Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Вработените во образовната дејност во охридските основни и средни школи нема да штрајкуваат. Ниеден Синдикат за образование, наука и култура во општинските училишта не поднесол изјава до дирекотрите за најава на предупредувачки штрајк на првиот ден на новата учебна година. Поголем број директори од основните и средни училишта кои ТВМ Телевизија успеа да ги контактира информираат дека нивните образовни установи се подготвени без пречки да стартува првиот училишен ден, посебно важен за првачињата кои треба за прв пат да седнат во училишните клупи. Претседателот на...
Сколиозата е на врвот меѓу заболувањата на рбетниот систем кај основците
Post Views: 6 Охридските основци и понатака се загрозени од деформитети на рбетниот столб. Сколиоза, кифоза , лордоза и понатака се најчести болести кои го напаѓаат мускулно скелетниот систем кај учениците. Сколиозата е на врвот меѓу најчестите заболувања на рбетниот систем кај основците. Статистичките податоци од охридскиот Центар за јавно здравје споредени за 2013 и 2018 година покажуваат дека од сколиоза најчесто страдаат школските деца, информира д-р Даниела Чинговска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје. „ Сколиозата е заболување кое во најголем процент...
Згрижувачки семејства во Охрид се бројат на прстите од една рака
Post Views: 5 Во Охрид и понатака нема интерес за загрижување на деца без родители. Згрижувачки семејства во Охрид кои се одзвале на повиците на Министерството за труд и социјална политика и кои прифатиле деца без родителска грижа се бројат на прстите од една рака , информира Ајтен Мусли директор на Центарот за социјални работи. „ Многу е мал бројот ,има само три семејства. Понекогаш се менува таа бројка , но има наши штитеници во Прилеп, Крушево, Струмица деца без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства. Кај нас е многу малку имаат по 2 – 3 деца згрижено, “...
За прв пат во Охрид се одржува работилница за примена на техниката Access Consciousness
Post Views: 5 Ослободување од секојдневниот стрес и враќање на самодовребата се само дел од примената на техниката Access Consciousness. Надја Милевој од Хрватска три години ја применува оваа техника и Access Bars. Со тоа добив голема позитивна промена во животот. Ми се врати радоста бидејќи дотогаш животот ми беше тежок. Се ме попречуваше , но со примена на техниката почна да ми се отвара и менува животот, споделува Милевој. „ Лесно се учи. Се поставуваат прашања. Кога добивате мисла нешто ви доаѓа се прашувате дали е тоа мое или чие е тоа. И на тој начин ја тргате мислата и...
Општина Охрид подготвува план за одржлива урбана мобилност
Post Views: 5 95 проценти од 850 граѓани анкетирани од страна на општина Охрид сакаат центарот на градот да биде подостапен за пешаците, а 80 % не сакаат сообраќај во стариот дел од градот. Тоа ни дава за право да извлечеме заклучоци кои се потребите на граѓаните, вели Зоран Шиколоски раководител на одделението за сообраќај. Денес, во општина Охрид се одржа втората работилница за планирање на урбаната мобилност со кој ќе изработи план за одржлива урбана мобилност , напоменува Шикалоски.„ Треба да утврдиме што сакаме, а што не сакаме, што имаме, а што немаме. Да дадеме...
Локалната самоуправа ќе ангажира асистенти за деца и стари лица со посебни потреби
Post Views: 4 Локалната самоуправа ќе ангажира 9 образовни асистенти .Тие ќе работат со деца кои имаат лесна и умерена попреченост. За таа цел ќе бидат ангжирани лица кои подолго време не биле вработени, самохрани родители, млади лица до 29 години,корисници на социјална помош ,родители на деца со пречки во развојот, родители со 3 и повеќе деца. Образовните асистенти ќе стартуваат со ангжаман од почетокот на новата учебна година од 3 септември. Ќе работат во 5 охридски основни училишта во ОУ Христо Узунов, Григор Прличев, Братство Единство, Ванчо Николески од Лескоец и Св. Наум...
Локализиран пожарот кај селото Опеница
Post Views: 3 Локализиран и ставен под контрола пожарот во атарот на селото Опеница. Во моментов се работи на негова целосна ликвидација. За таа цел на терен се ангажирани лица од Македонски шуми од Охрид и Кичево, пожарникари и припадници на просторните сили на општинскиот штаб за заштита и спасување на единицата на Локалната самоуправа, информира Сашо Матлијоски , раководител на Дирекцијата за заштита и спасување.„ Опасност од разгорување на пожарот постои затоа има континуирана противпожарна стража. Горе има луѓе кои сега се во постапка да го ликвидираат пожарот каде што...
Туристите најчесто ја користат премиум зоната за паркирање
Post Views: 4 Од ЈП се задоволни од начинот на функционирање на премиум зоната за паркирање на плоштад. Со цена од 100 денари паркинг за еден час се стави ред во сообраќајниот хаос кој се случуваше секое лето на овој потег, вели Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори. Целта на воведување на овој начин на наплата не ни беше да оствариме финансиски бенефит туку намалување на сообраќајниот хаосот, додава Јованоска и напоменува дека најчесто премиум зоната за паркирање ја користат туристите. „Повеќе странци и домашните гости. За некој да го види Охрид и да поседи еден...