Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Велигденски хуманитарни акции

Post Views: 349 Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции. Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна. „Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот...

Продолжи со читање

Екс концесионерите на плажите бараат продолжување на договорите

Post Views: 283 Дел од поранешните закупци на охридските плажи реагираат дека конкурсот кој го распиша министерството за транспорт и врски не е фер и велат дека доколку не се промени нешто ќе го бојкотираат истиот. Категорични се дека уште од 2007 год, кога ги зедоа плажите под концесија, се соочија со неизградено земјиште, по што биле приморани да вложат многу за да го доуредат, со што самите си ја кренале цената на закупената плажа. Современи туш кабини, тоалети, платформи, лежалки, секојдневно чистење од смет, се дел од трошоците за кои концесионерите тврдат дека сеуште не им е...

Продолжи со читање

Нова програма за урбана опрема

Post Views: 183 Репер за успешноста на туристичката сезона, по некое непишано правило, треба да ни бидат велигденските празници. Но на само една недела од прославувањето на овој голем празник нема ред во узурпацијата на јавната површина во центарот на градот. Локалната самоуправа со нова програма за поставување на урбана опрема ќе се бори против самоволието на одредени граѓани. Програмата изготвена од секторот за урбанизам чека согласнот од заводот за заштита на спомениците на културата. Првиот човек на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска признава дека програмата е кај нив и дека...

Продолжи со читање

Католиците се подготвуваат за Велигден

Post Views: 319 Католиците се подготвуваат за прославување на еден од најголемите празници  – Велигден. Денеска е Велики Четврток, ден кога се бојадисуваат јајца и кога се одбележува последната вечера на Исус Христос со своите апостоли. Следува Велики Петок, денот кога Исус Христос страдаше за нас и беше распнат на Крстот, за потоа да следи Врвот на Велигденските случувања – Воскресението Христово. Отец Оливер Тантушев за ТВ М направи една паралела за прославувањето на Велигден во Католичка и Православна црква. Тој вели дека не се работи за две различини вери, туку се работи...

Продолжи со читање

Жителите на Воска се гушат во прав

Post Views: 279 Дел од Охрид и во 21 век нема улично осветлување. Покрај овој проблем, жителите од улицата Ариф Мустафа се жалат и дека секојдневно се соочуват и со низа други проблеми.„Осветлување нема, асфалт нема, а најлошо е што канализацијава не е како што треба и наместо да оди надолу таа се враќа назад и прави проблеми во куќиве. Исто е и кај мене. Штом заврни дожд, фекалии  извираат во нашиве дворови. Сме се пожалиле во локалната, направив и список и го поднесовме ама сеуште немаме одговор“, вели жител на ул. Ариф Мустафа, Злате Велоски. Велоски уште прашува зошто локалната...

Продолжи со читање

Охридските основци – добри математичари

Post Views: 168 На регионалниот натпревар по математика кој се одржа викендов во универзитетот за информатички технологии, основците  од деветте  училишта од регионов покажаа фантастични резултати. Дел од натпреварувачите проговорија за тоа како и колку се подготвувале за натпреварот.„Имав 100 бодови. Се спремавме заедно со наставничката и со уште неколку другарки околу еден месец.  Вежбавме цело време и можам да кажам дека иако задачите беа тешки ние успеавме да ги решиме затоа што имавме слични решавано и успеавме да се снајдеме“, вели ученичката од ООУ Григор Прличев, Анастасија...

Продолжи со читање

Виоката школа за новинарство ќе стипендира средношколци

Post Views: 190 Високата школа за новинарство и односи со јавност, денеска пред охридските средношколци го презентира конкурсот за најдобар средношколски, медумски производ „Изрази се преку медиумите“.  Целта е преку креативноста на средношколците, да се спречи насилство во училиштата кое беше актулено изминатиов период. Медиумскиот производ кој ќе го создадат средношколците треба да ја потикне свеста за поголема толеранција меѓу учениците и избегнување на конфликтните ситуации, како и создавање на една позитивна училишна атмосвера. Охриѓани заинтересирани за проектот. Некои од нив...

Продолжи со читање

Нови чартер линии кон Охрид

Post Views: 253 Дали конечно од листата проблеми поради кои трпи туризмот ќе го прешкртаме недостатокот од директни чартер летови. Се зголемува раздвиженоста на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Воведени неколку нови чартер линии преку кои туристите побрзо и поевтино ќе стигнат на одмор во Охрид. Српската авиокомпанија „ЈАТ ервејз“воведе летен возен ред, во чии рамки ќе биде воспоставена и линијата Белград – Охрид – Белград. Од овој месец од скопскиот и од охридскиот аеродром ќе летаат нови нискобуџетни авиокомпании кон Брисел и кон Амстердам. Летово благодарение...

Продолжи со читање

Хотелиери цврсто застанаа зад проектот на ХОТАМ

Post Views: 167 Иницијативата која отпочна во 2006 година на годишното собрание на ХОТАМ со поддршка на градоначалникот на Охрид, конечно продолжува понатаму. Претседателот на ХОТАМ објаснува дека постојаната комуникација со локланата самоуправа , министердтвото за танспорт и врски и секторот за туризам на РМ во врска со реализацијата на проектот изготвен во 1977 година од страна на општините ОХрид и Ресен, конечни дојде на дневен ред. „Денеска имавма состанок со колегите бидејќи ние сме задолжени од министерството за економја до 30 април да се изјасниме дали стоиме зад сета досегашна...

Продолжи со читање

Слаб одзив за „Купи куќа – купи стан“

Post Views: 175 Илјадници подигнати барања, но многу малку предадени апликации, а ретко одобрени барања за субвенциониран станбен кредит од владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“. Ваква е состојбата на ниво на држава, а во Охрид сликата е многу полоша. Од охридските филијали на скоро сите банки кои го поддржаа проектот, го добивме истиот одговор. Бројот на заинтересирани охрѓани голем, но одзивот, односно бројот на поднесени  апликации многу мал. Според Министерството за финасии, 18 компании од земјава нудат станови по цена која прифатлива според владиниот проект. Од нив, една е...

Продолжи со читање

Голем интерес за возачка од „М“ категорија“

Post Views: 279 Започна со реализација проектот „ Безбедно управување со мопед„ наменет за учениците од 14 до 18 години. Интересот кај охриѓани очекувано многу голем. 15 годишната Ангела Ангелоска една од многуте, која побрза да се пријави.„Претпладнево се пријавив во полициската станица. Дојдов со татко ми затоа што така мораше, за да ме запишат.Занам да возам мопед, се научив по сокачињата , но сега е многу полесно, затоа што ќе имам дозвола“, вели ученичката Ангела Ангелоска.Проектот е дел од глобалната децениска кампања за зголемување на безбедноста на патиштата и истиот ќе им...

Продолжи со читање

Од езерото извадени 19 тони мини

Post Views: 218  Завршена трета фаза од проектот со кој се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. Но, за успешно да заврши се, воопшто не беше се така лесно. За да снимиме дел од акцијата поребно беше да се пополнат формулари и да ја пријавиме крвна група. Овој податок доволно јасно покажува за каква акција станува збор. Сепак најголема одговорност во проектот на Дирекцијата за заштита и спасување имаше тимот за подводно деминирање. Професионалните нуркачи кои за оваа акција имаа специјална 25 дневна обука во Бјела – Црна Гора одлично ја изведоа цалата акција. „Чувството...

Продолжи со читање