Автор: Валентина Неловска
Post Views: 682 Во селото Вишни се слави селската слава Спасовден. Вишненци имаат посебен обичај поврзан со празнувањето на Хрисотвото Вознесение. Тие го слават култот на Св. Спасица Вишненска. Веруваат дека нејзините мошти кои се чуваат во селската црква имаат чудотворна моќ. Со векови од селската црква Св Атанасие моштите на светицата се пренесуваат во пештерската каде што таа го поминала својот живот и го сочувала христијанството. Во Вишни, култот кон света Спасица трае шест века, почнува некаде од крајот на 14 и почетокот од 15 век. Легендата зборува дека Спасе и Спаса биле...
Опаѓа интересот на учениците за изучување на фолклорот
Post Views: 271 Фоклорните ансамбли стравуваат дека наскоро фолклор ќе играат само возрасните луѓе, а не младите. Треба да се вклучи црвеното светло за аларм. Од година вo година има драстично опаѓање на интересот кај децата за фолклорoт , вели Димче Трајчески долгогодишен уметнички раководител на ФА „Отекс фолк “ и добар познавач на состојбите со културно уметничките друштва. Заедницата треба да биде загрижена бидејќи се заканува гаснење на фолклорот во Македонија, вели Трајчески. Тој се обидува да го лоцира проблемот на што се должи ваквата незинтересираност кај учениците,...
Во Охрид ќе се одбележат 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија
Post Views: 138 Охрид ќе биде домаќин на централната свеченост за одбележувањето на јубилејот 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија. По тој повод беше објавена програмата со која ќе се чествува овој голем и несекојдневен јубилеј. Горди сме што централната свеченост ќе се одржи во Охрид, но како град имаме обврска милениумското чествување да се одржи достоинствено и во духот на универзалните духовни вредности, изјави по тој повод охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. Според научните сознанија на овие простори имало континуиран живот од 7000 години, а тие траги...
Прекрасен концерт одржа Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“. Играорците одбележаа 3 и пол децении постоење, а за настапот се бараше билет повеќе. Маестрално беа одиграни ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава.
Post Views: 139 Јубилејот 35 години постоење на Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“ беше одбележан со прекрасен целовечерен концерт на 4 генерации играорци и 2 музички постави. Сегашните и поранешните членови на ансамблот го прикажаа нашето фолклорно богатство пред преполната сала во Центарот за култура „Григор Прличев“. Љубителите на народниот фолклор ја исполнаа салата до последното место. Се бараше билет повеќе за да се ужива во македонскиот мелос и традиција. Играорците маестрално одиграа ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава. Се виеја ора од Источна Македонија,...
Центарот за безбедност на вода без пристапен мост
Post Views: 135 Центарот за безбедност на вода лоциран кај Горица работи под полна пареа. Од ова место се координира работата на сите професионални спасувачи в долж охридското крајбрежје. Она што на Центарот му недостасува е прописно место од каде што ќе поаѓаат и доаѓаат спасителите на вода со чамци и бродот амбуланта, вели Сашо Точков претседтелто на ОО на Црвен Крст во чиј состав функционира овој центар за безбедност на вода. „ Немаме еден пристапен мост и платформа каде што би ги чувале чамците и спаувачкиот брод. Се снаоѓаме како што знаеме и умееме. Добивме инструкции од некои...
Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ за обука во Костал
Post Views: 144 Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ Св. Наум Охридски за реализирана обука во групацијата Костал. Со поддршка на Локалната Самоуправа и Швајцарската агенција за развој се овозможи обука „Напредни технологии во автомобилскиот сектор“. Обучените професори знаењето и искуството ќе го пренесат понатаму на нивните ученици. Со тоа ќе се заштеди време и средства, а учениците покрај добиеното теоретско знаење ќе се надградуваат и со практична обука, ќе се подготвуват за реалниот свет, кажа градоначалникот Кирил Пецаков, заблагодарувајќи се на сите учесници во реализација...
