Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Дел од плажа во Лагадин причина за кавга

Post Views: 178 Простор на плажа во Лагадин од 300 метри квадратни причина за сериозна кавга помеѓу двајца корисници. Од 19 -ти април, кога Комисијата од Министерството за транспорт и врски ја постави границата меѓу соседните плажи на хотел Макотекс во Лагадин и соседниот корисник, почнале да пристигнуваат првите закани по животот за вработените од Макотекс, раскажува Климе Тренески. Соседниот концесионер на просторот од плажата поставил маси и столици и го узурпирал просторот кој со договор од ресорното минитерството е доделено на користење на хотел Макотекс, тврди  Тренески....

Продолжи со читање

Охрид за првомајските празници врие од гости

Post Views: 173 Празникот на трудот Први мај во Охрид секој го празнуваше на свој начин. Некои на работните места, а други кои користеа празничен ден го искористија убавото сончево време за прошетки ,семеен ручек, разгледи на градот. Едно од најпознатите излетнички места каде што некогаш се прослевуваше празникот на трудот , Синдикални денес на пладне беше празно. Од година на година изумира традицијата на прославување на Први мај со скара и музика. Нашата камера регистрира ретки посетители. Празни останаа и тезгите со разни производи со загрижени продавачи. „ Вака е прва...

Продолжи со читање

Бадијала пожарна ако доцни ЕВН

Post Views: 212 Охридската и струшката  противпожарна единица имаат сериозен проблем при воспоставување контакт со дежурните служби на Евн. При  интервенции врз опожарени објекти службите на ЕВН стигнуваат со задоцнување за да ја исклучат струјата за потоа  пожарникарите да го гаснат оганот, вели командирот на противпожарната единица од Струга, Урим Каба. Дежурните служби на ЕВН многу пати не се одзиваат или пак доаѓаат со задоцнување  по нашиот повик, објаснува Каба.„ Ние  имаме водено усмени разговори  со раководителот на подрачната единица во Струга за проблемите кои ние ги...

Продолжи со читање

Каналот во Горица исчистен-недоисчистен

Post Views: 195 Каналот во близина на плажата  Горица кој започна да се чисти пред две недели  остана  недоисчистен.  На овој потег кој води кон плажите секојдневно  проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.Со оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме...

Продолжи со читање

Охридските млади музичари свиреа на градскиот плоштад за малата Мил

Post Views: 165 Десетина охридски млади музичарии одржаа свирка со хуманитарен карактер. Со своите инструменти свиреа акустична музика. Покажаа дека се хуманисти и ги повикаа сограѓаните да се вклучат во животната битка на малата Мила која треба да оди на оперативен зафат во Кина. „Охриѓани да останат и да продолжат со својата хуманост. Охрид отсекогаш бил град на хуманоста. Секогаш кога требало да се направи хумнитарен настан на музички или спортски план охриѓани се приклучуваат. И понатaкада останат хумани “, порача младиот волонтер и хуманист Лео Спасески. Двочасовниот...

Продолжи со читање

Светскиот ден на танцот ќе се одбележи и во Охрид

Post Views: 162   Охридскиот младински културно образовен центар „Соната“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на танцот. По тој повод на градскиот плоштад во 13:00 часот за прв пат ќе се организира Dance Battle. Dance Battle е натпревар помеѓу двајца танчери или два тима на танчери кои танцуваат три рунди на музика која однапред не им е позната, а за која веднаш треба да направат кореографија, појаснува Даниел Наумоски инструктор по танц. Учество ќе земат членови на Студиото за танц кое работи во рамките на МКОЦ Соната, а кои веќе се потврдиле на бројни меѓународни натпревари,...

Продолжи со читање

Демне опасност од шумски пожари

Post Views: 220 Високите температури  ги мобилизираа вработените во НП „Галичицa“ да ги превенираат можните појави од пожари.  Степенот за опасност од појава на пожари и степенот на мобилизација во НП „Галичица“, веќе две недели  се на 1 или на највисок степен. Тоа значи дека екстремно високите температури кои ја зафатија земјава се идеални за појава на шумски пожари, информира Наум Новески, раководител на секторот за заштита од пожари, во НП „Галичица“. Од националниот парк не седат со скрстени раце. Поделиле  3000 флаери наменети за  посетителите на националниот парк, за да ги...

Продолжи со читање

Психофизички подготвени -спасителите на вода

Post Views: 196 Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација  се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу  ситуцаии, но за среќа  ризичните моменти завршувале среќно. „ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини  кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски. Во моментов Стојаноски и...

Продолжи со читање

ЗГ„Совест“ одржа јавна трибина за градежните зафати врз Али пашината џамија

Post Views: 164 ЗГ „Совест“ организираше јавна трибина за нелегалните градежни зафати врз Али пашината џамија. Голем број присутни граѓани и експерти од повеќе области дебатираа за сите прашања поврзани со објектот, како што истакнаа, и со нелегалната изградба на 32 метарското минаре на Али пашината џамија. Дебатираа архитекти, историчари на уметност, експерти од повеќе области, членови од надзорниот одбор во Завод и музеј. Сите порачаа, немаат верска или етничка нетрпеливост кон било кого, туку бараат почитување на законските одредби за зачување на културното и историско...

Продолжи со читање

Со „Танец“ започнува Балкански фестивал

Post Views: 187 По 51-ви пат, на сцената на Долни Сарај, ќе започне традиционалното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На шестте  фестивалски вечери ќе биде промовиран светскиот и нашиот фолклор. По свеченото дефиле низ охридската чаршија, во 21 часот со целовечерен концерт фестивалот ќе го отпочне ансамблот Танец. На фестивалот покрај македонски ансамбли ќе земат учество и фолклорни ансамбли од Австрија, Полска, Хрватска, Србија, Албанија, Турција и  Бугарија.„ Ревијално ќе се престават  анасамблите од Полска, Австрија и Србија. Тоа е еден новитет  на...

Продолжи со читање

ЕД Грашница со алтернатива: Да се засили селектирање и рециклирање на отпад наместо изградба на депонии

Post Views: 149 Охридските еколози од Грашница се против изградба на регионална депонија во Дебрца или на било која друга локација. Нивниот предлог е да се продолжи со веќе започната селекција за собирање и рециклирање на отпадот од јавните и приватните претпријатија. Алтернативата ја гледаат преку едукација и пропаганда да се продложи со рециклирањето на отпадот и да се добива економски бенефит. На терен ги имаме садовите за собирање на отпад, а може да им се помогне и на собирачите на отпад, вели Стојаноски. „Наместо да се дадат 40 милиони евра за депонија во Дебрца или...

Продолжи со читање

Во употреба ќе има два инфо пункта

Post Views: 179 Свеченото отворање, на еден од трите информативни центри ќе се случи до крајот на неделава, информираат од Локалната самоуправа. Тука туристите од прва рака треба да ги добиваат сите поважни информации за Охрид. Едниот ќе биде лоциран  на северниот, најфрекфентен влез  во градот, а последни припреми се прават и за другиот во центарот, во комплексот Летница.  На прашањето зошто се доцни со нивното отворање, портпаролот на Локалната самоуправа, Симон Илиески, појаснува дека за нивното поставување не се оставило  ништо случајно туку се испочитувале  сите  законски...

Продолжи со читање