Автор: Валентина Неловска
Post Views: 125 Водата во градскиот базен на СРЦ Билјанини извори се замати и позелени, реагираат родителите и стравуваат за здравјето на децата кои го користат базенот „Атина Бојаџи“. Загрижени се дали водата редовно се хлорира и дали квалитетот на водата за капење е нарушен. Раководителот на градскиот базен, Борче Џајкоски упатува смирувачки тон дека водата е хемиски чиста и редовно се хлорира. „ На 10-тина дена доаѓаат од Центарот за јавно здравство земаат примероци и ни испраќаат одговор каков е квалитетот на водата. Досега нема негативен одговор“, вели Џајкоски. Професор...
Затворен базен ќе се гради од идната година
Post Views: 138 Охрид ќе чека подобри времиња да се изградат затворен и отворен Олимписки базен. Владата се препишмани и од најавените 9 Олимписки базени ќе гради два помали во Охрид и Крушево. Од Агенцијата за млади и спорт најавија дека во Охрид ќе градат помал затворен базен. Затворениот базен ќе биде со димензии 33 на 25 метри со седишта за 300 до 500 гледачи. Неговата намена ќе биде за рекреација на граѓаните, но и за одржување меѓународни ватерполо натпревари, вели Директорот на Агенцијата за млади и спорт. Попоски информира дека постапката за градба е почната. Обезбедиле...
Турските туристи кои доаѓаат на кружната Балканска тура забелележуваат на лошата патна инфраструктура во регионот
Post Views: 88 Туристите од Турција кои доаѓаат во Охрид и патуваат на балканската кружна тура упатуваат забелешки за лошата патна инфраструктура, кажува Сејфедин Куртиш, туроператор БТБ одТурција. Патната инфраструктура е голем недостаток туристите да уживаат подолго во убавината не само во Македонија туку генерално во регионот, вели Куртиш. „ Од Скопје до Охрид доаѓаме за 3 часа.Тоа е голем проблем не може да уживаат во посета и разглед на градовите. Ова важи и за другите држави. Балканската тура повеќе поминува по патиштата. Замислете Охрид-Скопје да е сат и половина, 2 сати...
Јавните тоалети во Охрид ќе бидат пуштени во употреба пред почетокот на туристичката сезона
Post Views: 94 Јавните тоалети во Охрид кои требаше да бидат пуштени во употреба во декември минатата година ќе бидат ставени во функција пред почетокот на главната туристичка сезона. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец, кажува дека Локалната самоуправа со одлука им ги дала на управување минатата недела. Претстои проширување на работниот план за јавни набавки а потоа ќе следи тендер за поставување на систем за наплата за користење, напоменува Грданоски. Петте јавни тоалети се веќе поставени на две локации, три наспорти судот и два кај Горна порта. Тоалетите кај Горна...
Борбата за летна заработка не се менува
Post Views: 143 Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува и оваа сезона. Нема крај на добро познатите начини на заработка. Сликата е иста, само се менуваат актерите. Туристите кои доаѓаат со сопствен превоз на северниот влез во градот и годинава се дочекувани со натписи на кои луѓето ги рекламираат своите сместувачки капацитети. Реакција има и од приватните станоиздавачи кои се уредно пријавени и кои плаќаат давачки кон институциите. Засегнатите легални станоиздавачи кои се некаде околу 2000 на број, повторно им укажале на надлежните институции што ги...
„На Зајдисонце “ќе ја промовира Трпејца
Post Views: 161 Со музички случувања, изложби, промоции на книги и спортски активности ќе се промовира неповторливата туристичка населба Трпејца. Здружението на граѓани „Со љубов за Трпејца“ се зафати со организација на бројни културни активности за да ја направи населбата попривлечна за луѓето кои потекнуваат од тука, но и за сите нејзини вљубеници. Преку манифестацијата „На Зајдисонце“ ќе се даде поголема живост на неповторливо, убавото езерско место, вели Милчо Јованоски, портпарол на здружението. Идејата се роди спонтано од луѓе кои потекнуваат од Трпејца, нагласува Јованоски.„Ние...
