Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охриѓани се поретко купуваат големи станови

Post Views: 117 Состојбата на пазaрот со недвижности во Охрид е загрижувачка. Драстично опаѓа продажбата на станови и куќи. Продажбата на недвижнсти  споредена со изминатите години е доста полоша, кажуваат агентите на недвижнсоти. Александар Трајковски од агенцијата за недвижности  „Енхелеја“ наведува повеќе причини за таквата состојба, но акцентот го става, сепак, на две кои се рефлектираат во  нивната дејност.  „ Куповната моќ на  граѓаните е осетно намаленa. Taргет групите кои можe да купат стан во Охрид се македонци кои живета во странство, печалбари или луѓе кои живеат во Скопје...

Продолжи со читање

Сергеј Цингулоски со истовремени изложби во три градови

Post Views: 148 Утревечер, охридскиот уметник Сергеј Цингулоски, ќе има три изложби на негови скулптури. Во 21 часот истовремено ќе бидат отворени  три изложби во три различни градови во Македонија. Скулпторот ќе ги презентира  неговите препознатливи дела во Музејот на Робевци Охрид, Кино Карпош во Скопје и Домот на култура во Св. Николе. Изложбите  ќе бидат пропратени и со видео арт  од неговата последна изложба „Јагула“, замисла  на режисерот Венцислав Војдиноски. Цингулоски изложбите ги посветува токму на неговиот прерано починат пријател режисерот Венцислав Војданоски Венци . „Ние...

Продолжи со читање

Во пресрет на „Илинден“ децата од „Развигорче“ одржаа модна ревија

Post Views: 155 Мали балерини, невести, принцези прошетаа на импровизираната модна писта во градинката „Јасна Ристеска“. Во пресрет на националниот празник „Илинден“ децата од градинката „Развигорче“ одржаа модна ревија. Ревијата  насловена како „Еко топ модел“ им донесе радост не само на најмалите деца туку и на нивните најблиски. Тие беа импресионирани и воодушевени од инвентивните еко модели. Вреди тоа што го направиле колешките заедно од оваа градинка, беше коментарот на оние кои што го проследија модниот настан.Модната ревија се реализира на иницијатива на учителката Билјана...

Продолжи со читање

„Жогарија –Лоптарија“ спортски настан кој ги собра охридските основци на фер плеј

Post Views: 127 Охрид беше домаќин на голем спортско рекреативен настан насловен како „Жогарија – Лоптарија“. Спортското одмерување на вештините под ова мото се одржува кај нас за прв пат , а по 13-пат се случува на меѓународен план. Сто и шеесет ученици од осум охридски основни училишта, како и најмалите од детската градинка „Јасна Ристеска“ се натпреваруваа во фудбал, три на три и други спортски вештини во СРЦ „Билјанини извори“. Малите учесници во спортските игри ги поздрави Јован Стојаноски, градоначалникот на Охрид. Во обраќањето Стојаноски укажа на позитивното влијание на...

Продолжи со читање

На „Сирма Војвода“ неиздржлив сообраќаен метеж

Post Views: 251 Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж. Издувните гасови, буката, прашината и нечистотијата од тркалта на камионите  им го прават неподнослив секојдневниот живот. Сообраќајната фрекфенција на тесната улица е голема и од лесни возила, но и од тешки товарни возила, раскажува Пеце Петрушевски жител на Сирма Војвода. Коловозот по кој проаѓаат возилата им е буквално под прозорците, објаснува Петрушески.„ Посебно не вознемируваат тешките моторни возила кои...

Продолжи со читање

Во струшко опожарени 10 хектари шума

Post Views: 146  Пожарот, што викендов пламна во атарот на струшкото село Долно Татеши, утрово е целосно ликвидиран и ставен под  контрола.  Пожарот започнал на 28 јули и со интервенција на струшката противпожарна единица бил локализиран, но повторно се обновил на 29 јули. Во неделата, при гасењето на пожарникарите им се приклучиле и  вработените од струшкото ЈШП „Јабланица“ .Според командирот на струшката пожарна Урим Каба, причина за пожарот е човечко  невнимание  при палење на стрништа. Пожарот избил на споредните стрништа за потоа да се прошири на шумските површини  уништувајќи...

