Автор: Валентина Неловска
Post Views: 560 Се отвора психо-социолошко советувалиште за поддршка на жителите од регионот. Во рамките на ОО ЦК ќе работи советувалиште за давање помош во подобрување на менталното здравје на граѓаните. Во советувалиштето ќе работи стручен тим од психолози, педагог и социјален работник. Марија Чанова е дип.психолог и педагог, лиценциран советодавач со долгогодишно работно искуство во делот на менталното здравје и личниот развој. Зборот и доброто насочување на мислата, давање на поддршка и позитивна енергија може многу да придонесат за подобрување на целокупното здравје. Оваа активност...
Италијаните одушевени од Охридско црно
Post Views: 698 Автохтоната винска сорта Охридско црно ги воодушеви Италијаните. Виното е производство на винаријата Мал Св.Климент од Охрид која беше дел од винскиот саем SLow wine fair 2023 во Болоња, Италија. Будимир Соколовиќ, сопственик на винаријата и дестилерија, споделува искуства од учеството на меѓународниот саем. Манифестацијата беше посетена од љубители на добро вино, сомелиери и увозници на вино, а изложени беа 750 винарии од целиот свет, информира Соколовиќ. Меѓу нив имаше и 12 Македонски производители, со 40 етикети вино, од мали, семејни винарии со производство до...
Тешко кој нема за леб, коментираат охриѓани
Post Views: 333 Пекарите, утрово, не испорачаа бел и полубел леб по цена од 33 денари во маркетите и продавниците. На полиците во некои продавници можеше да се купи само сечениот бел леб со рок на трајност или поскапите пакувани лебови. Граѓаните не се изненадени од одлуката на пекарите ама се во очекување како ќе се развива понатака снабдувањето во трговијата со лебот, основниот прехранбен продукт за поголемиот дел од населението.„Искрено, ова не се знае кој јаде, а кој пие, до каде ќе се оди. Треба да се реши и за едните и за другите, да е еднакво и во полза на сите .„Условите...
Замрзна цената на лебот
Post Views: 320 Владата пресече за цената на лебот. Белиот и полубелот леб со тежина од 450 грам ќе се продаваат по фиксирана цена од 33 денари од утре до 31 мај. Иако, производителите добиваа субвенција за електрична енергија, цените на производите не ги намалија или ги намалија незначително. Крајната цел на субвенцијата, како што нагласи премиерот Димитар Ковачески, беше да се овозможи пониска цена на производите за граѓаните, па од тука мерката се укинува. Намерата е да не дозволиме едни да плаќаат, а други да се богатат , кажа премиерот. Нема да дозволам неоправдано покачување...
Дојава за бомба во охридскиот суд
Post Views: 386 Лажна дојава за бомба ги вознемири утрово вработените во Основниот суд во Охрид. Неколку минути пред 8 часот, вработените ги напуштија работните просториите во судската зграда, по дојава за подметната експлозивна направа.Од СВР информираа дека по добиената закана од непознато лице на електронска адреса на судот, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа е извршена и детална антитерористичка проверка. Откако се утврдило дека станува збор за лажна пријава вработените се вратиле на своите работни места.За...
Управно тело за заштита на трската
Post Views: 410 Заврши проектот Мапирање и управување со трската на Охридското езеро. Финализирана е проектната идеја за подигање на јавната свест и едукација на младите за значењето на езерската трска спроведен од Регионалниот зелен центар од Охрид.Се реализираа бројни активности со активни истражувања на терен, обновени се податоци за состојбата со трската од пред 10 години , мапиран е појасот на трската со критичните точки на загрозеност, одржана е едукација на најмладите во основите школи, снимен е краток документарен филм, набројува Ана Бојаџиева за реализираните проектни...
Се зголемуваат насади со јаткасти овошки
Post Views: 434 Сопствениците на земјодлески површини подигаат насади со нови култури. Во регионов расте интересот за одгледување на јаткасти овошја. Овоштарите внимателно го следат нагорниот тренд со подигање насади на орев, лешник и бадем кој во земјава зема се поголем подем, велат стручните лица. Агрономот, Мирослав Трајчески посочува дека има повеќе причини зошто овие култури стануваат се поинтересни за овоштарите да инвестираат во подигање на вакви насади.„Популарно станува во споредба со јаболковите насади. Има низа предности во однос на тековното одржување, инвестирање,...
Хотам сака соработка со стручните училишта
Post Views: 314 Хотелско -угостителскиот сектор е подготвен за соработка со државниот регионален центар за стручно образование „Ванчо Питошески“ од Охрид. За да се вклучат кадрите во работа во овој сектор треба да се стекнат со поголемо искуство и знаење. Учениците во стручните школи мора да имаат повеќе практична работа како што е тоа случај со учениците во западните земји, вели Крсте Блажески претседателот на Хотам. Учениците во тие земји 70% од учењето во угостителството го спроведуваат со практична работа во хотелите и рестораните, а 30 % во школските клупи. Кај нас учениците...
Заштитена од пропаѓање музејска збирка птици
Post Views: 510 Реставрирана и преуредена оштетена диорама со препарирани езерски птици. Барските птици се дел од природонаучната збирка во струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“. Станува збор за превезан, познат вид барска птица од Охридското езеро. Васко Јолески, самостоен препаратор на животни од музејот споделува како се одвивала постапката за заштита на птиците кои се наоѓаат во изложбената витрина.„ Се отвори диорамата и се спречи пропаѓањето на експонатите. Целосно се реоформи и се направи нова. Во внатрешнит дел имаше мов, ставен од порано, несоодветен за тој...
Социјалдемократите повикуваат не за новите административни вработувања
Post Views: 309 ОО СДСМ е против новите вработувања во општинската администрација. Локалната власт бара од советниците согласност за измени на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година во услови на глобална економска и енергетска криза на утрешната 24 та седница на Советот на општина Охрид, истакна портпаролот Јован Крлев. ВМРО ДПМНЕ побара согласност за унапредување на 8 работници и согласност за вработување на 14 нови работници наспроти испразнатите 4 места по основ на пензионирања.„Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ на овој начин покажува тотална несериозност,...
Усвоена листа со рангирани проекти
Post Views: 311 Советот на Југозападниот плански регион ја прифати Годишната приоритетна листа со проектни идеи. Тие се предложени и рангирани од претставници од општините, бизнис секторот, образовни и научни установи, јавни претпријатија кои учествуваа на циклус одржани форуми, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Форумот прифатил и рангирал 15 проектни предлози во интерес на граѓаните. За првите три проекти ќе се обезбедуваат средства од Бирото за регионален рамномерен развој во висина од 58 милиони денари, напоменува Лозаноска.„Поставување...
Охридски пица мајстор на светско првенство
Post Views: 716 Пица мајсторот Деанчо Трајанов Чеде забрзано се подготвува за учество на светското првенство во Италија за подготовка на пица. Охридскиот пица мајстор ќе учествува во правање пици на натпревар по втор пат. Оваа година, своето мајсторство ќе го презентира во три категории. Во првата категорија, подготовка на пица класика, ќе се претстави со Македонски производи. Пицата ќе биде целосно подготвена од македонските артикли, вели Чеде, и ги набројува продуктите којшто ќе ги користи како тетовско брашно, овчо сирење, ајвар, пршки, рукола, домати. Сепак, неговиот сон за да...