Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

raspeano ribarce

Започна детскиот фестивал распеано рибарче

Views: 84  Весело, разиграно, распеано и годинава во центарот за култура, на фестивалот „Распеано рибарче“. Првата приредба од детскиот музички спектакл ја проследија дечињата од основните училишта од Пештани, Велгошти и Кочо Рацин. Учесниците пак, возбудени и задоволни што се дел од 14тото фестивалско издание на „Рапеано Рибарче“. Организаторот задоволен од интересот на охриѓани за овој фестивал. Петкуќески вели, започнавме сосем случајно, но од година во година прераснавме во симбол на Охрид. „Далечната 1998 год за прв пат го организиравме овој детски музички фестивал кога осмисливме во...

Продолжи со читање

zgrada _hipoteka_ kredit

Општински имот за кредит

Views: 77За кредитното задолжување на ЈП Нискоградба локалната како загол дава административно деловна зграда, обелоденуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.„Имено, на последната седница на Советот на општина Охрид, мнозинството во советот предводено од СДСМ усвои одлука со која како гаранција за кредитното задолжување од 6 милиони денари на ЈП Нискоградба се дава вториот кат на оваа административно деловна зграда, сопственост на општина Охрид. До кога локалната самопурава и мнозинството во советот предводено од СДСМ недомаќинското и расипничко трошење на јавните претпријатија ќе го покрива на товар...

Продолжи со читање

sportski igri

Спортски ден во Охрид

Views: 77„Со спорт против лошите пороци за подобро здравје“, е мотото на Спорските игри кои денеска се одржаа во Охрид.  Спортскиот ден ги обедини основците и средношколците од општина Охрид и Дебрца.  Децата се натпреваруваа во дисциплините атлестки трки, одбојка, шах и пинг понг. Спортскиот ден е во организација на сојуз на училиштен спорт и локалната самоуправа. Благодарение на заложбите на овој тим, изминативе три месеци функционираше и училишна лига во мал фудбал во која учествуваа основните и средните училишта за што имаше и голем публицитет во јавноста. „Денеска имаме мото „Со спорт...

Продолжи со читање

vraboteni komunalno

Ќе се штрајкува се до земање плата

Views: 88Во очи на туристичката сезона Струга се затрупува со смет. Продолжува штрајкот на вработените во ЈП Комунално Струга. Надлежните наместо со пронаоѓање на решенија за излез од кризата и подмирување на заостанатите плати на вработените, продолжуваат со мобинг.  Штрајкувачите се категорични дека повеќе не можат да издржат да одат на работа, а за тоа да не добиваа надомест. Тие јавно потврдуваат дека плата одамна не зеле, поточно дека одамна на нивната жиро сметка не бил префрлен надомест. „Зборуваат дека извршителите не можат да постапат по овој случај бидејќи има рамка извршување по...

Продолжи со читање

gimnazija

Гимназијалците се обучуваа за семејно насилство

Views: 83Средношколците од Гимназија се едуцираа за семејно насилство. Предавањата ги одржаа претставници од СВР, на проект од женскиот центар „Бисера“. Гимназијалците со внимание го следеа предавањето и покрај тоа што добро се информирани каде треба да се обратат доколку забележат случај на семејно насилство кај нивни соученици. Од „Бисера“ велат дека тие како женско здружение на проблемот за семејното насилство работат уште од 1995 год. Претседателката на здружението, Наде Мартиноска се сеќава дека на почетокот оваа тема била табу, но дека како изминувале годините многу се постигна со...

Продолжи со читање

urbana oprema

Програмата за урбана опрема сега пред советниците

Views: 84Првиот човек на заводот за заштита на спомениците на културата Тања Паскали Бунташеска вели дека програмата е добра и дека заводот нема забебелешки по однос на истата.      „По она што е нацртано сметаме дека е во ред и дека се е вклопено според законот на Охрид. Го нема панаѓурот специфицен за минатите години. Се што е планирано е нормално и изводливо доколку се спроведе како што е зацртано нема да има никаков проблем“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска.Според програмата Фрижидери за сладолед е предвидено да се постават строго по приобалниот дел или по...

Продолжи со читање

kabli

Американци во Струга ќе градат фабрика за кабли

Views: 74Активностите на владата за привлекување на инвеститори во земјава, полека почнуваат да даваат резултати. Министерот за економија Ваљон Сарачини признава дека владата напорно работи за да ја подбри бизнис климата во земјава со цел да ја зголеми целокупната инвестициона клима во Македонија. Сарачини открива дека во завршна фаза се преговорите со Американска компанија за изградба на фабрика за кабли во Струга.„Тоа што последно го разговаравме со директорот на агенцијата за странски инвестиции е дека има веќе сериозна компанија Американска која е заинтересирана да инвестира во Струга ...

Продолжи со читање

angliska literatura

Англиско катче во ОУ Братство Единство

Views: 80Основното училиште Братство Единство доби Англиско катче.  Тоа официцијално започна со работа денеска, а истото е наменето за учениците од матичното училиште, но и за дечињата од останатите училишта во  Охрид. Учениците веќе го посетиле и се радуваат што токму таму многу повеќе ќе го научат англискиот јазик. Англиското катче е замислено како центар  или библиотека која учениците би ја користеле помеѓу часовите, но и како училница за време на часовите. Наменета е за сите основци кои имаат желба да читаат англиска литература.„Проектот го работевме долго време. Идејата почна лани, но...

Продолжи со читање