Продолжи со читање

Живите води низ Охрид исправни за пиење

Post Views: 127 Живите води или артешките бунари кои ги има на околу 30 -тина локации низ Охрид се исправни за пиење. Граѓаните може спокојно да ја гасат жедта на овие јавни чешми. Но, според Законот за води, водата која не е хлорирана не смее да се користи за широка употреба за пиење. Затоа овие чешми може да се користат само како алтернативен извор иако се бактериолошки и хемиски исправни, напоменува д-р Атанско Михаилов, директор на Центарот јавно здравје. Заради безбедност на граѓаните службите на Центарот вршат постојана контрола, информира д-р Михаилов.„Секој месец, земаме примероци...

Продолжи со читање

Стабилна и поволна е безбедносната состојба на целото подрачје на СВР Охрид

Post Views: 103 Во општина Охрид и на териториите на Струга, Вевчани и Дебрца кој ги покрива СВР Охрид полциските службенници работеле ефективно. Портпаролот Стефан Димовски на Денот на полицијата ги сподели полициските аналитички податоци според кој во периодот меѓу двата празника во СВР Охрид има зголемена откривачка функција на полициските служебници од 40 проценти во споредба со претходниот период кој изнесувал 36 посто. При нарушувања на јавниот ред и мир полициските службеници постапиле во 51 случај, а за споредба во истиот период минатата година имало 58 нарушувања. Исто...

Продолжи со читање

Во охридско од град се уништени градинарски и овошни култури

Post Views: 110 Во охридскиот регион силното невреме пропратено со град и ветер вчера попладен направи голема штета врз раноградинарски, градинарските и овошни култури. Невремето со дожд и град било краткотрајно, но било пропратено со силен ветар, кажуваат земјоделците и овоштарите кои претрпеа големи штети. Градот најсилно удрил на потегот од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј, Косел , Ливоишта, Дебело поле каде што се јавува за уништен род на нивите, бавчите и овоштарниците. „ Апсолутно е направена штета на сите овошки. Меѓу нив најосетлива е црешата и 90 посто од плодовите...

Продолжи со читање

Лептокарија и Неа Пори летна шема на охриѓани

Post Views: 134 Поголем број охриѓани имаат традиција својот годишен одмор да го поминат на некоја странска туристичка дестинација. Најчесто избираат да летуваат на море. Ова лето сепак поголем број од нашите сограѓани ќе останат дома од разни причини. Нашите сограѓани, пак кои сакаат и можат да си дозволат промена ги избираат поблиските и поефтините туристички дестинации во соседните земји, нагласува Елида Битрак од туристичката агенција „Елида Турс“. Едно просечно  4-рo  члено семејство, за апартманско сместување покрај плажа, за 7 дена во Грција со организиран превоз, ќе го чини...

Продолжи со читање

Водичи реагираат нема доволно промотивен материјал

Post Views: 130 Туристичките водичи реагираат дека има недостаток на  информативeн туристички материјал.  Посочуваат дека  туристите единствено при посетата на праисториската наколна населба во Заливот на коските со секој купен билет за влез добиваат флаер за локалитетот. На останатите  локалитети не е така.И годинава туристите кои доаѓаат на Плаошник и Самоилова тврдина нема да добијат информативен материјал. Од Завод и музеј објаснуваат дека такви материјали нема затоа што археолошките истражувања на овие локалитети не се завршени.Во нивна близина нема ни информативни табли со основните...

Продолжи со читање

Мештаните од Долно Коњско заробени во своите домови

Post Views: 182 Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении.  Патот, кој мештаните го користеле 40 години до пред една година, бил претходно компромисно решение со хотелот на поранешниот комбинат на Свилара. Но, работите во меѓувреме се изменија вели Ламбеска. Свилара доби  сопственик кој забрани движење по некогашниот пат и сега  мака мачиме додека дојдема дома, вели Ламбеска. Патот кој во моментов го користат мештаните од Долно Коњско е тешко пристапен, додека пак,...

Продолжи со читање