Автор: Валентина Неловска
Post Views: 138 Изработка на техничка документација за патна инфраструктура, изведба и реконструкција на патна инфрастуктура и изведба на енергетски ефикасни објекти се трите проекти кои ќе стартуваат во неколку општини од Југозападниот плански регион по потпишувањето на договорот со Бирото за регионален развој. Средствата во висина од 26 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за Локална самоуправа од националниот буџет, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. Уште денес ќе има објава на електронскиот...
Во Охрид во тек е кампањата „ Го сакам градот безбеден“
Post Views: 117 Во тек е кампањата „ Го сакам градот безбеден“. Во нејзиното спроведување се вклучени Општинскиот совет за безбедност, локалната самоуправа и полицијата. Проектот има за цел да се подигне севкупната безбедност во сообраќајот , а пораки се испраќаат до сите учесници во сообраќајот, информира Стефан Димоски претседател на Општинскиот совет за безбедност. Реализацијата на слични кампањи во минатото давале ефекти кој биле упатувани до учесниците во сообраќајот како на пример за користење на заштитни кациги,кажува Димоски. „Ефектите од оваа кампања се позитивни. Зголем...
Откупувачите на овошје незаинтересирани за хемискиот третман на овошјето
Post Views: 120 Крсте Трајчески од село Завој, охридско, поборник за производство на органска храна, за себе вели дека со години е во борба со хемијата и хемиските препарати за прскање. Трајчески произведува органска храна која не е во допир со хемиски препарати, калеми стари сорти на овошни дрвца и отворено зборува за состојбите со прскањето во земјоделството и овоштарствотo кај нас. Нашите купувачи најчесто го купуваат „лицето“ на производот, а не колку е здрав производот или колку пати е третиран со хемиски препарати. „Тие имаат свои комерцијални интереси. Колку сандаци ќе наполнат...
Oхрид по 57 пат е домаќин на Балканскиот фестивал на народни песни и игри
Post Views: 146 Oхрид по 57 пат е домаќин на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Љубителите на народниот фолклор ќе имаат можност во текот на одржувањето на фестивалот да уживаат во настапите на фолклористи од регионот. По традиционалното дефиле на учесниците низ градот, играорците и посетителите на отворањето ги поздрави градоначалникот Јован Стојаноски. Учесниците на Балканскиот фестивал на народни песни и игри и бројната домашна публика, но и посетителите од сите страни на светот, овие неколку дена, ќе го почувствуваат духот на древниот Охрид, градот на светлината,...
ЈП Градски гробишта излегува од долгови
Post Views: 139 ЈП Градски гробишта кое изминативе години пливаше во долгови, полека застанува на нозе, тврди в.д. директорот Ванчо Костоски. Од почетокот на годината, до сега, вратени се над 50.000 евра или над 3 милиони денари стар долг од периодот 2016 и 2017 година, а за наплата пристигале долгови и од 2012 година, посочува Костоски за моменталните состојби во ова јавно градско претпријатие. Појаснува дека се враќаат старите долгови, а се сервисираат тековните. „Некаде над 50 посто од долгот е исплатен, а напластуван 6-7 години. Сега за само 6 месеци со вакво темпо на работа...
Oхрид е на врвот на листата општини со најголем број дивоградби во земјава
Post Views: 126 Охрид е на самиот врв по дивоградби во земјава. Втора година по ред е на врвот на листата според бројот на бесправно изградени објекти. Минатата година статистичките податоци на Државниот завод за статистика покажале дека биле регистрирани 68 дивоградби. Општина Охрид признава дека има сериозен проблем со нелегалените градби, а тоа се случува заради пропаѓањето на тендерите за избор на фирма која ќе ги руши бесправно изградените објекти. Со години наназад никој не сака да се пријави за да ги одстрани дивоградбите, подвлекува охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. „Не...
