Автор: Валентина Неловска
Post Views: 117 Презентирана опремата за дејствување на двата Центри во Охрид и Поградец за спасување на планина и на вода. Опремата за брзи интервенции во ризични ситуации е добиена од фондовите на ЕУ како заеднички проект за прекугранична соработка на двете држави. Овој проект на меѓусоседска соработка ги собра во Охрид, политичарите на локалните и државните институиции, организациите на ЦК од двете соседни држави, апликанти на проектот и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија. Развојот на овие региони се наоѓа во срцето на принципите на ЕУ,...
За Јане Петков ладните струи во Охридското езеро најважни за утрешниот Гинисов рекорд
Post Views: 120 Јане Петков е кондиционо подготвен утре да постави нов светски Гинисов рекорд во водите на Охридското езеро. Тој ќе плива 3,5 км со врзани раце и нозе во вреќа, иако неговата здравствена состојба е специфична со ниски вредности на хемоглобин во крвта. Со цврста верба во себе, со помош на јогата и техниките на дишење, нумерологијата и покрај непредвидливите струења на ладните води во езерото, Петков верува дека на Охидското езеро ќе постави светски рекорд и ќе го собори рекордот на индиецот Гопал Карди. Во текот на подготовките во Охрид, Петков добил несебична поддршка...
Програмата „Креативна Европа“ достапна за сите субјекти од областа на културата
Post Views: 109 Одржана инфо сесија за промовирање на Програмата на ЕУ „ Креативна Европа“. Програмата е достапна за македонскиот културен креативен сектор за организирање на фестивали, активности од културното наследство, архитектурата, дизјанот, визуелните уметности, информира Билјана Прентоска, од Министерството за култура , раководител на канцеларијата за „ Креативна Европа“. Фокусот на проектите ќе биде ставен на подпрограмата култура и медија програми, а Прентоска кажува кој се може да аплицира до оваа програма на ЕУ. „ Квалификувани се сите културни и креативни сектори сите...
Скопскиот Театар Комедија настапува на Охридско лето со „Мизантроп“ од Молиер
Post Views: 141 На Охридско лето ќе се игра Молиеровиот „Мизантроп“ кој е драматуршка потрага по човекомразецот во пиесата. Театар Комедија од Скопје со вечерашната премиерна изведба ќе го донесе на фестивалската сцена Мизантроп како плод на меѓународна соработка на македонските актери со црногорски тим на театарски уметници, напоменува Сашо Ристовски директор на Театар Комедија. „Драго мие што сме со Мизантроп од Молиер. Се радувам што соработуваме со меѓународен тим на уметници како што се режисерот Ана Вукотиќ, кореографот Сона Вукичевиќ, сценографот Јелена Томашевиќ, костимографот...
Човекот амфибија со помош на јога руши рекорди
Post Views: 189 Јане Петков, човекот амфибија, ќе плива во Охридското езеро со врзани раца и нозе во вреќа. По 2013 година, кога се запиша во Гинисовата книга на рекорди, ова е негов втор обид да постави светски рекорд, во како што вели, најубавото езеро во светот. 64 годишниот бугарин од Сандански кој на 24 јули ќе плива 3,5 км открива дека за несекојдневниот подвиг се подготвува со помош на јога. Раскажува дека со техниката на дишење ќе го надополни хемоглобинот во неговата крв кој во моментов е многу понизок од нормалните вредности кај човекот. „ Мојот хемоглобин е низок, но...
Едно охридско семејство пријавено да згрижи деца без родителска грижа
Post Views: 117 Во Охрид, полека заживува деинституционализацијата на децата без родителска грижа од државните домови да бидат сместувани во згрижувачки семејства. Од први јуни, годинава,тече кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца кои се лишени од топлината на семејниот дом. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид. „Од почетокот на кампањата има само едно заинтересирано лице, жена, како потенцијален згрижувач...