Mостот на каналот Билјанини извори не се крева и спушта заради безбедносни причини
Post Views: 124 Во моментов не работи електричната инсталација на дел од мостот на каналот Билјанини извори. Поголемите пловни објекти не можат да влезат и излезат од каналот бидејќи делот кој се спушта и подига на мостот не е во функција, информира Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништа на РМ за состојбата во која сега е мостот. „ Мостот не е во функција од безбедносни причини со електричната инсталација бидејќи доаѓаше до прокиснување во машинската соба. Таа мора да е адекватно санирана. Немајќи сопственик бараме преодни форми како да ја санираме работата“, вели...
Полесни труења во опожарениот студенски дом
Post Views: 124 Пожар го зафати студенскиот дом „Никола Карев“. Оган и чад утрово околу 9. 30 минути ги вознемири гостите сместени во овој објект. За среќа повредени во пожарот нема. Оганот започнал во помошната просторија на домот и предизвикал паника кај гостите и неколку случаи на полесно труење. Очевидците раскажуваат дека чадот ги исполнил собите до 4 спрат.„ Имаше голема паника меѓу луѓето, чадот беше проширен нагоре. Имаше мајки со мали деца, се обидовме да ги извлечеме безбедно. Им кажавме да стават влажни крпи на устата, а од кога видовме дека нема оган ги отворивме прозорците...
Архитектите се размрдаа
Post Views: 164 Архитектите се размрдаа па преку стручни дискусии ќе дадат свои видувања за актуелните состојби во архитектурата. Со стручни дебати ќе го дефинираат сегашниот културно- креативен идентитет преку освртот на обичната и стручната јавност, но и на студентите. Заедно ќе извлечат заклучоци колку субјектите се пронаѓаат во архитектонските феномени за кои се зборува денес, колку знаат за едукацијата, заштитата и приемната на креативните индустрии. Само преку едукацијата на младите архитекти може да делуваме врз општествениот амбиент, тврди Проф д-р Кокан Грчев, од факултет...
Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи
Post Views: 134 Добива разрешница дилемата дали ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон. Директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар Попоски најави дека сепак нема да се прекине 58 годишната традиција на најголемиот меѓунроден спортски настан. Попоски признава дека има финсиски проблеми и средствата за одржување на маратонот се големи и не е лесно да се обезбедат, но се прават напори ситуацијата да се надмине.„Се знае со поголеми средства ќе се направи повеќе. Многу често финансиската поддршка зависи што е останато од претходно. Ако се работело домаќински и транспарентно...
Регионалнит пат кон Албанија обраснат со треви
Post Views: 126 Високи треви покрај патот и во средишниот појас ја загрозуваат прегледноста на регионалниот пат кој води кон Албанија. Регионалниот патен правец со ознака Р 1310 кој води од кључката Св. Еразмо до Св.Наум е запуштен и несреден. Од ЈП„ Македонија пат“ признаваат дека тоа е резултат на отежнатите финансиски услови во кои работат. Ракововодителот на охридската единица на „Македонија пат“ најавува екипи на терен веќе од среда. Дел од нивните работници ќе бидат ангажирани за подобрување на оптичката видливост на патот. Финаниските проблеми во кои западна ова јавно...
Наскоро ќе се реконструира спортската сала во Велгошти
Post Views: 135 Реконструкцијата на спотската сала во Велгошти ќе започне наскоро. Нејзината доизградба ја најави директорт на Агеницијата за млади и спорт Лазар Попоски. Владата веќе одобрила 20 милиони денари за нејзино ставање во целосна функција, кажа Попоски пред велгоштани. „Во услови на светска економска криза која реално с е проширува и во реалниот сектор во Македонија сепак инвестициите во спортот нема да се запостават. Секој вложен денар се седум денари заштеда во фондот за здрвственоосигурување и тоа е минимален потик да продолжиме со инветсициите, кажа Попоски. Оваа...