Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло

Post Views: 109 Во водите на Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло. Месните жители кои биле сведоци на појавата испратија видео и фотографии до редакцијата на ТВМ. Тврдат дека вчера во претпладневните часови во речното корито забележале пена од непознато потекло и не знаат од каде доѓа и кој ја предизвикува. Како што тврдат пената по кратко време се стврднува, подига и лета низ воздухот. Стравуваат дека непозната супстанца може да биде штетна по здравјето на луѓето, но и животната средина. Некои од мештаните ги наводнуваат градините со вода од речното корито....

Продолжи со читање

Во каналот Студенчишта сопствениците ќе ги врзуваат пловилата кој каде ќе стигне

Post Views: 120 На каналот Студенчишта и оваа летна сезона ќе нема одбележени паркинг места каде што ќе се врзуваат пловните објекти. Сопствениците и понатака ќе се снаоѓаат кој како знае и умее за да ги закотват пловилата на безбедно место. Надлежност за одбележување на местата каде ќе се врзуваат пловилата засега немаат ни од Капетанија ни од Локалната самоуправа, напоменува Горан Устијаноски капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ. Каналот беше заедничко место за приврзување, се правеше со компромис за сместување на пловните објекти, напоменува Устијаноски. При тоа капетанот...

Продолжи со читање

Ресорнотo министерство ќе субвенционира изградба и реконструкција на рибници

Post Views: 125 Сопствениците на рибници ќе бидат субвенционирани за производство на риби. Ќе добиваат средства за изградба на нови и реконструкција на постојните риболовни пунктови. За оваа намена се предвидени еден милиони денари. За нивно опремување 1,5 денари и еден милион денари за изградба и реконструкција на мандрите за традиционален лов на Дојранско Езеро. Во охридско има 2 рибници во кои се одгледува риба. Тоа се рибниците во селото Опеница и кај Прентов мост. Корисниците на средства за изградба на нови капацитети може да бидат фирми кои се регистрирани за дејност во рибарството...

Продолжи со читање

Двата базени на СРЦ Билјанини извори ќе бидат отворени на први јули

Post Views: 179 Се прават завршните технички подготвки за пуштање во употреба на двата пливачки базени на СРЦ Билјанини извори. Набавено е потребното количество на хлор, а според тоа како течат зафатите се очекува негово официјално отварање за пливачите и рекреативците на 1 јули, информира Гордана Јованоска директорот на ЈП Билјанини извори . „ Направени се сите сервиси на инсталациите за хлорирање и дезинфекција, поправен е и компензациониот базен. Потребно е чистење, а тоа ќе се направи во претпоследните денови за да нема дополнително чистење. Годинава на базенот ќе работат 2-...

Продолжи со читање

Ценатрот за јавно здрвје ќе го испитува пристуството на видот на комарците на охридското крајбрежје

Post Views: 105 Црвено светло за аларм е вклучено, Центарот за јавно здравје ќе го испитува пристуството на видот на комарците на охридското крајбрежје кое ја пренсеуваат зарзната болест маларија, информира епидемилотгот Д-Р Јованка С. Коровешоска. Охридското поднебје е ендемично подрачје  за  маларија каде комарците на водните површина положуваат ларви. Во земјава, лани биле регистрирани 5 случаи на внесена маларија на лица кои престојувале во афричките и азиските земји. Исто така, Западно Нилската треска, кој ја предизвикуваат комарците е регистрирана во соседните земји Грција...

Продолжи со читање

Во охридско почна бербата на цреши, а овоштарите се загрижени за квалитетот на родот

Post Views: 419 Започна бербата на црешата во охридско, а овоштарите се загрижени за квалитетот на годинешниот род и за пласманот. Одгледувачите на црешови насади се соочија со неповолни временски услови во пролетните месеци кои го загрозиј а квалитетот на црешата, а во моментов дополнително ги загрижува и дождливото време, вели Ванчо Стојаноски. „ Сега во ек на бербата 3 дена има врнежи кој негативно се одразуваат врз квалитетот на родот. Доаѓа до пукање на плодовите и тие не се за конзумација. Оштетените плодови на црешата ќе завршат во преработувачката индустрија по многу пониска...