Во пораст приходите од продадени влезници во Самоилова и Заливот на коските
Post Views: 158 Во касата на НУ Завод и музеј, во мај и јуни годинава, се инкасирале скоро двојно повеќе пари од продажба на влезници во два културно историски објекти, во споредба со истите месеци од минатата година. На Самоиолова тврдина во јуни годинава е остварен приход од продадени влезници во висина од 700.000 денари , а во мај 680.000 денари. За дват а месеци, пак минатата година биле инкасирани по 360.000 денари во јуни , а во мај 375.000 денари, информира Елеонора Новаковска директор на НУ Завод и музеј. Овој приход е резултат на продадени влезници и ваучери од туроператори...
Во Белчишта, општина Дебрца отворена е ликовната колонија „Дебрца 2018“
Post Views: 205 Во Белчишта, општина Дебрца отворена е ликовната колонија „Дебрца 2018“. Интернационалната културна манифестација одбележува 34 годишно постоење и е со најдолга традиција во земјава. Тука низ годините твореле врвни уметници од земјава и околните земји. Ликовниот уметник Ѓоко Целески, осовачот на колонијата, ги претстави годинешните учесници, а специјална благодарница му врачи на Јосиф Ефтимоски, претседател на УО и помагател на Колонијата. Поетите, професор д-р Мито Спасевски и Петко Шипинкароски имаа обраќање и читаа песни. На свеченото отварање на Ликовната колонија...
Потпишан Договор за пријателство и соработка меѓу Охрид и Мостар
Post Views: 115 Градоначалникот Јован Стојаноски и Рада Комадина ,главниот соработник на градскиот совет на Мостар, ставија потпис на Договор за пријателство и соработка меѓу двата градови. По долгогодишни заеднички дружења, средби, разговори и соработки меѓу двете држави БиХ и Македонија, и на двата градови, пристапивме кон потпишување на договор за соработка на градови кои имаат статус на заштита под Унеско, рече при тоа Стојаноски. Подвлече дека врските меѓу двете земји, БиХ и Македонија се долги, со традиција, а ќе продолжат и во иднина. „ Отвараме нова ера на заедничка соработка,...
Со концертот на Масимо Савиќ утре стартува и официјално лето 2018
Post Views: 113 Утре официјално стартува летната туристичка сезона 2108 . Со богата програма и гостување на врвни музички имиња и годинава Охрид ќе биде привлечна дестинација за одмор. Забавата почнува во 18 часот кај кружниот тек на пристаниште со концерт на Исмаил Луманоски и Лозано. Продолжува во 19 часот и 30 мин. на пристаниште на сцена на брод со настап на локални диџеи. На антички во 21:30ч. ќе се одржи концертот на Масимо Савиќ. Музичкиот спектакл ќе се следи и преку видео бим на кружниот тек на градскиот плоштад. Потоа забавата продолжува со познати Диџеи како што се Сет,...
Во општина Дебрца ќе се подобрува локалната патна инфраструктура
Post Views: 141 Неколку локални патни правци во општина Дебрца ќе се реконструираат, а за други ќе се изготви техничка документација. Југозападниот плански регион доби 26 милинои денари пари од националната програма преку Бирото за рамномерен развој за да се инвестира во подобрување на условите за живеење на жителите од 6 општини од регионот меѓу кои е и општина Дебарца. Објавен е тендер за 3 проекти реконструкција на старата училишна зграда во село Волино, за изработка на техничка документација за локални патишта и за поправка на руинираната патна инфраструктура. „Во Општина Дебрца...
Лесковчани реагираат на недостаток од вода за пиење од водоводната мрежа
Post Views: 149 Лесковчани се жалат дека во делови од населбата во овие летни денови се без доволни количини од вода за пиење. Од Проаква признаваат дека има проблем со водоснабдувањето во село Лескоец. Тоа се должи на изградбата на фекалната канализација во должина од 400 метри на улицата 15 -ти Корпус, проект на Локалната самоуправа, а на истата линија поминува и водоводната мрежа, информира Владимир Алексијески директор на МЈП Проаква. „Заради дотраеност на таа цевка со потресите за време на работата се јавуваат дефекти кои ние секој ден ги санираме. Вршиме обнова на тие цевки...