Автор: Валентина Неловска
Post Views: 32 Документарниот филм „Каде си Адаме“ е приказ за монашкиот живот во манастир Дохијар на Света Гора. Автор на филмот, е украинскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, а режијата е на Александар Запорошченко. Плиска го снимал филмот за монасите кои се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот четри години, а за време на неговиот десетгодишен престој на Света Гора. Монасите пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието и радоста. Плиска напоменува, филмот нема пораки до гледачите и остава слобода секој да се сретне лично со...
Oхриѓани порачаа да се намали сиромаштијата
Post Views: 16 Караванот „Собрание за граѓаните“ претстојуваше меѓу охриѓани. Четворицата охридски пратеници од позицијата и опозиција, Жаклина Лазареска и Лазо Танески од СДСМ , како и нивните колеги од опозициската Вмро Дампне, Лидија Петкоска и Грациела Бакраческа имаа средби со нивните сограѓани. Охриѓани им упатија пораки на народните избраници.Пратенците да работат во интерес на граѓаните, да се намали сиромаштијата, беа дел од пораките на охриѓани упатени до пратениците од Охрид. Целта на караванот е на средбите лице в лице да се слушнат проблемите, забелешките и...
Прличевци не сакаат сивило и бетон
Post Views: 10 Основците од |||-2 од „Григор Прличев“ упатија еколошка порака. Порачаа дајте ни зелено наместо сиво, дајте ни парк наместо бетон. Учениците заедно со родителите и наставничката уредија еколошко катче и организираа акција за покревање на еколошката свест под мотото „Ние и климатските промени“.Проектот за подигнување на еколошката свест кај најмладите се организира во месец ноември, месецот посветен на Правата на децата, а со поддршка од Советот на родители и училиштето, кажува Лилјана Ефтимовска, директорка на основното училиште.„Децата покажаа...
Јапонскиот амбасадор ја посети охридската болница
Post Views: 19 Амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада ја посети ЈЗУ Општа болница Охрид. На хируршкото одделение направија увид на затворање на јапонскиот грант за набавка на подвижен рендген апарат кој чини над 60.000 евра заедно со градоначалникот Кирил Пецаков и директорот на болницата Асен Шаин. Амбасадорот Савада од името на својот народ напомена дека е среќен што Македонскиот народ ја има нивната поддршка за подобри здравствени услуги кои се прават во рамките на јапонскиот проект GGP „Mали грантови за основни потреби и човекова безбедност“.„Драго ми е што во...
Да се гордееме со нашата традиција
Post Views: 9 Имаме автентично плодно богато поднебје и традиција. Да не се срамиме туку да го издигнеме на повисоко ниво со едукација за градинарството и сточарството во нашите школи. На учениците природно да им се всади љубовта кон земјата и домашните животни, а не да се срамат од работата на нива или на фарма, споделува Наташа Неданоска професор по Македонски јазик и домаќинка во Пирустија од селското домаќинство во с.Рамне. Неданоска со голема љубов ги споделува нејзините искуства кои ги носи во себе , но и кои ги стекнала од контактите со посетителите за кои со нејзиното...
Социјални пакети за семејствата во ризик
Post Views: 8 Поделена хуманитарна помош за 250 семејства во социјален ризик. Пакетите со храна и средства за хигиена беа доделени на социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца. Со оваа хуманитарна акција заврши кампањата „Недела во борба против гладот“. Членовите на Лајонс клубот „Десарети“ по 15 пат се вклучуваат во оваа кампања за да им помогнат на сограѓаните кои се нашле во тешка економска состојба во соработка со Општинската организација на Црвен крст, напоменува Устијана Речкоска Шикоска претседателка на Лајонс клубот Десарети.„Има многу социјално ранливи...
Проектни концепти за подобар живот
Post Views: 7 Општините од Југозападниот плански регион започнаа со подготовки на проектни концепти за подобрување на животот и услугите на граѓаните, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Центарот со дел од нив ќе аплицира за искористување на средства од националниот буџет и од странски донатори. 50 тина претставници од општините од регионот, од бизнис секторот, невладиниот сектор , образование и други поединици учествуваа на првиот форум каде што беа презентирани проблеми и се предлагаа решенија. Интерес има за да се...
Хотел Радич најдобар документарец на Манаки
Post Views: 11 Документарниот филм „Охридските хотели и хотел Радич“ од Љупчо Паункоски е добитник на Првата награда и Гран при награда на Филмскиот фестивал Манаки. Наградениот филм е во категоријата краток документарен аматерски филм ,во период кога годинава се слави јубилеј 3 децении од постоењето на филмскиот фестивал Манаки. Меѓународно жири од 10 члена го додели ова високо признание во конкуренција од 40 меѓународни документарни филмови во оваа категорија. Охриѓанецот Паункоски ја споделува големата сатисфакција од наградата и високото признание кое ќе му биде врачено,...