Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во Куќата на Робевци поставена групна изложба на академските сликари од семејството Вујисиќ

Post Views: 134 Мирко, Лидија и Марко Вујисиќ се академски сликари од Скопје кои имаат изложба на ликовни дела во Музејот на Робевци. Станува збор за членови од исто уметничко семејство татко, мајка и син кои зад себе имаат голем број групни и самостојни изложби.Лидија Вујисиќ на изложбата се претставува со 10-тина графики во техниката линорез на тема Морфолошки варијации. Таа е графичар , а слика и во други ликовни техники, но препознатлива е и најчесто изложува линорез. „ За прв пат семејно излагаме. Со сопругот сме имале заеднички изложби , но сите тројца со синот ова е прв...

Продолжи со читање

Кучињата скитници ги има во се поголем број низ градскиот парк, по кејот, чаршијата

Post Views: 147 Никако да се стави крај со појавата на кучиња скитници. Напротив, во овие летни денови кучињата ги има во се поголем број. Деновиве, се забележува глутница од напуштени кучиња кои слободно се шетаат низ градскиот парк, по кејот низ чаршијата помеѓу туристите. Кучињата скитници од различни раси и големини ги има и во детскиот парк , а се забележуваат и како пијат вода од градската фонтана. Ваквата појава трае со децении и секој ја доживува на свој начин. Кај некои луѓе предизвикува страв од каснувањ и зарази , кај други сочуство и ги хранат, а најмногу има зачудени...

Продолжи со читање

Охрид го одбележа 2 август Денот на државноста на Македонија

Post Views: 129 Охриѓани го чествуваа 2 август Денот на македонската државотворност. Се одбележаа датумите на двата Илиндени 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од оджувањето на Првото заседание на АСНОМ. Историчарот, проф. Ристо Николески направи историски осврт на развитокот на државата на македонскиот народ. „Државата на македонскиот народ е плод на тешки и долготрајни борби. Иако историјата на македонската нација и македонската државност има многу сличности по својот развоен пат, со многу неисториски народи од некои од словенски држави и народи, но...

Продолжи со читање

Пуштена во употреба современа автобуска станица во Охрид

Post Views: 145 Охрид доби современа автобуска станица на површина од 3200 метри квадратни. На свеченото пуштање во употреба покрај инвеститорот Аднан Исмаил беа присутни премиерот Зоран Заев и градоначалникот Јован Стојаноски. Истовремено беа поставени и темелите за изградба на нов трговски центар. Станува збор за домашна инвестиција вредна 7 милиони евра. Зградата со површина од 1100 метри квадратни има модерни сервисни и услужни простории со чекална, шалтери за продажба на билети, кафетерија. Терминалниот дел пак, е со површина од 2200 метри квадратни и има по 8 појдовни и дојдовни...

Продолжи со читање

Во охридската населба Кошишта спречен пожар од поголеми размери

Post Views: 265 Во охридската населба Кошишта утрово е спречен пожар од поголеми размери на непристапен терен. Во 10.30 минути, во ТППЕ е примен повик за интервенција на пожар во семејна куќа на улицата Вардарска. Петмина пожарникари интервенирале со две возила на непристапен терен бидејќи станува збор за куќи кои се лепенки една до друга. Пожарот е локализиран за 15 минути, а целосно згаснат за 35 минути, информираат од охридската пожарна.За среќа во опожарената куќа е предизвикана материјална штета во само една соба со покуќнина.            

Продолжи со читање

Охридскиот ШК „Ласкер“ организира турнир на отворено

Post Views: 153 Шаховскиот клуб Ласкер на градскиот кеј на отворено го доближува шахот до туристите и охриѓани. На пет шаховски табли се игра шах. Во овие летни денови гостите и мештаните имаат можност да се дружат со црнобелите полиња и шаховските фигури и да имаат спаринг партнери од охридскитe млади , но врвни шахисти. Борис Лушески, претседател на ШК Ласкер задоволен од покажаниот интерес да се игрa шах на отвoрено. Шах сакаат да играат сите почнувајќи од 7 до 77 години, а повеќето се странци додека охриѓани се ретки, напоменува Лушески. Се слушаат позитивни коментарите од гостите...

