Автор: Маленкова Татјана
Views: 83Првиот клуб од оваа интернационална организација за жени од различни професии, кои имаат цел да го подобрат животот на жените и девојките во светот преку зајакнување на свеста, застапување и превземање конкретни акции, се формира во Струга, а инаугурацијата ќе се одржи во сабота во 17.30 во хотел Дрим.„Сороптимист е невладина оранизација која брои само во Европа околу 35 илјади членки сестри како што се нарекуват и главна цел им е да ги преставуваат нивните професии, бизниси и да ги застапуваат правата на жените од целиот свет и од заедницата каде што живеат“, вели заменик...
Муслиманите празнуваат
Views: 83Верниците од исламска вероисповест го слават Курбан бајрам или празникот на жртвата. На првиот ден од 4-дневниот празник се изведува молитвата за Бајрам – бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. Колењето на курбанот и годинава во Охрид го спроведе здружението Атлас. „Денеска се колат 18 големи глави, а месото ќе...
Штрајк во градинката „8 ми март – Струга“
Views: 100Дел од вработените во Градинката 8 ми март во Струга, не можејки повеќе да трпат, пред медиумите проговорија за својот проблем. Николче Секуловски готвач, во градинката работи 10 години, но со договор за дело, а последнава година со договор за работа. Тој открива дека 5 години од градинката испраќале барање за негово вработување, но одговорот секогаш бил негативен. Последната плата која ја зел Секуловски била околу 6000 денари и тоа во месец јули годинава. „Од кога почна договорот на определено, платите ги земаме многу касно. Со минимим три месеци каснење. Инаку службите се...
ФТУ доби лабораторијата за учење на далечина
Views: 91факултетот за туризам и угостителство преку проект на владата на Р Македнија доби лабараторија во вредност од 2.2 милиони денари. Ова е една од 190 те лаборатории со кој ќе се обезбеди неоходната техничка инфраструктура, која овозможува поврзување од точка до точка. Дел од опремата е инсталиран во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, а другиот дел во просториите на дисперзираните студии во Велес. Од факултетот откриваат дека лабараторијата за учење на далечина подолго време ја посакувале.„Аплициравме на огласот за опремување на лабараторија од...
Локалната си ги бара паркинзите назад
Views: 136Локалната самоуправа си ги сака паркинзите назад. Ќе се раскинува договорот помеѓу ЈП Билјанини Извори и концесионерот “Сузуки“. Предлог одлуката за раскинување на договорот пред советниците ќе се најде на следната седница на совет. Ова за ТВМ го потврдија од локалната самоуправа. Во отсуство на градоначалникот кој е на службено патување, портпаролот Симон Илиевски објасни кои се следни чекори на локалната. „Локалната самоуправа како сопственик најверојатно на следната седница ќе донесе нова одлука за расинување на договорите за одреден дел на паркинзи, а понатаму во законски...
Охрид домаќин меѓународна конференција на експерти за дрога
Views: 99110 учесници од Европа и светот, меѓу кои 30 Експерти за дрога во Охрид на третата меѓународна конференција на експерти за дрога. Тема на конференцијата е „изнаоѓање на нови методи на работа на криминалните организации и утврдување на структурите на овие криминални организации“. Сознанијата од конференцијата треба да помогнат во изготвување на квалитетна стратегија за борба против дрогата. Меѓу учесниците на конференцијата во Охрид е агент на ДЕА(агенција за борба против дрога при Стејт Департментот) кој во оваа област работи четири години, а од овие собири е дел во...
Од денеска стартува грејната сезона
Views: 77Денеска грејните тела во општина Охрид по домовите, училиштата и институциите остана студени поради високите температури за овој период од годината , но тоа неначи дека не сме подготвени за она што следува.„Сите основни и средни училишта и детската градинка на територијата на општина Охрид спремни ја дочекуваат грејната сезона. Потребни количини огрев за почеток на грејна сезона имеме во наредниот период нема да имаме проблем со почнувањето на грејната сезона“, вели првиот човек на одделението за образование Серафим Наумовски. Проблем нема да има велат од локалната, но прашање...
Охридското Езеро нетреба да се користи како акумулација
Views: 94 Досегашното искуство покажува дека осцилациите преку кои некогаш нивото на Охридското езеро се намалува, а друг пат се случува да биде многу високо, предизвикува штетни влијанија, з аживиот свет во него, но и за населението и животната средина. Златко Лефков, професор на природно математичкиот факултет е човекот кој точно 10 години континуирано ги истражува Охридското и Преспанското Езеро. Тој е категоричен дека податоците кои ги добиле од истражувањата повеќе од јасно говорат дека Езерото не смее да се користи како акумулација. „ Ова е најзначајниот еко систем во Европа и...









