Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Уписи во охридската градинка

Post Views: 447 Во тек се уписите во детската градинка Јасна Ристеска. Се испраќа старата и се пречекува новата генерација дечиња. Запишани се 862 деца, а интересот за сместување на децата во градинка е постојано во пораст. Има 390 барања за сместување, а на листа на чекање за слободно место се евидентирани 120 дечиња. Тие ќе бидат згрижени во 43 групи во 9 објекти на ЈОУДГ Јасна Ристеска. Децата ќе бидат сместени во 5 објекти и 4 просторни објекти во Пештани, Лескоец, Велгошти и населбата Радојца Новичиќ, информира Ирина Милеска, директор на детската градинка Јасна Ристеска.Има...

Продолжи со читање

Во охридско нема пријави за угинат добиток

Post Views: 211 ЈП Охридски комуналец е надлежно претпријатие за собирање и отстранување на угинати животински мрши. Пцовисаните домашни животни се одлагаат на специјалната депонија Мауцкер, информира Стевчо Маслов од ЈП Охридски комуналец.„ Согласно програмата за работа на ЈП за јавна хигиена имаме ставка третирање и собирање на угинати животни . Како ЈП имаме обврска да ги собереме угинатите напуштени или домашни животни во посебни садови. Тие се носат на локација на Мауцкер каде што има специјална јама, изградена по стандарди каде што имаме пристап само ние. Тоа е бетонирана...

Продолжи со читање

Охридскиот пливачки маратон нема да згасне

Post Views: 276 Традицијата нема да згасне, ќе има Охридски пливачки маратон, најави охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. Охридскиот маратонот кој има 6 децениска традиција, ќе се одржи на 10 -11 септември. Во одржувањето на оваа спортска манифестација животот го вложиле плејада охридски пливачи и биле надминати многу проблеми. Се најде спас за одржување на маратонот после вчерашниот координативен состанок на општината со пливачките клубови, контактите со Агенцијата за млади и спорт и понудената помош од бизнис заедницата од градот и надвор, рече охридскиот градоначалник Пецаков.„Наградниот...

Продолжи со читање

Градот ќе го спасува пливачкиот маратон

Post Views: 264 Градот прави обиди да се одржи Охридскиот пливачки маратон. Општината се вклучува да го спаси 60 –тото јубилејно издание на маратонот, откако Пливачката федерација се откажа од организацијата поради блокирана жиро сметка . Оваа вест која вчера ја соопши Претседателот на државата, кој е покровител на манифестацијата, наиде на бурни реакции во охридската и македонската јавност. Во изминативе 12 часа, по откажување на Охридскиот маратонот веднаш се испратени покани до странските пливачки маратонци , а главното прашање за наградниот фонд е сеуште отворено,иако има најави...

Продолжи со читање

Охриѓани ќе штедат струја според навиките

Post Views: 268 Гответе во помали садови или во садови соодветни на големина на ринглата, користете бојлер само кога ви е потребно, машната за перење да биде полна, и двата апарати користете ги по можност на ефтина струја, во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување и за загревање на просторот во грејната сезона, ова се само дел од владините препораки до граѓаните за штедење струја. Препораки за штедење на електричната енергија има и за фирмите и за институциите.„Заштеда на струја за безбедна зима“ е владиниот план со пакет мерки донесен заради...

Продолжи со читање

Пчеларите ни ќар ни зијан од медарењето

Post Views: 408 Пчеларството станува се поскапа дејност , а приходите од мед се помали, реагираат охридските пчелари за моменталните состојби во оваа стопанска гранка. Реалната цена на медот со пресметаните трошоци на производот на чинење би требало да достигне од 1000 до 1200 денари , кажува Тони Јосифоски, претседател на Здруженито на охридските пчелари. Додава дека пчеларите прават отстапка, ја земаат во предвид купувната моќ на граѓаните и на пазарот медот го продаваат по 600 денари за килограм. Со тоа се ни ќар ни зијан во работењето.„ Има големи трошоци во пчеларењето....

