Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Кривична пријава за обљуба врз немоќно лице

Post Views: 5 СВР Охрид поднесе кривична пријава за Ѓ.М роден 1976 год. Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице. Настанот се случи вчера на улицата 15 Корпус, кога осомничениот ја сретнал оштетената и ја зал на својот мопед со цел да ја префрли до одредено место. Наместо таму, осомничениот се упатил кон бензиската пумпа Билјанини избори, каде и го извршил делото. Настанот во СВР го пријавила жртвата, а инаку станува збор за лице со заостанат душевен разво, по што СВР Охрид веднаш превзеде мерки и за кратко време Ѓ.М беше лишен од...

Продолжи со читање

trpejca protesti

Трпејчани откриваат нови детали за „ИВИРЕ“

Post Views: 6   Трпејчката мрежа полека се одплеткува. Од месната заедница на Трпејца денеска ги обелоденија: датумот на  донесувањето на решението и заклучокот за рушење на спорните објекти на „ИВИРЕ“ и датумот на поднесувањето на барањето за легализација на истите. „Решението и заклучокот за рушење на дивите градби кои се градени на државен имот општинскиот градежен инспекторат ги има издадено на 14 и 15 јули 2011 год. Потсетуваме на уште еден клучен момент, а тоа е дека дивите градби се доградувани по донесувањето на  законот за легализација март 2011 год. И она што е најважно...

Продолжи со читање

Едниот објект од „ИВИРЕ“ е целосно нелегален, а другиот делумно

Post Views: 8 Дали приватно – сместувачкиот капацитет „ИВИРЕ“, изграден на крајбрежјето во Трпејца ќе се легализира или не и до каде е постапката? За ова прашање деновиве се погласно се дискутура, но никој од надлежните не излегува со конкретен одговор. Само Трпејчани се категорични и бараат од општината и државата да му наложат на градежниот инспекторат  да ги спроведе решенито и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ, донесени во јули 2011 год.Во меѓувреме, сопственикот на спорните објекти, го искористил правото што му го дава Законот за тотално нелегален, а другиот е...

Продолжи со читање

trpejca protesti

Трпејчани излегоа на мирни протести

Post Views: 7 Со протестите на патот Охрид – Св. наум, Трпечани го искажаа незадоволството за како што велат, игнорантскиот однос на институциите на локално и централно ниво во спорот што го имаат со сопствениците на приватно- сместувачкиот капацитет изграден на крајбрежјето во ова село. Тие се едногласни – бараат од општината и од Државата да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решението и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ во село Трпејца, донесени во јули 2011 год. од страна на општина Охрид. Од државата пак бараат да овозможи почитување...

Продолжи со читање

Охридски хорски фестивал по петти пат

Post Views: 7 Иако два месеци не делат од фетсивалот, подготовките во полн ек. Од дирекцијата на фестивалот најавуваат дека мора се да се организира навреме, затоа што ништо несмее да се остави на случајност. И покрај тоа што хорот има многу поддржувачи, сепак светската економска криза тропна и на оваа врата. Директорот на фестивалот открива дека и покрај финансиските проблеми фестивалот ќе се одржи и тоа најмногу благодарение на тоа што учесниците си го финансираат своето учество.„ Јас мислам дека фестивалот веќе има искрени пријатели и тие кои ни се подржувачи и спонзори не не...

Продолжи со читање

Земјотрес го погоди Охридскиот регион

Post Views: 5 Земјотрес во Охридскиот регион. Епицентарот  на 9 км од селото Белчишта. Вознемиреност, паника и страв од нови потреси кај жителите од ова село. Долго ќе го паметат 07 јуни и земјотресот кој го погоди селото во 12 часот и 17 минути. Епилог од овој немил настан покрај вознемиреноста кај жителите се и рушевините и големата матријална штета кои ги остави зад себе овој потрес. Граѓаните не паметат ваков земјотрес.  „Само што дојдов од работа наеднаш почна да треси. Не да тресит туку како куќава да паѓа. Се почувствува некој звук страшен и осетивме само како паѓа се,...

Продолжи со читање

ezero riba

Основците од ОУ Св. Климент Охридски во посета на хидробилошкиот инситут

Post Views: 10 Седмо и осмооделенците од ОУ Св. Климент Охридски учеа за Охридското Езеро и живиот свет во него, со посебен акцент на рибите. Денешните активности по повод светскиот ден за заштита на животната средина, беа реализирани од страна на невладиното здружение за промоција на туризмот и културните вредности во Охрид, Култ ДАМ и основното училиште Св Климент Охридски.„Често политичарите меѓу себе се препукуваат дека УНЕСКО има силни фондови кои никој не ги користи, јас верувам дека тие силни фондови ќе се отворат само ако се направат вистински проекти за што имаме и...

Продолжи со читање

akcija crven krst

„За посреќно детство“ по четврти пат

Post Views: 8 Финишираат подготовките за четвртата по ред Традиционално хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”. Манифестацијата ќе започне со „главна трка” со старт од  плоштадот „Чинар”, која ќе се движи по улицата “Македонски Просветители” и цел на Градскиот плоштад. На терасата на комплексот Летница, паркот пред маркетот Тинекс и на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од 11:00 – 15:30 ч. ќе се одвиваат спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини.„За учетво во игрите потребен е ученички број – талон кој чини 30 денари. Со...

Продолжи со читање