Автор: Валентина Неловска
Post Views: 16 Во охридското кино ќе се прикажува филмот “Врба на режисерот Милчо Манчески. Шестото долго метражно остварување на Манчески тргнува да ја освојува домашната публика со премиерните проекции кои ќе се случат истовремено во Скопје, Битола, Штип и Охрид. Охридските љубители на филмската уметност ќе имаат можност да го видат најновиот филм на Манчевски по само десеттина дена од светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим. „Прикажувањето почнува утре во петок и ќе се дава во наредните 5 дена се до вторник 5 ноември. Ја поканувам охридската публика да ужива во...
Водата за пиење од селските водоводи во Дебрца не е сподоред законските стандарди
Post Views: 11 Жителите од повеќето села од општина Дебрца пијат вода со лош квалитет. Тоа се должи на нестручното управување со водоводните системи кои се под надлежност на месните заедници, вели првиот човек на општина Дебрца, Зоран Ногачески . „Еден од пропблемите со кои се соочуваме е тоа што до крај не е уредено управувањето со водоснабдителниот систем. Во еден дел е затекната стара состојба каде со водоснабдителниот систем управуваат месните заедници. Според Законот за вода тоа не е дозволиво. Проблемот е во здравствената исправност на водата за пиење. Анализите на...
Средношколците од Јахја Кемал прикажаа различни култури и цивилизации
Post Views: 17Раскошот на Староегипетската култура од времето на Клеопатра 7, воените вештини на Шаолините, цветните Дрогби, тиркизните Бербери беа дел од богатата презенатција на фестивалот на култури и цивилизации. Средношколците од приватното средно училиште Јахја Кемал го одржаа Фестивалот на светски култури и цивилизации. Колеџот е мултикултурно училиште и од тие причини се негува културниот релативизам, нагласува професорката по социологија, Фросина Постолоска. „ Конкретно учениците од трета година самите ги изработија костимите, а ги истражуваа и културите кои ги...
Граѓаните не се борат за своето уставно право за еколошки чиста средина
Post Views: 21 Македонците се почесто дишат загаден воздух, пијат загадена вода, се дават во диви депонии. Досега нема ниедна лична преставка од граѓанин до институциите или судовите за повреда на уставното право за чиста еколошка средина. Граѓаните не ги корист механизмите во заштита на нивното право на здрава животна средина туку тоа го прават граѓанските здруженија, вели Кирил Ристовски претседател на здружение на граѓани Флоразон. Граѓаните имаат оправдувања за својата пасивност. „Генерален заклучок е дека правдата е многу спора во нашата земја и чини многу пари. Основен...
Доцнат изработките на Урбанистичките планови за населените места
Post Views: 14 Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, градоначалниците на Дебрца и Вевчани, споделуваат дека без урбанистичко планирање не е возможно планирање на економски развој на нивните општини. Користењето на сите средства било да се од Ипард програмите или од странски донатори паѓаат во вода без урбанистички планови, велат Градоначалниците. Во овие две рурални општини доцнат изработките на Урбанистичките планови за населените места и најчесто се заглавени во бирократските лавиринти. „Како забелешка да ставам дека постапките за носење на Урбанистички...
На каналот Студенчишта ќе се постават кран за подигање на пловни објекти и видео надзор
Post Views: 15 На каналот Студенчишта ќе се воведуваат две нови услуги за потребите на сопствениците на пловните објекти. ЈП Билјанини извори на потегот со кој стопанисуваат од ова лето ќе ја зголеми безбедноста на пловилата, а ќе го олеснат и внесот и излезот на пловилата од каналот, вели Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. „Стопанисувањето на ЈП кое е сериозно во намерата е во 2020 година да го направи она што го бараа катамаранџиите,а тоа е да се постави кран за кревање на пловните објекти со кој ќе се овозможи пловилата да се иставаат од водата за...
Усвоен ребалансот на општинскиот буџет
Post Views: 10 Одблокирана сметката на ОУ „Григор Прличев“ по денешното усвојување на ребалансот на општинскиот буџет. Мнозинството советници гласаа за предлог одлуката за исплата на долгот на училиштето кон доверителот „Моби Петрол“ Охрид. Мишел Силјаноски, координатор на пратеничката група на СДСМ, кажа дека измените се во интерес на граѓаните.Како најпозитивно го истакна завршувањето на агонијата на ОУ Григор Прличев. „За прв пат по подолго време ќе се од блокира ОУ Григор Прличев што е големо постигнување за да работи нормално. Се правеа напори подолго време од ЛС, а денес...
Потпишан меморандум за соработка меѓу општините од регионот за поддршка на Центарот за спасување на планина
Post Views: 14 Поддршка на Плананиската спасителна служба при Црвен крст Охрид дадоа три општини од регионот. Општина Охрид, Дебрца и Вевчани потпишаа Меморандум за соработка со службата , со кој ги дефинираа меѓусебните обврски за да може службата за спасување да продолжи да функционира и да се развива. Статистиката покажува дека бројот на несреќи кои се случуваат на планина постојано имаат тенденција на пораст, вели Антонио Додевски проект менаџер на Проектот „Регионот Охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“. Службата за спасување на планина...







