Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Сопствениците на градежната парцела: Станарите со протестото се изманипулирани, градбата е легална

Post Views: 316 Сопствениците на градежната парцела кај комплексот згради на Булевар Туристичка упатија реакција против вчерашниот протест на граѓаните против изградбата на висококатница. Во името на сопствениците на градежната парцела, Илија Целески , тврди дека граѓаните се изманипулирани, а во јавноста се изнесени тешки лаги и манупулации. Ние, претходно баравме средба со граѓаните за да им ги презентираме сите документи и законски постапки како сме дошле до одобрението за градба, но до средба не дојде, жители од соседните згради ја одбија средбата. Најодговорно тврдиме дека...

Продолжи со читање

Протест на станари против изградба на висококатници во зелениот појас

Post Views: 205 На Булевар Туристичка во близина на спортскиот комплекс Билјанини Извори над педесетина граѓани протестира против решението за градба на висококатници на околу 3000 метри квадратни во зелениот појас, како што велат незаконски, пред нивните прозори и тераси. Над 300 жители од овој станбен комплекс кои повеќе од 25 години се станари во околните згради велат дека немаат имотни листови на нивно име иако трансформацијата завршила во 2003 година. Бараат од општината да го поништи решението за трансформација на земјиштето и да си го врати во нејзина сопственост бидејќи...

Продолжи со читање

Еден милион евра за Југозападниот плански регион

Post Views: 376 За рамномерен регионален развој обезбедени се еден милион евра за Југозападниот плански регион од националната програма. Центарот за развој на Југозападниот регион потпиша два проекти кои ќе се реализираат во општините Охрид, Струга, Дебрца, Дебар, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Пласница и Центар Жупа, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот регион. Со првиот проект ќе се подобрува енергетската ефикасност на јавни објекти и ќе се намалува загадувањето на животната средина во општините од Југозападниот плански регион. За ова...

Продолжи со читање

Со поставување на подземни и прес контејнери до почист град

Post Views: 218 Локалната самоуправа и комуналното претпријатие „Охридски комуналец “ планираат да постават околу 30 подземни и 15 прес контејнери во разни делови во градските населби за да има почиста животна околина. Во моментов има подземен контејнер, на несоодветна локација поставен во центарот кај градската библиотека веднаш до споменикот на Григор Прличев, и два прес контејнери во станбениот комплекс Христо Узунов. „ Наша интенција е во зависност од финансиските средства кои ги имаме да започнеме да поставуваме подземни контејнери на потегот по улицата Туристичка, а потоа...

Продолжи со читање

Над 300 охриѓани го оствариле правото да направат увид во списокот

Post Views: 113 Синоќа, на полноќ, заврши увидот во избирачкиот список за претстојниот референдум, во охридското одделение на државната изборна комисија. Марга Димкоска, раководител на подрачното одделение, информира дека ова право во текот на 15 дена од кога сипсоците беа отворени за јавен увид го оствариле 305 охриѓани. Од 9 август па се до полноќ само 5 мина граѓани побарале нов упис во избирачкиот список, додека двајца побарле промена на адреса на живеење. Останатите граѓани направиле рутинска проверка на евиденцијата во единствениот избирачки список.Димкоска, посочува дека...

Продолжи со читање

Советниците ги усвоија шестмесечните извештаи од работата на охридските јавни претпријатија

Post Views: 108 На дневен ред на градскиот Совет денеска беа разгледувани и усвојувани финансиските извештаи од сработеното на јавните претпријатија за изминатите 6 месеци. Советниците од опозицијата упатија низа критики на адреса на раководствата на претпријатијата за сработеното и гласаа против извештаите. Од говорницата се слушнаа критики и аргументи за и против забелешките. Меѓу критиките упатени за работата на градските јавни претпријатија се слушнаа и забелешки во работата на ЈП Проаква. „ Генерално немам забелешка на работата на менаџерскиот тим. Но, имам забелешка на работниот...

Продолжи со читање

Во општина Охрид повторно се актуелизира потребата од изградба на нова детска градинка

Post Views: 358 Потребата од нова градинка станува актуелна во перидот кога стартуваат уписите во оваа година. Родителите се се повеќе заинтересирани децата да им бидат сместени во некој од петте постоечки објекти и во 4 адаптирани одделенија во приградските населби. Бројот на деца во групите во сите градинки се над законски пропишаните нормативи, засега само во градинката во Пештани функционира според пропишаните стандарди. Денеска градските советнци дадоа согласност во групите да има поголем број на деца од законски пропишаниот стандард. „ Несомено тоа води кон намалување на...

Продолжи со читање

Почнува замена на кровот на градинката Развигорче со средства обезбедени од Центарот за развој на Југозападниот плански регион

Post Views: 110 На детската градинка „Развигорче“ во Охрид ќе се заменува кровот со што целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој објект. Инвестицијата е во износ од 1.900.000 денари и е дел од проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти. Минатата година во Развигорче беа заменети старата столарија со нови ПВЦ врати и прозори, објектот доби термо фасада, а беа поправени и сменети санитарните јазли, информира Мирјана Лозаноска директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Оваа...

Продолжи со читање

На Сараиште ќе биде отворен петдневен Базар на ракотворби

Post Views: 106 На осум тезги, 16 локални занаетчии на Сараиште ќе ги презентираат своите ракотворби. Од вечерва па се до недела ќе бидат презентирани уникатни сувенири изработени од вредните раце на охридските занаетчии. Тие пак покажале голем интерес за учество на базарот. Овој пилот проект е на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид со поддршка на Локалната самоупрва , информира Елеонора Новакоска, директор на установата. „ Ние имаме дозвола за поставување на повеќе тезги, но годинава ќе одиме со скратена верзија на проектот. Имаше голем интерес па на една...

Продолжи со читање

По втор пат искршена рампата за влез во Стар град кај Горна Порта

Post Views: 131Искршена рампата кај Горна Порта. Во еден месец ова се случува по втор пат, непознат сторител да го уништува јавното добро. После полноќ, со тврд предмет или удар искршен е читачот на картички, отстранет алуминиумскиот дел од рампата и фрлен, информира Гордана Јованоска , директор на јавното претпријатие „Билјанини извори“. „ Локалната самоуправа е решена да успее овој систем во Стар град. Повторно ќе се сервисира рампата и ќе се пушти во употреба“ , вели Јованоска. Јованоска напоменува дека ова е вандалско дело на опортунисти кои не сакаат новини и средување...

Продолжи со читање

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со критики за охридското здравство

Post Views: 111 Отакако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Медицинските апарати не се поправаат и не се набавува современа медицинска опрема, обвини Кирил Пецаков член на Извршниот комитет од партиската говорница на ОК ВМРО ДПМНЕ. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен. Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството, рече Пецаков. „ Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен...

Продолжи со читање

Отворената забавна фудбалска школа собра над двеста деца на терените на СРЦ Билјанини Извори

Post Views: 144 Над 200 деца на возраст од 7 до 12 години неколку дена ќе играат фудбал на охридскиот СРЦ „ Билјанини извори. 90 проценти од охриѓанчињата кои се вклучија во проектот досега не тренирале никаков спорт, информира Јоне Станкоски еден од носителите на спортскиот проект „ Cross cultures“. Една од целите на проектот е преку дружење децата да градат здрави животни навики, но и да добијат стимулс за понатамошно спортување. „ Да ги поттикнеме кога ќе заминат од овде среќни и задоволни да се спортски поактивни. Имаме проблеми со здравјето на детската популација и начинот...

Продолжи со читање