Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Масовно труење на напуштени кучиња се случи на градскиот плоштад

Post Views: 22 Мачна слика на градскиот плоштад од агонијата во која се најдоа две бездомни затруени кучиња. Засега непознат сторител се обидел масовно да ги отруе напуштените кучиња во градскиот парк. Овој нецивилизиран чин, кој наиде на остра осуда од охриѓани, заврши со едно пцовисано куче, а за две, ветеринарот кој дојде на повик на Здружението за заштита на животните „ Анималија“, се бореше да им ги спаси животите. Климент Арнаудов, активист од Анималија, стравува дека бројот на затруени кучиња може да биде поголем. „ Може има и други отрови расфрлани на околу. На терен...

Продолжи со читање

Одбележан 7 ми Ноември Денот на ослободувањето на Охрид

Post Views: 31 Охрид го одбележа 7 ми Ноември Денот на ослободувањето. Со полагање на 75 рози за 75 години слободен живот градот им одаде почит на сите борци кои дале придонес во стекнување на слободата од фашистичкиот окупатор. Во организација на Општина Охрид и ОО Сојузот на Борци се одржаа бројни свечености. Се одржа и свечена академија на која се обрати градоначалникот Константин Георгиески. Денес, се потсетуваме на пожртвуваноста на борците кои пред 75 години ги вградија своите животи за слободата на Охрид, рече меѓу другото во обраќањето Георгиески.   „Историјата...

Продолжи со читање

Се поставува фекална канализација во делови на Лескоец

Post Views: 18 Повеќе споредни улички кои се сечат со главната улица Илија Смически во Лескоец ќе бидат поврзани на фекална канализација. Се поставуваат цевковод фи 200 и шахти. За дел од жителите од Лескоец тоа ќе значи решавање на голем комунален проблем и крај на постоечките септичките јами на кои досега беа поврзани жителите од ова приградска населба. „Екипи на Нискоградба работат на градежни зафати на 3 краци од улицата Илија Смически во должина од околу 300 метри. Планирано е да се работи и на уште еден крак и на дел од патот што води од селото Лескоец кон селото...

Продолжи со читање

Мал е одзивот за почитување на законската регулатива од Законот за вршење на занаетчиски дејности

Post Views: 17 Заврши на 1-ви ноември рокот за вадење дозоволи за работа за занаетчиите и вршителите на занаетчски дејности. Според, измените на Законот за вршење на занаетчиска дејност досега само 96 занаетчии од 250 регистрирани во охридската Занаетчиска комора имаат дозвола за работа. Бројот пак, кај вршителите на занаетчиска дејност во Охрид е уште помал. Од 500 евидентирани во Министерството за економија само 13 -мина го испочитувале законскиот рок од 2 годишно прилагодување, вели Сашо Богоески , претседателот на Занаетчиската комора на Охрид. „Нема вршење на занаетчиска...

Продолжи со читање

Нема податоци колкав е бројот и против кого се води постапка за загдување на животната средина

Post Views: 11 Македонските граѓани живеат во нездрава еколошка средина. Јавноста  е секојдневно бомбардирана со податоци за  аерозагдувањето, загадувањето на водата и почвата. Евегенија Крстевска, адвокат и докторант од областа на правото на води при Филозофскиот факултет, тврди дека во земјава недостасуваат точни податоци колкав е бројот на претставки кои граѓаните и НВО ги покренале против загадувачите на животната средина до надлежните институции и Јавното обвинителство. Нема податоци ни за кои сторители е досега покрената постапка на гонење, вели Крстевска. „Самите...

Продолжи со читање

Започна чистењето на речните канали во околинатa на Охрид

Post Views: 18 Жителите кои имале проблеми со излевање на водите од речните корита на Коселска, Сушица и Грашница стравуваат дека е можно повторно да им се случат поплави доколку не се исчистат речните канали. Тие посочуваат дека во речното корито на Коселска, но и во останатите речни корита, под влијание на долгиот сушен период кој траеше од месец јули па се досега нема ни капка вода, а тоа носи опасност каналите да бидат обрастени со вегетација и корења кои ќе го попречат нормалниот водотек. Како втор проблем, го наведуваат органскиот отпад кој завршува во речните корита, а...

Продолжи со читање

Завод и музеј финансиски ќе ја помага заштитата на неколу приватни објекти во Охрид

Post Views: 16 НУ Завод и музеј обезбеди средства од ресорното министерство за реконструкција на 5 приватни објекти во Охрид. Станува збор за заштита на семејните куќи на Ленче Петанова на ул.Димитар Влахов, Томислав Стефоски на ул. Гоце Делчев, Славко Патчев на ул. Цар Самоил, Стевче Талев на ул 11 Октомври и куќата на Момирови во сопственост на Завод и Музеј на ул. Илинденска. Со тоа продoложува институционалната грижа во заштитата на приватните објекти кои со својата архитектура се дел од значајното културно наследство , информира Даниела Недељковиќ, в.д. дир на Завод за...

Продолжи со читање

НП Галичица ги промовираше новата веб страна и мобилна апликација за посетителите

Post Views: 14 НП Галичица ги следи светските примери во управувањето со природните ресурси. Од прогласувањето пред 6 децении до денес националниот парк се трансформира и ги менува активностите во користење на природните ресурси на планината. Денес, во рамките на одбележување на јубилејот беа промовирани нова веб страна и мобилна апликација. Посетителите ќе добиваат повеќе информации и слики со што ќе им стануваат подостапни убавините на псркот, кажа Васко Паскали, директор на НУ НП Галичица. „Се повеќе се имплетираат туристичките активности за разлика од порано кога паркот се...

Продолжи со читање