Продолжи со читање

Kрај на трговските трикови

Post Views: 412 Се унапредува правото на потрошувачите во земјава. Се менуваат и усогласуваат досега нерегулираните законски директиви со оние од Европската унија. Се прецизираат трговски поими кои досега не биле ставени во Законот, информира Маријана Велкова Лончар, претседател на Организацијата на потрошувачи на Македонија.Додава дека потрошувачкото право е мошне динамично и подлежи на измени. Досега за нашите потрошувачи не беа утвредени трговските поими како што се распродажба, акција, промоцијаи сезонски попуст на производи и услуги. Со тоа се оставаше простор за трговски...

Продолжи со читање

Фламенго балетот Луксурија на Охридско лето

Post Views: 299 Фестивалот Охридско лето го одбележа 62-от роденден. Овој датум се слави со голема возбуда и почит кон оперската дива Ана Липша Тофовиќ, иницијаторот на оваа манифестација, но и со голема одговорност, напомена Наташа Поповиќ, директорката на Охридско лето. Фестивалот остануваме и понатака посветени на она што го трасирале генерациите пред нас, она што е највредно и најзначајно, рече Поповиќ.Низ годините тука на фестивалските сцени настапиле најзвучните имиња од светот на музикатат и театарот. Звуците на класичната музика во „Св. Софија“, грандиозните дела на Антички...

Продолжи со читање

Домовите сe отвораат за студенско сместување

Post Views: 272 Студенските домови ги отвораат вратите за сместување на редовните студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава. Министерството за образование распиша конкурс за прием на студенти во 11-те државни и приватни студентски домови во земјава.Во студиската 2022/2023 година во домовите има на располагање вкупно 4834 легла од кои 1165 легла се наменети за студентите во прва година, а 3669 легла за сите останати студенти кои ги исполнуваат условите од конкурсот. Студентите ќе се пријавуваат за сметување...

Продолжи со читање

Кротењето на опаката со Украински актери

Post Views: 244 Украински актери од реномираниот и најстар, Саксагански театар од Киев, гостуваат на фестивалот Охридско лето. Настапуваат со театарската претстава „Кротењето на опаката“ од Шекспир. Сања Арсова, селекторка на драмскиот дел од музичко сецнската манифестација, го најави почетокот на интернационалната драмска програма.Големо е задоволството во овие тешки воени услови во животот на Украинците, да имаме гости од оваа земја. Упатувам благодарност до Украинската амбасада која ни помогна во контактите да се реализира нивното гостување – кажа Арсова.Украинските...

Продолжи со читање

Усвоен ребалансот на Буџетот за 2022 година

Post Views: 290 Охридските советници го усвоија ребалансот на буџет за 2022 година на општина Охрид. Опозицијата пофали некои реализирани програми, но искритикува повеќе кои претрпеа измени со ребалансот на буџетот. Дадоа поддршка на Програмите во основното и средното образование, во детската заштита, социјалната и здравствената заштита. Во забелешките пак, најголема критика упатија на програмата за култура. Се одстранува проект за реконструкција на Домовите за култура, во Радојца Новичиќ и Горно Лакочереј, а во глобална економска криза за луксуз се доделуваат 20. 000 евра за фестивал...

Продолжи со читање

Slow food Охрид: „Вкусете го Охрид локално“

Post Views: 373 Од Slow food д Охрид повикуваат „Вкусете го Охрид локално“. Организираат настан на кој ќе се презентираат гастрономски специјалитети произведени од локални намирници од нашиот микро регион. Безквасен домашен леб, охридски пица и хамбургер, макало и варена шунка, ладно цедено масло и намаз од лешник, домашно пржено кафе се само дел од прозиводите кои ќе бидат изложени на малиот плоштад „Долна порта“, во сабота, информира Проф . д-р Ангела Пасквале.„ Охрид има што да презентира. Глобалното да го претвориме во локално она што го бараат туристите и да им дадеме...

Продолжи со читање