Автор: Маленкова Татјана
Views: 159Специјалните санитетски возила марка Рено за итна медицинска помош кои ги набави владата стигнаа и во Охрид. Директорот на здравствен дом Митко Дабески вели дека овие возила беа повеќе од неопходни за оваа здравствена институција, затоа што досега располагаа со возен парк стар 10 години, за кој месечно издвојувале многу средства за одржување. Новите возила ја имаат сета неопходна апаратура за интервенирање како дефибрилатор, преносен аспиратор, вентилатор, ѕиден апарат за мерење на крвен притисок, балон за вентилација, сет за фрактури, реанимациона торба, автоматско склопиво...
Лајнс клубот „Деница“ обезбеди нова донација за детската градинка
Views: 82Организатор на забавата „Играта е детска работа“, беше Женскиот Лајонс клуб Деница кој веќе неколку месеци егзистира во Охрид. Претседателката на Деница, Јулијана Василеска вели дека се одлучиле да помогнат во доопремувањето на просториите во градинката затоа што дечињата имаат посебно место во нивното хуманитарно делување.„Дечињата од градинка кои се толку припремени толку инспиративни самите ќе се потрудат да организираат една пригода која со наша помош и наша посетеност ќе допренесе да се соберат средства со што ќе се помогне во доопремување на занимлните во централната детска...
Изгоре куќа во стариот дел на Охрид
Views: 86Пожарот кој најверојатно настанал од затнат оџак за многу кратко време се распламти, а густиот бел чад над калето можеше да се забележи од сите страни на Охрид. Благодарение на брзата интервенција на комшиите и противпожарната служба од Охрид и покрај тешкиот пристап до објектот, поради паркираните автомобили по тесните месокастрански улички, избегната е многу поголема катастрофа. Во пожарот нема повредени лица. Во целост е уништена кровната конструкција и поголемиот дел од објектот. „Успеавме да го пресечиме со помош на граѓаните кои веќе имаа реалирано, успеавме да го насочиме...
Се намали цената за гробните парцели на полето 5
Views: 87Советниците дадоа зелено светло за намалување на цената за гробното поле 5, кое се протега помеѓу ресторанот и градската капела. Гробните места за кои досега се плаќаше 83900 денари, од сега ќе се плаќа 73 000 и 46 000 денари. Директорот на ЈП Коле Петкуќески како причина за оваа одлука на ЈП ја наведува тоа што повеќе нема слободни гроби места, но и лошата економска состојба. Спротивно на ова советникот од ВМРО ДПМНЕ Џемал Рахман вели дека објаснувањето за оваа одлука недржи, затоа што како што кажа Гробарината не се намалува, а се поголема е ставката од одржување, отколку...
Бурна 55 седница на советот на општина Охрид
Views: 78Советниците се спречкаа уште на правата точка, предложена од страна на градоначалникот и тоа Согласно член 25 од законот за просторно уредување, градоначалникот даде предлог одлука за урбанистички план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан. На овој предлог оштро се спротиставија советниците од ВМРО ДПМНЕ. Јованка Дамоска Секуловска вели дека ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е урабистичките промени да им се доставуваат навремено, а не пред самата седница. „Незнам што е брзањето и немаме детали за истиот планшто значи нема...
Општина Охрид се подготвува за својот патронен празник
Views: 96Општина Охрид се подготвува за достојно одбележување на Св. Климент Охридски – патронот на градот. Свечени програми по повод Св. Климент Охридски подготвуваат локалната самоуправа во соработка со Средното училиште кое го носи името на заштитникот на Охрид, но и основното училиште Св Климент Охридски кое свечената програма ја подготвува ден пред одбележување на овие активности е и паркот на пријателството во кој парк дрва ќе посадат претставници на градовите кои ќе не посетат. Претставници на училиштата бидејќи тие имаат гости од поранешните ЈУ простори така да овој парк ќе...
Од ЕМО украдени огромни количини бакар
Views: 86Од фабриката украдени огромни количини бакар и други репроматријали. Кражбата ја потврди и директорот на АД ЕМО Зоран Филоски. Тој денеска беше на службено патување во Скопје, но во телефонскиот разговор кажа дека не може да ја прецизира штетата која настанала, затоа што службите сеуште вршат попис на магацините, погоните и канцелариите, со цел да се констатира точно што недостасува, од залихите и од репроматеријалите. „Се врши попис на сите репро матријали и се што недостасува во овој период ќе биде пресметано и проценато износот на репроматријали“, вели директор АД ЕМО, Зоран...
Низа активности на Црвениот крст по повод неделата за грижа на стари лица
Views: 81Црвен крст Охрид како хуманитарна организација својата дејност во областа на социјалната заштита ја базира и на грижа за старите лица. Во таа насока и оваа есен, традиционално, во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица од 17-24 ноември, Црвен крст Охрид под мотото „НИЕ сакаме-ВИЕ знете-ЗАЕДНО можеме” организира активности посветени на наШите повозрасни сограЃани. Денеска во просториите на ОО на Црвениот крст се мереше шеќер во крвта, крвен притисок, а се посетија и згрижените лица во во Геријатриското одделение при ОпШтата болница во Охрид и лицата во...









