Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридскиот атлетски маратон ќе се одржи на Денот на независноста

Post Views: 103 На Денот на независноста, 8 септември по триесет и втори пат ќе се одржи Меѓународниот Охридски атлетски маратон. На патеката од Св. Наум до Охрид, во должина од 30 километри ќе трчаат маратонци од повеќе земји од светот. Досега се пријавени 130 маратонци, а бројот се очекува да се промени и да се надмине минатогодишната бројка од 147 учесници. За оваа спортска манифестација се завршени сите подготовки, а е поддржана од Локалната самоуправа, македонската Атлетска федерација, Агенција за млади и спорт и многу други пријатели на маратонското трчање, информираат од...

Продолжи со читање

Охридските градинки се безбедни и нема место за аларм со бактеријата стрептокок

Post Views: 129 Нема место за аларм со бактеријата стрептокока во детската градинка Лихнида и во другите објекти каде што се згрижени децата, информира Мери Рилкова, директор на детската градинка Јасна Ристеска. Директорката сподели податоци за состојбата со бактеријата во објектот Лихнида и во другите објекти. Од 83 деца згрижени во сите групи само кај 13 дечиња била пронајдена бактеријата стрептокока. Брисеви од нос и грло биле земени и од 500 деца кои требало да се запишат во градинка, вели Рилкова. „150 деца имале позитивен наод, а не посетувале градинка во летниот период,...

Продолжи со читање

Претставата „Во фиока“ по втор пат пред охриѓани

Post Views: 113 Јован Цветкоски и Ристе Лекоски, се дел од аматерската театарската екипа во преставата „Во Фиока“. Волонтерите на младинскиот театар на ОО Црвен крст, пред охриѓани, со оваа претстава ќе настапат по втор пат по скоро два месеци. „Во Фиока“ е претстава со која се бараат изгубените вредности во морето алчност, себичност, хипокризија, неукост. Надежта сепак постои скриена некаде во фиока само треба да се отвори, вели Лекоски.„Се зборува за изгубените вредности во нашата земја. Јас сум носител на главната улога, мојата улога е стебло. Сите сцени се мои сеќавања кои во...

Продолжи со читање

Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“

Post Views: 99 Mеѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“ ги седна на иста маса научниците од повеќе Балкански држави. Професор Рубин Земон од Институот Евро Балкан напоменува дека продолжуваат со конференциски излагања научници од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија. Со презентација на најновите истражувања во однос на културното наследство, се развиваат релациите и се разменуваат културите, дополнува Земон. „Нашите релации со Турција се од Отоманската империја и перидот од пост Отоманската империја. По Балканските војни има голема...

Продолжи со читање

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид упатија сериозни обвинувања на адреса на градоначалникот

Post Views: 133 Злоупотребите за рекламирање европски вредности од страна на СДСМ и градоначалникот Стојаноски се видливи пред охриѓани, на прес конференција упати обвинување Сашо Донев претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ. „Градоначалникот Стојаноски заедно со директорите на Јавните претпријатија се испратени во неуспешна мисија од својот ментор Зоран Заев да нудат лажна надеж. Наместо да бидат на своите работни места тие водат гола дневна политика под превезот на промоција на референдумската кампања, се обидуваат да го подобрат нивниот личен рејтинг кој е никаков и резултат на неработењето...

Продолжи со читање

Бактерија стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида

Post Views: 233 Стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида, јавуваат загрижени родители чии деца го посетуваат овој објект. Тврдат дека околу 80 деца од сите групи во градинката Лихнида имале позитивен наод на задолжителениот брис од грло и нос кој треба да го направат за да бидат згрижени во градинка. Стравуваат за здравјето на своите деца и јавно прашуваат дали градинките се безбедни. За одговор на ова прашање, ТВМ ја контактираше Мери Рилкова, директор на ЈГДУ „Јасна Ристеска“. Рилкова информира дека само една третина од децата кај кои е констатирано...

