Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 Фестивалот Охридско лето запиша уште едно успешно издание во богатата фестивалска историја, изјави директорката на оваа национална установа, Наташа Поповиќ на завршната прес-конференција. На фестивалските сцени годинава продефилираа 500 уметници од 23 земји од светот, но и гости од земјава и странство кои допатуваа за да ја следат фестивалската програма, рече Поповиќ, на завршната прес конференција. „Огромен беше бројот на оние кои бараа резервација за свеченото отворање што за нас е доказ дека „Охридско лето“ и годинава понуди квалитет што го препознаваат и...
Со претставата Одисеј се гасат светлата на 59 -то издание на Фестивалот Охридско лето
Post Views: 6 Претставата „Одисеј“ со која завршува Фестивалот Охридско лето е копродукциски проект на театрите „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин театар и Театар „Навигатор“ од Скопје. Александар Попоски режисерот на претставата кажа дека за да се донесе оваа претстава на Охридско лето и да се соберат актерите од сите овие куќи е како да се состави мозаик на камчиња, слики кои пред 5-6 години се растуриле по светот. „Овие луѓе патуваат, играат, настапуваат насекаде низ светот и...
Фудбалерите на ФК Охрид утре ја започнуваат новата фудбалска сезона
Post Views: 4 Фудбалерите на ФК Охрид на домашен терен утре ќе ги пречекаат противниците од струмичкиот ФК Беласица. Изминативе 40 дена поминаа во знакот на интензивни подготовки па охридските фудбалери ветуваат добра игра. Спортскиот директор, Александар Мартиноски ги покани љубителите на фудбалот утре на СРЦ Билјанини извори. „Да дојдат и да не поддржат. Ние за возврат ќе им понудиме добра игра и забава, а ќе извојуваме и прва победа оваа сезона“, кажа Мартиноски. „Ние како стручен штаб сме задоволни од периодот на подготовки. Со сите сили ќе одиме на добри резултати....
Пронајден леш во близинa на струшкото с. Драслајца
Post Views: 3 Пронајдено безживотно тело во атарот на струшкото село Драслајца. Случаен минувач, вчера околу 17 часот, во месноста викана Дупки пронашол леш во напредна фаза на распаѓање. Телото е пронајдено во близина на реката Сатеска. Случајот е веднаш пријавен во полиција. На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид и Полициската станица Струга. По наредба на Јавен обвинител безживотното тело е испратено на обдукција на Судска медицина во Скопје за да се утврди идентитетот , информираат од СВР Охрид. ...
Итната помош со зголемен број на повици, прегледи, ургентни ситуации
Post Views: 4 Лекарите од Итната медицинска помош и ова лето имаат полни раце работа. Екипите на ургентниот центар се справуваат со сите повици за лекарска помош, вели д-р Ајсел Зејноска директор на Здравствен дом. „ Бевме во портокалова фаза. Службите функционираа турбо. Зголемен број на повици, прегледи, ургентни ситуации. Медицинските екипи квалитетно ја обавуваа работата на Итната медицинска помош, без застој“, напоменува д-р Зејноска. Со набавката на новите возила и опрема ургентниот центар ќе го подигне на повисоко ниво квалитетот во работењето на нивната установа....
Одбележан Денот на Армијата
Post Views: 3 Во Охрид се одбележа Денот на Армијата. На центрланата прослава при одбележување на 27 годишнината на македонската Армија присуствуваа воени претставници од Армијата, гости како и државниот врв предводен од претседателот на државата Стево Пендароски и Министерот за одбрана Радмила Шеќеринска. По повеќе од две децении реформи и решавање на долгогодишниот спор околу името со Грција, со потпишување на Преспанскиот договор, дојдовме на само еден чекор до исполнување на целта за која напорно работевме толку години , Република Северна Македонија да стане 30-та земја...
Започнува културната манифестација Поетска ноќ во Велестово
Post Views: 2 Од денес до 18 август се одржува културната манифестација Поетска ноќ во Велестово. На сред село, кај Чешмата, поети од земјава и светот три дена ќе ја слават поезијата и уметноста по 31 пат. Манифетсацијата ќе почне со претставување на поетскиот портрет на македонскиот поет Иван Џепароски. Огромно задовоство е да се биде дел од плејадата најзначајни македонски автори. Од таа низа врзана за вредностите на македонската поезија, од овде, од височините на прекрасното Велестово, вели Џепароски. „Поезијата не издигнува дополнително и прави естетско доживување поврзано...
Средба меѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците во Охрид
Post Views: 4 Во Охрид се одржа средба помеѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, кои се коалициони партнери на овие локални избори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ имаше средби и со охриѓани, покрај онаа со Зијадин Села, претсетдателот на Алијанса за Албанците. На неколку денови пред изборите Мицкоски не го крие оптимизмот за исходот од гласањето.Јас сум убеден во голема победа предводена од ВМРО ДПМНЕ. Ќе посветиме големо внимание на Охрид и охриѓани кои го заслужуваат вистинското место. Цениме дека градот е сериозно потценет. Ако...