Велестово повторно ќе биде центар на поезијата
Post Views: 199 Од височините на планинското село Велестово ќе одекне моќта на поетската реч по 24 –пат. Првата вечер од Манифестацијата ќе биде посветена на македонскиот поет Раде Силјан. Академскиот сликар Васко Ташкоки ќе изложи 20 уметнички дела во Црквата Успение на Пресвета Богородица и во Домот на културата. Интернационалната вечер, пак е резервирана за поети од Албанија, БиХ и Бугарија. Во одржувањето на поетската манифестација, во пресрет на јубилејното изадние што ќе биде догодина се најавуваат и просторни измени за одржувањето на втората вечер, открива организаторот...
Почнаа подготовките за големиот спортски настан „ Охрид трчат“
Post Views: 138 Стартуваше симболичната, рекреативна трка како најава за големиот спортски настан „ Охрид трчат“ што треба да се одржи за помалку од еден месец. Викендов, на спортскиот настан, трчаа новинарите , полициските службeници од СВР Охрид, спортисти. „Охрид трчат“ да го свртиме вниманието на јавноста дека се подготвува спортскиот спектакл за 2018. Се разбира да се види дел од патеката, структурите кои работат на безбедноста да се направи план за се да помине во најдобар можен ред. Ние останатите да го анимираме настанот и да ги повикаме охриѓани да се приклучат. „Охрид...
Жителите на Варош бараат градски превоз
Post Views: 164 Варошани се чувствуваат запоставено и изолирано по најновата одлука општината да воведе нови линии за граѓаните од неколку периферни делови од градот. Со одлуката не е опфатен овој дел од Охрид. И жителите од Стар град сакаат градски превоз. Се поскапите такси услуги, скапата цена на горивото како и новиот сообраќаен режим наметнуваат ваква потреба. Граѓаните кои не сакаат јавно да зборуваат пред нашата камера за оваа потреба велат дека тоа би било големо олеснување и за нив, но и за гостите кои бараат сместување во овој дел од градот. Од Локалната самоуправа велат...
ФА „Отекс фолк“ со концерт одбележува 3,5 децении постоење
Post Views: 153 Играорците од 4 генерации и 2 постави музичари кои биле дел од поранешниот КУД Отекс, а денес ФА „ Отекс- фолк“ одбележуваат 35 години од постоењето. По тој повод сегашните и поранешните членови на ансамблот ќе одржат концерт на кој ќе биде прикажано нашето фолклорно богатство, вели Димче Трајчески уметнички раководител на фолклорниот ансамбл Отекс-фолк. „Два и пол месеци напорно се тренираше. Најредовни беа моите поранешни ученици. Јас мора да ги пофалам дека сите 99 посто, посебно девојките, како никогаш да не престанале со кариерата како фолклористи. Толку тоа...
Суперлативот „Најохриѓанец“ за д-р Никола Бошале
Post Views: 137 Промовирана книгата „Најохриѓанец“ од авторот професор д-р Драги Поп Стефанија. Насловот на ова негово дело настанало спонтано, вели Поп Стефанија. Првично започнал да пишува извештај за прием на проф. д-р Никола Бошале во друштвото на писателите бидејќи со над 25 книги тој не е член на ДПМ. Поп Стефанија појаснува дека од 9 страни извештај напишал 90 страници и дошол до заклучок дека Бошале сиот свој научно истражувачки опус му го посветил на родниот Охрид. Со 18 книги за Охрид од најразлични области Бошале потполно го заслужува овој суперлатив, нагласува авторот...
Градските избраници фокусирани само на три точки
Post Views: 119 Советниците денес го завршија 50-тото продолжение на прекинатата седница од 27 јули. Од дваесеттината точки кои ги имаа на денешниот дневен ред тие подетално се осврнаа само на три. Советниците од опозиционата Вмро Дпмне најмногу беа заинтересирани за Извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште. Поставуваа прашања кога ќе се тампонираат и доасфалтираат улиците, кога ќе се изградат тротоарите, кога ќе се поставува вертикална и хоризонтална сообраќајна сигназлиација, со чии пари ќе се изгради напукнатиот потпорен ѕид на црквата Св. Елена...