Продолжи со читање

Несреќа на реката Црн Дрим, од струен удар повредени четворица излетници

Post Views: 307 Несреќен случај се случи вчера попладне, околу 19 часот,  во близина на Ташмаруништа, во водите на реката Црн Дрим. Излетници од Струга пловеле со чамец по течението на реката Црн Дрим кога настрадале  четворица стружани, а двајца од нив се здобиле со потешки повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. „ До несреќата дошло кога во чамец, во кој се наоѓале 10 лица, пловел под далновод по течението на Црн Дрим кон правец на Глобочичкото езеро кога едно од лицата при  механички допир со жиците од далноводот предизвикало струен удар“.Останатите шестмина...

Продолжи со читање

За 483 охридски првачиња почна првиот училишен ден

Post Views: 181 Училишното звоно, утрово, за прв пат се огласи за охридските првачиња. Во училиштата се одржа свечен прием на првачињата. Градоначалникот Јован Стојаноски беше во посета на неколку школи и на почетниците им посака успешен старт. Бидете среќни и борете се да бидете уште една успешна генерација како ипретходните, да бидете гордост на нашиот град, рече Стојаноски. Градоначалникот им упати порака на наставниците и родителите од ОУ „ Христо Узунов“. „Да се борите за квалитетно образование на вашите деца, зборувам како родител, човек и професор, дека нема повредна инвестиција...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на средба на пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром

Post Views: 178 Пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром на средба споделуваа сознанија и животни искуства за оваа ретка болест на бубрезите. Охрид е домаќин на првата средба на Балканот за Алпортов синдром со цел сензибилизација на јавноста за оваа ретка болест. Станува збор за сериозна наследна болест која предизвикува прекин на функцијата на бубрезите, информира Проф. д-р Велибор Тасиќ од Детската Клиника, оддел за нефрологија. „ Болеста се открива во детството и во тинајџерската возраст. Прв симптом е мокрење на крв пропратено со респираторни инфекции и влошување...

Продолжи со читање

На охридското крајбрежје се сумираат туристичките резултати за оваа летна сезона

Post Views: 104 Хотелиерите ги сумираат туристичките остварувања од летната сезона 2018. Задоволни се од резултатите бидејќи расположливите хотелски капацитети во изминатите месеци биле исполнети и до 90 проценти. Во шпицот на сезоната туристите барале и легло повеќе. Крсте Блажески, претседателот на Хотам напоменува дека подолго се во ситуација кога не можат да ги исполнат барањата на туроператорите во поглед на сместувачките капацитети. „Нема доволен број на легла и покрај тоа што на крајбрежјето се изградија неколку нови хотели во изминативе две – три години. Бројот не...

Продолжи со читање

Задолжителни лиценци за земјоделците пазарџии

Post Views: 106 За закуп на тезги на зелените пазари наскоро ќе следуваат измени со кои ќе се сузбива нелојалната конкуренција. Во тек се измени во Законот за трговија на зелените пазари со кои се предвидуваат воведување на задолжителни лиценци за пазарџиите, но и плаќање одредена тарифа за здравствено и пензиско осигурување. Пазарџиите без лиценца нема да може да закупат тезга, а тоа е начинот да се знае кој продава, велат од Стопанската комора на Македонија. Лиценца ќе се издава само на невработени лица. Пензионерите, како досега нема да може да добиваат лиценца за закуп на тезги....

Продолжи со читање

Изградбата на нова училишна зграда на „ Братство Единство“ ќе почне во второто полугодие

Post Views: 124 Двете училишни згради во ОУ„ Братство Единство“ се подготвени да примат околу 1000 учениците во три наставни јазици во учебната 2018 /2019, информира директорот Џемал Мехмед. Изградбата на новата училишна зграда која беше најавена за оваа есен ќе почне со изградба од идната пролет. „Првото полугодие ќе продолжи како и досега во двете училишни згарди. Двете се подготвни да ги примат ученицте. Се надеваме дека од второто полугодие учениците од централната зграда, како што беше најавено, најверојатно,  ќе се преселат во ОУ Св.Климент Охридски. Потпишан е протокол со...

Продолжи со читање