Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Спортските риболовци во работна акција

Post Views: 183 Спортските риболовци денеска го чистеа каналот од останатата изумрената плашица, која почна да се распаѓа. Јавно се запрашуваат зошто никој од надлежните не реагираше досега и дозволија плашицата да скапува во каналот.„Нормален човек ќе се запраша во чија надлежност е каналот и ова што се случува во Охрид. Сега настапува топол период и се знае дека рибните болести настапуваат многу брзо во езерото и стравувам дека ќе имаме зараза поради која не ќе се знае што ќе се прави повеќе“, вели член на СРД Св. Апостол Петар, Борис Ѓеорѓиевски.  Спортските риболовци сметаат дека...

Продолжи со читање

Израелски искуства за развој на руралниот туризам

Post Views: 181 Проектот е граѓанска иницијатива која ја отпочна Локалната Агенција за Развој од Струга, во соработка со Израелската агенција за интернационална соработка и развој (МАШАВ). „Резултатите ќе бидат тоа што ќе имаме 30 тренери кои понатака ќе ја шират и водат идејата за развој на рурален туризам во нашите села, а опфатени се и Албанија, Поградец и Тушемиште. За десет дена ќе ги имаме првите тренери, а понатаму од нив ќе зависи како тоа ќе се развива“, истакна координаторот на проектот, Катерина Василеска.Во насока на зајакнување на односите помеѓу Израел и Македонија,...

Продолжи со читање

Проектот „регулаторна гилотина“ во Охрид

Post Views: 218 Активноста на министерството за информатичко општество и администрација во проектот „регулаторна гилотина 4 та фаза предност на малите претпријатија“, стигна и во Охрид. Министерот за информатичко општество пред присутните образложи што претставува проектот и која е целта. Тој потенцираше дека со овој проект малите претпријатија многу би добиле. „Идејата е откако ќе ги добиеме предлозите се што ќе биде прифатено од институциите ќе биде ставено во една рамка и со таа рамка ќе се следат институциите колку тоа брзо ќе го завршат. Од првите три фази првата беше 100% завршена,...

Продолжи со читање

Нова категоризација на хотелските капацитети

Post Views: 189 Министерството за економија подготвува нов, построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Отсега за еден хотел да се стекне со четири ѕвездички, неопходно е да има базен, а за пет хотелот задолжително треба да има базен, фитнес и спа-центар. Новиот правилник предвидува и зголемена квадратура на собите, и тоа 14 метри квадратни за еднокреветна соба за хотел со пет и 12 метри квадратни за соба за хотел со четири ѕвездички. Овие измени нити ги изнанадија, нити разочараа охридските хотелиери. Манаџерот на хотелот Силекс, Тоше Чочороски вели...

Продолжи со читање

Велгоштани на протест

Post Views: 188 Недовршената канализациона мрежа и неасфалтираните сокачиња причина за протести во Велгошти. Иако не во голем број жителите од ова село проговорија за проблемите со кои се соочуваат.„Пред две години започнавме со изградбата на канализационата мрежа во Велгошти. Не се завршени уште споредните патчиња. На неколку пати имаме барано од локалната самоуправа да се изврши санирање на истите, но досега немаме никаков одговор. Жителите се револтирани затоа што ние сме блиску до градот и во 21 век не доликува да газиме по вакви улици и да ги кршиме автомобилите“, вели претседателот...

Продолжи со читање

Во Струга отворена првата канцеларија на „Агрооператива“

Post Views: 212 Агроператива ќе се залага за едукација на земјоделците и нивно доусовршување. Токму оваа канцеларија ќе бидат алка која ќе ги поврзува земјоделците и министрството за земјоделство.  „Канцеларијата ја отвораме за да им служи на земјоделците  и фармерите за да може овде со нас да ги реализира своите цели“, вели претседателката на „Агрооператива“. „Сите заинтересирани здруженија ќе може да ја користат услугата на оваа канцерија која ќе им биде сервис на сите земјоделци и на сите оние на кои ќе им треба совет, насока, стручна литература организирани и квалитетни земјоделски...

Продолжи со читање

Започна изградбата на општата болница

Post Views: 192 Ветено направено. Од фирмата „Виа Игнација“ денеска започнаа и со градежните активности во Општата Болница во Охрид. Сопственикот на Фирмата која го доби тендерот Ѓоко Угриноски во телефонскиот разговор истакна дека рокот од осум месеци нема да го пробие, не само затоа што доколку не се испочитува договорот пеналите се многу големи, туку и поради тоа што е човек од збор и добро си ги знае своите способности.  Од општата болница велат дека за да се скрати изгубеното време од фирмата  „Виа Игнација“ одлучиле истовремено да работат на повеќе позиции. Сведоци бевме дека...

Продолжи со читање

По обвинувањата се огласи и ОО на СДСМ

Post Views: 186 Претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски, на денешната пресс конференција на Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ го преведе како „ДНО“ на политичката и воопшто човечката комуникација. Тој  обвини дека човек не може да поверува до кои граници може да оди фрустрацијата, приземноста и некултурата на една партија, поточно како што кажа на таканаречени политичари кои во Охрид ја претставуваат Партијата која шест и пол години е на власт во Република Македонија. Јованоски крајно разочаран по вчерашните обвинувања од претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Михаилов кој во изјавата...

Продолжи со читање

Четири хотели ќе никнат во НП Галичица

Post Views: 207 Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита.„ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа населените...

Продолжи со читање

На мета на инспекторите – дивите превозници

Post Views: 217 Акцијата на Министерството за транспорт и врски, за искоренување на дивите превозници преку државниот инспекторат ги бележи првите позитивни резултати. Од Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“ задодоволни што конечно ќе се воспостави ред. „Како резултат на таа акција приходите бележат пораст од 40 -60 % што е добра цифра и од нас очекувана. Не е тешко да се согледа каква загуба трпевме години наназад, но покрај нас загуба трпеше и државата со тоа што тие не плаќаа данок“, вели член на координативното тело на здружението на превозници „Исток“, Димитар...

Продолжи со читање

Протести пред општинската зграда во Струга

Post Views: 243 „Еден затвор помалку“, „Заменик министре имате страв од образовани албанци“, „Во Македонија има 28 училишта со 3 -5 ученици, а во Подгорци сме 23 ученици“, се дел од пораките кои децата од Подгорци ги носеа денеска на протестите пред општина Струга. „Денеска протестираме за правата на нашите деца“, велат родителите кои беа исто така пред општинската зграда во Струга.„Си ги бараме правата. Нашите деца да одат во своето училиште  во селото каде што се родени. И ние како и сите граѓани плаќаме данок за деца, за се плаќаме данок. Овде сме родени и овде бараме права ние“,...

Продолжи со читање

Охридските образовни институции континуирано работат на еколошката свест

Post Views: 208 Интернацоналното собрание на национални оператори од земјите членики на светската фондација за еколошка едукација се одржува во Охрид.  По тој повод видни гости од цел свет, екологисти и научници кои ја промовираа еколошката програма ги посетија градинката Јасна Ристеска и основното и средното училиште Св. Климент Охридски.  Охридските образовни институции кои континуирано работат на зголемување на еколошката свест ќе можат да користат средства од европски фондови. Градинката во еко проектот е вклучена од 2009 год. „Цртежите на тема екологија постојано се присутни...

Продолжи со читање