Продолжи со читање

Со звуците и танцот на ориенталната турска музика во Охрид гостуваше Балканскиот караван

Post Views: 157 Со звуците и танцот на ориенталната турска музика во Охрид гостуваше Балканскиот караван од општина Кучукчекмеџе од Република Турција. Шеесетина уметници прикажаа дел од нивната култура на градскиот Плоштад. Покрај настапите на фолклористите и музичарите кои презентираа дел од фолклорот од разни делови на Турција меѓу кои и танцот на дервишите, можеа да се видат и изработки на калиграфија, ебру-сликање на вода, сликање на стакло или боречката вештина како што е пеливанството. „Со настапот во неколку градови на Балканот целта ни е да ја презентираме турската култура...

Продолжи со читање

Ново „БИСТРО ВИЛИЏ“ во комплексот „Вања Камчев Village“

Post Views: 297 Во среда, на 01 Август 2018 година во 11.30 часот во комплексот „Village Вања Камчев“ ќе започне со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Бистрото има мало но слатко мени, како и високо квалитетни оброци. Убедени сме дека најслатки ќе Ви бидат неверојатно ниските цени, достапни за сечиј џеб, велат од комплексот „Village Вања Камчев“.За првите посетители на денот на отворањето следува дополнителен попуст од 50% на целата храна од 12:00 до 16:00 часот, како и бесплатно кафе во текот на целиот ден.

Продолжи со читање

На 2 Август во Охрид ќе се одржи првата трка од Македонски Куп во далечинско пливање

Post Views: 117 На 2 август, на Охридското езеро ќе се одржи официјалната, прва трка на Македонскиот Куп во далечинско пливање. Од почетокот на пријавувањето на учество до денес за ова пливачка манифестација пристигнале пријави од 50 – тина пливачи, информира Александар Маленко, претседателот на Пливачката федерација на Македонија. Пливачите ќе се натпреваруваат во 4 категории, мажи и жени. Категоризацијата опфаќа пливачи до 14г, до 16г, до 18г и апсолутна категорија. „ ПФМ согласно националната пливачка програма од 29 декември на далечинско пливање за пат направи Македонски...

Продолжи со читање

Стојаноски: Општина Охрид нема разидување со барањата на здружението „Стар Лагадин“

Post Views: 112 Мирослав Котевски , претседателот на Здружението „ Стар Лагадин“  истакна ние се бориме против Општиот акт за село Лагадин кој беше донесен од општината во ноември 2015 година. Тој општ акт ги поништува или ги заменува урбанистичките планови. Многу е смешно еден општ акт кој се применува за села кои немаат никаква инфраструктура да се примени за едно од најатрактивните подрачја на Охридско езеро, истакна Котевски. „ Општиот акт дозволува сите што имаат куќи во Лагадин да имаат можност да изградат хотели. Замислете на што ќе личи тоа. Нити инфраструктура има а знаете...

Продолжи со читање

Епидемијата на шеќерна болест се шири и кај децата

Post Views: 110 Поради дијабет на Клиниката за детски болести во Скопје вчера било хоспитализирано 9 годишно дете од Охрид. Предходно четиринаесет годишно охриѓанче по влошената состоја од Охрид било упатено на КАРИЛ исто поради компликации од дијабет. Уште две други деца од внатрешноста завршиле на клиника во Скопје поради дијабет, кој претходно воопшто не бил констатиран. Сите се прашуваат која е причината за појава на дијабет кај најмлдата популација, велат охридските педијатри. Матичните лекари велат се почесто има мали пациенти со ова заболување. Стравуваат дека нивниот број...

Продолжи со читање

Во пораст авантуристичкиот туризам во охридскиот регион

Post Views: 119 Два повици за помош во различни ситуации, во еден ден, пристигнале до охридските волонтери за спасување на планина. Параглајдерски тандем не можел безбедно да слета заради лошите временски услови, а млад брачен пар од Естонија останале на планината Галичица откако им се расипло теренско возило, информира Антонио Додевски, професионален водич на планина и генерален секретар на Македонската Асоцијација на интернационални водичи. Во авантуристичкиот туризам ситуациите излегуваат од контрола и има потреба од специјални тимови, појаснува Додевски. „Како што кажав два...

Продолжи со читање