Продолжи со читање

Во Охрид има стагнација на занаетчиските дејности

Post Views: 130 Во охридската Регионална занаетчиска комора годинава биле регистрирани 6 нови занаетчии, а 3 биле избришани од евиденција, информира Сашо Богоески претседател на Регионалнаат занаетчсика комора. Состојбата е слична како и минатата година во истиот период , додека пак во 2016 имало 37 ново регистрирани и 5 мина занаетчи кои престанале да вршат занаетчиска дејност, појаснува Богоески за состојбите во занаетчиството во Охрид. „ Во Регионалната комора, годинава е новитет регистрирањето на 2 нови занаети. Се обновува опинчарскиот занает, познатиот охридски опинчар мајстор...

Продолжи со читање

Охридските градинки подготвени ги примија децата

Post Views: 142 Во сите објекти на Јавната општинска установа детска градинка „Јасна Ристеска“ се направени дезинфекциони подготовки и се применуваат пропишаните протоколи за заштита од пандемијатa. Извршена е дезинфекција на просториите, мебелот и играчките. Во моментов на листата на чекање се околу 100 тина дечиња, а градинка посетуваат 870 деца во групи со зголемен број на деца, информира Мери Рилкова, директорка на ЈДУ Јасна Ристеска. Од нула до 2 години остана бројот од 15 деца, а од 2 до 6 години се зголеми бројката од 20 на 25 деца. Продолжен престој нефункционира од...

Продолжи со читање

Колекторскиот сиситем на Охридското езеро е во колапс

Post Views: 158 На Охридското Езеро не функционира колекторскиот систем со пречистителната станица во Враништа и пумпните станици. Колекторот е пуштен во употреба точно пред 3 децении и сега е во целосен колапс. Тоа е нашиот најголем еколошки проблем, изјави охридскиот градоначалник Јован Стојаноски по обиколката на пречистителната станица во Враништа, со првите луѓе на Проаква од Охрид и Струга. До месец септември очекуваме помош од Владата, бидејќи станува збор за голема инвестиција која општините од двата соседни града не можат да ја обезбедат. Во меѓувреме, МЈП Проаква заедно...

Продолжи со читање

Охридскиот Народен театар прослави 7 години професионално постоење

Post Views: 142 Културната институција, охридски народен театар, одбележа 7 години од формирањето на професионален актерски ансамбл. Релативно младиот и мал тим за овие изминати години реализираше 26 премиери. Актерите одиграа сериoзни театaрски проекти кои се показател за сериозна културна институција, а досега 3 пати учествувале на Фестивалот Охридско лето. На 13 јули годинава повторно ќе бидат дел од најголемата фестивалска манифестација со претставата Стаклена менажерија од Тенеси Вилјамс, посочува Стрезо Стаматоски , директор на НТ. Открива дека нивните планови во иднина се...

Продолжи со читање

Над илајда тркачи од 10 држави ќе трчаат на спортската манифестација Охрид трчат

Post Views: 130 Спортската манифестација „ Охрид трчат “ што ќе се одржи во недела предизвика силен интерес кај спортистите скоро од целиот свет. Во недела на 3 јуни на двете трки во должина од 5 и 10 км ќе трчаат рекреативци, но и потврдени маратонци. Во Охрид ќе допатуваат  1025 спортисти од 10 држави, информира Иван Цветкоски, од Асоцијацијата за спорт „ Сите за спорт, спорт за сите“. „ Тоа е бројка за почит не за македонски услови туку за Балкански и Европски услови. Од тој број на учесници имаме гости од надвор, од Македонија се 500 – 600. Охрид ќе биде спортски центар според...

Продолжи со читање

Проектиран документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици во ОУ Св. Климент Охридски

Post Views: 97 Од Охрид започна проекцијата на документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици и наставници во ОУ „Св. Климент Охридски“. Во ова охридско училиште долги години се негува и практикува едукација на деца со различности. Низ животната приказна на Николина Новакоска, главниот протагонист во филмот, нејзините соученици и стручните тимови се споделува процесот на образование на учениците со различности. Инклузијата е законска облигација за сите основни училишта, а успешниот процес, каков што е примерот во Св. Климент Охридски, зависи од сите...

Продолжи со читање