор – Црна Гора и од Скопје – Македонија. Домаќините задоволни од одзивот, а гостите уште позадоволни од приемот во Охрид.„Ова училиште е...
Одбележан меѓународниот ден на лицата со инвалидност
Views: 148Охридските здруженија на инвалиди го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. „На овој ден традиционално мора да се разговара со инвалидите и за инвалидите“, категоричен е претседателот на здружението на Инвалиди на трудот Благоја Крстаноски. Тој додава дека на овој ден секоја година членовите се собираат и разговараат за активности и своите проблеми. „Како што гледате инвалидите се соочуваат со повеќе проблеми на ниво на републиката, но и во општина Охрид. Нашата заложба е секогаш да се бориме инвлидите, а посебно инвалидите на трудот кои се исфрлени од процесот на...








