Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

svetski den protiv pusenjeto

„Остави цигаре, земи јаболко“, порачаа младите

Views: 70Формалдехид состојка која се користи за зачувување на лешевите од распаѓање, Ацетон, Амоњак, средства за разредување на боја, се само мал дел од супстанциите од кои е составено секое цигаре. Возрасните иако знаат колку се штени цигарите, сепак некои од нив не се откажуваат од нив, но за среќа има и такви кои откако ги почувствувале негативните последици се откажале од овој порок. Мате Гогоски претседателот од НВО „Енхалон“ е еден од оние кои цигарите ги гледа како најлошиот порок кој може да го има човекот во себе. „Пушев од мали нозе, сега не пушам. Почувствував големи промени...

Продолжи со читање

drim kor grupa

Прв состанок на Дрим Кор групата

Views: 76Прв состанок на Дрим Кор групата која работи на прашањата позврзани со управувањето на Дримскиот Басен. Ова е прв официјален состанок на Дрим Кор Групата откако е потпишан Договорот за заедничка визија за Дримскиот Басен ,меѓу 5-те земји , со кој Групата стана официјално тело со преставници од сите земји.  Ова е прва средба на која се донесоа  значајни одлуки како што се акциониот план до 2014 год., но и се прецизираше што се се прави за да се подобри соработката помеѓу земјите. Присутните на работниот состанок дискутираа и за тоа како да се решаваат проблемите најмногу во делот...

Продолжи со читање

drimski basen

До каде се активностите на проектот за Дримскиот басен?

Views: 77Овој проект е поддржан од Германската Влада преку Германската меѓународна соработка (ГИЗ), планирано е да трае до 2015 година и да опфати 4 главни компоненти. Проектот ќе работи на мерки за заштита на Студенчишкото и другите блатни предели во сливот на Охридското Езеро, ќе се работи на мониторинг на флората и фауната во Преспанскиот и Скадарскиот регион, на проценката на рибниот фонд во трите езера, како и на карактеризација на езерата во Дримскиот Басен согласно директивите на ЕУ.Дел од проектот се и Министерствата надлежни за областа на заштита на животната средина, води и...

Продолжи со читање

nato samit cikago

Македонија останува на својата определба за членство во НАТО и ЕУ

Views: 70Р Македонија останува на својата определба за членство во НАТО, затоа што на овој начин ќе генерираме стабилност, безбедност и развој во државава, во регионот, како и на светско ниво, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими. Тој додава дека  тоа го правиме преку имплементација и реформи во стандардите во одбраната, а во исто време и преку учество на Македонија во меѓународните мировни мисии. Според министерот, по самитот на НАТО во Чикаго, се потврдија позициите дека Р.Македонија ги исполнува критериумите и дава свој придонес за меѓународните мисии на НАТО. „Мислам дека...

Продолжи со читање

pustanje skolo pestani

СДСМ не прифаќа експертска влада

Views: 99За предлогот за името на претседателот на ВМРО НП, Љубчо Ѓеорѓиевски – Северна Македонија, престедателот на СДСМ Бранко Црвенковски со став дека: „Не е прв пат  Ѓорѓиевски да излезе со ваков предлог.  Овој процес кој е многу битен за нашата земја треба единствено да го водат претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, а тие доколку имаат потреба да побараат поддршка од страна на опозицијата и граѓаните, ние сме тука. Нашиот став е дека секое решение кое нема да го повреди нашиот идентитет, а е прифатливо за владата на Никола Груевски ние ќе го поддржиме,...

Продолжи со читање

skolo sala

Пештани доби спортска сала

Views: 105Ова е единствен спортски објект изграден  на потегот од Пештани до Св. Наум. Конечно учениците ќе имаат каде да спортуваат, вели Зоран Целески, директор на училиштето Св.Наум Охридски.„Спортот и часот по физичко образование значат здравје, нешто што треба да се негува како најголема вредност на денешницата. Големиот недостиг на спортски реквизити, временските услови и многу други неприлики од денес нема да претставуваат препрека за учениците да можат слободно да спортуваат“, вели директорот Целески. Градоначалникот Александар Петрески, видно задоволен што салата е конечно готова...

Продолжи со читање

kiril i Metodij

Одбележан денот на сесловенските просветители

Views: 71Општина Охрид со низа свечености достојно го одбележа 24 мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил И Методи. Пригодна манифестација се одржа на плоштадот пред спомен одбележјето на Св. Кирил И Методи, на која свежо цвеќе положија, но и се поклонаа Делегации на општина Охрид, јавните пртпријатија, основните и средните училишта, но и од политичките партии.Браќата Кирил и Методиј, пред 11 векови од Солун, по желба на Византискиот цар Михајло, а на молба од Моравскиот кнез Ростислав, добиле задача како монаси – мисионери да одат во Моравија и таму да го проповедат...

Продолжи со читање

hor

Хорот ќе одржи целовечерен концерт

Views: 75  „На програмата ќе бидат дела од повеќе автори, репертоарот е разновиден, меѓу охридски и староградски песни ќе испееме и дела од познатите конпозитори, како што се Стеван Гајдов, Трајко Прокопиев, а ќе пееме и дела од светската хорска литература и дела од ренесансата и популарни дела“, вели раководителот и диригент на градскиот Хор, Александар Димовски. Мешаниот градски хор повеќе години работи во склоп на Центарот за култура. Може да се пофалиме со многу квалитетен хор кој досега има настапувано на многу манифестации како во земјава така и во странство каде забележува многу...

Продолжи со читање