Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 10 Училишниот паркинг во ЕМУЦ Св. Наум Охридски несовесни граѓани, инаку соседи на училиштето го користат за депонија. Раководството на училиштето се труди да се справи со проблемот, но очигледно граѓаните се побрзи или пак редовни со одлагањето на зелениот отпад од градините, во туѓ контењер.„Точно е дека одвреме навреме поготово кога ќе дојди периодот на зимници некои од комшиите си земаат за право, веројатно немаат само свое решение па дел од отпадот, ѓубрето да го депонираат, односно остават кај нас затоа што знаат дека ние ќе реагираме и ќе го крениме, но сликата...
„Охрид – град без комунален отпад“
Post Views: 14 „Охрид – град без комунален отпад“ е проектот кој ќе го реши проблемот на Охрид со отпадот, а при тоа на ЈП ќе му донесе и приход . Директорот на ЈП, Сашо Алче денеска јавно го презентираше проектот за изградба на фабрика за производство на компост и погонско гориво. Пред присутните Алче кажа дека во ЈП секојденевно се води евиденција за количеството на отпад што се носи на депонијата Буково и во делот на содржината на отпадот која се депонира таму. Од овие прелиминарни резултати сега ќе проеизлезе студијата за економска исплатливост и студијата за заштита...
Камион се преврте пред селото Опеница
Post Views: 11 Неприлагодена брзина на патот, најверојатно е причина за сообраќајната несреќа која се случи утрово на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Опеница и кога се преврте камион со полу приколка со охридски регистарски таблички, сопственост на ДОО „Отпад Охрид“. Несреќата се случила во 09.00 часот, по што сообраќајот беше со повремени преќини, се додека камионот не беше подигнат со специјално возило – дигалка.СРВ веднаш излезе на лице место, со цел да ги утврди причините за несреќата. По неколку часа текот на сообраќајот на оваа делница беше...
6 милиони швајцарски франци за заштита на Преспанското езеро
Post Views: 18 Заслужни за оваа финансиска инјекција за Ресен се Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП за нивната континуирана техничка и стручна помош како во изработка, така и во спроведување на овие проекти, и се разбира огромната помош од министерството за животна средина и просторно планирање на Р Македонија. Денеска во Ресен, претставници на овие овие институции потпишаа два многу значајни документи и тоа Меморандум на соработка помеѓу општина Ресен и донаторот – швајцарската агенција за обнова и развој, документ кој го потпишаа Швајцарскиот амбасадор...
„Крија Јога“ пристигна во Македонија
Post Views: 15 „Крија Јога“ или техника на живот која многумина во светот секојдневно ја применуваат со цел да си го олеснат животот и со цел побрзо да стигнат до својта среќа конечно пристигна во Македонија. Крија Јога“ е посебна техника која ги содржи сите други видови на јога, затоа што битието на јогата е во крија јога и таа се состои од пет вежби кои човекот ги вежба за да си најде мир во душата, за да се смири и за да биде задоволен и среќен. Крија Јогата ќе ја има во Македонија, благодарение на новинарот Нада Штајнман. „Мојата желба беше за да ја донесам оваа „Крија...
Во Калишта ќе се гради ново училиште
Post Views: 12 Владата ќе гради ново училиште во Калишта, со што маките на родителите и децата кои учат во оваа руина ќе станат минато. Со ова уште еднаш се покажа дека доколку се сака нешто, истото може да се добие само со здружени сили. Отако заменик министерот се увери во фактичката состојба на училиштето, беше крајно искрен и рече дека „Човек може да се наежи од она што го гледа и од оваа состојба во која учат децата“.„Ова го нема ни во Африканскиот континет, а не камоли во Европа. Ние сега ќе отпочнеме со сите процедурии законски предвидени постапки што е можно побрзо да...
Охриѓани не се дел од владиниот проект за вработување на постари лица
Post Views: 13 Нашата општина е меѓу општините Врапчиште, Куманово, Липково, Ново Село, Ранковче, Чучер Сандево и Центар Жупа или меѓу општините кои не аплицираа за владиниот проект. Според овој проект во Општина Охрид првично требаше да се вработат 43 лица, број кој е определен според бројот на жители на Охрид и плус дополнителни 5 лица, број кој ЗЕЛС го дефинирал за сите општнини, и овие лица во рок од шест месеци требаше да земаат по 7600 денари директно од владата. Од Агенцијата за вработување информираат дека општините кои се дел од проектот и се финансиски моќни, имале...
Жителите на Лакочереј бараат канализационен систем
Post Views: 12 Наместо река – фекалии, а наместо чист воздух – смрдеа. Со oваа слика ќе се соочите на влезот од Долно Лакочереј. Оваа слика во овој период од годината е посебно изразен, затоа што водата од реката е сопрена, поради наводнување, а коритото e празно. Причина за оваа еколошка катастрофа е тоа што овој дел од Охрид нема канализационен систем, па семејствата се оставени да се снаоѓаат сами на себе. „ Во име на МЗ Лакочереј и жител Долно Лакочереј кажувам дека имаме проблем со отпадните води и со канализација. Од општината немаме никава подршка. Ни ветуваат, а од тоа...