Наскоро ќе биде отворена етнолошка поставка во Музејот на Робевци
Post Views: 142 Музејот Куќата на Робевци по подолга пауза повторно ширум ќе ги отвори вратите за посетителите. По завршената конзервација на горните делови од музејот ќе биде отворена етнолошка поставка покрај археолошката збирка. Туристите ќе имаат можност да ги видат етнолошките предмети од минатото на Охрид. Очекуваме во текот на летото да се докомплетира целиот објект, информира Елеонора Новаковска директор на НУ „ Завод и Музеј“. „ Етнолошката поставка ќе е отворена ги чекаме витрините. Согласно договорот за еден месец треба да бидат испорачани, а дел од археолошката поставка...
Промовирани охридската цреша и еколошки производи од охридскиот регион
Post Views: 139 Eколошкото друштво Грашница организира промоција на охридски цреши, мед и пчелни производи, како и лековити билки заедно со здружението Охридска черешна, Охридското Пчелрско здружение и собирачите на лековити растенија. Во охридската чаршија посетителите имаа можност да вкусат и купат здрави еколошки производи. Охридско-преспанскиот регион пред неколку години беше прогласен за биосферен резерват кој покрај брендот за географско потекло на охридската цреша треба да го трасира патот и пристапот кон европскиот пазар и купувачи, напоменува Борис Стојаноски од ЕД Грашница. „...
На денешната седница охридските советници прашуваа, а градоначалникот одговараше
Post Views: 99 Охридските советници на денешната седница прашуваа, а градоначалникот одговараше. Од говорницата се слушнаа бројни актуелни прашања од сите сфери на општественото живеење на Охрид. Гордана Коњаноска, советничката од редовите на Вмро дпмне постави праашње поврзано со лошата состојба во кој е колекторскиот систем. „ Дали се работи нешто во насока на координација помеѓу локалната и централната власт околу грижата за колекторскиот систем. Какви треба да се нашите очекувања во таа насока“, праша советничката Коњаноска. За ова најгорливо еколошко прашање за градот градоначалникот...
Од Капетанија повикуваат сопствениците на пловила закотвени во близина на мостот веднаш да ги отстранат
Post Views: 129 Сопствениците на пловните објекти кои ги закотвиле своите чамци во непосредна близина и под мостот на каналот веднаш да ги отстранат, повикуваат од охридската Капетанија. „Пловните објекти кои се под мостот Билјанини извори да бидат дислоцирани бидејќи се врши попречување на пловидбата“, напоменува Горан Устијаноски капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ. Устијаноски потсетува на универзалното правило во пловниот сообраќај, бродчињата и чамците да не се паркираат под мост. „Се стеснува пловниот пат посебно под нашиот мост кој некогаш се подига и остануваат...
Законот за спречување на нелојалната конкуренција во занаетчиските дејности не функционира
Post Views: 196 Од охридската регионална комора реагираат дека не профункционира Законот за спречување на нелојалната конкуренција во регионот. Има занаетчии кои работат на црно, вели Сашо Богоески претседател на Регионалната занаетчиска комора „ Од кој причини не знам. Наша цел не е да бараме нерегистрирани занаетчии, тоа е обврска на пазарната инспекција. Ние одиме по пријава на занаетчиите дека некој друг од сродниот занает врши незаконско работење“, појаснува за состојбите во охридската занаетчиска фела, претседателот на Регионалната занаетчиска комора. Со последните законски...
На локалниот пат за Велестово потребна е итна санација на поткопаниот асфалт покрај патот
Post Views: 106 Лошо изведени градежни работи довеле до поткопување на дел од локалниот пат кон селото Велестово. На потегот од патот над Билјанини извори покрај патот почнува да пука и да тоне асфалтот. Околу 30 сантиметри од крајниот дел на патот се веќе уништени. Тука , секојдневно минуваат возила и потребно е да се интервенира. Од општина Охрид за проблемот на патниот правец немаат сознанија, но велат дека ќе направат увид на терен. Инаку, реконструкцијата на локалниот пат Охрид – Велестово во должина од 3 км беше завршен во март 2016 година. Патот беше проширен за...