Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Шумскиот пожар во Велмеј е ставен под контрола, но не е ликвидиран

Post Views: 8 Во моментов, шумскиот пожар во атарот на селото  Велмеј е смирен, но не и ликвидиран, инфoрмираат од ЈП Македонски шуми. Стотина луѓе од Македонски шуми, пожарникари од ТППЕ Охрид, Јавното претпријатие Нискоградба и од Комунално Дебрца во изминативе денови беа ангажирани во борбата со шумскиот пожар.Појавата на вчерашниот ветар го распламти пожарот кој претходно беше локализиран, а според првичните проценки за пет дена огнот проголта над  100 хектари шума. Станува збор за пожар кој зафати густа шума  од даб и нискостеблеста вегетација.  Непроодниот и тешко...

Продолжи со читање

Шумскиот пожар во близина на селото Велмеј повторно се активира

Post Views: 5 Состојбата станува алармантна, а  жителите се вознемирени, бидејќи огнената стихија е многу блиску до куќите. Теренот е непристапен, а  опожарени се над 50 хектари со нискостеблеста вегетација и дабова шума, велат од противпожарната служба. Авионите на дирекцијата за заштита и спасување кои се вклучени во гасењето на пожарот според Законот може да летаат само по три часа, кусо изјави директорот на Јавното претпријатие македонски шуми, Нада Митреска. Сите вработените од  подружницата Галичица се мобилизирани и на терен,  заедно со пожарникарите од ТППЕ Охрид се...

Продолжи со читање

Донесен Мораториум за градење и во Струга

Post Views: 4 Струшките советници едногласно дадоа зелено светло за Мораториумот за градење и за Акцискиот план во кој се опфатени сите постапки и активнсоти со кои ќе се исполнат препораките на Комитетот на светско културно наследство. И покрај тоа, дел од советниците се песимисти дека ќе се имплементира Акцискиот план во пракса. „Тие се одлуки од Унеско и нема отстапки. Дали ќе се реализираат од Владата и општината јас сум песимист. Немаат капацитет да го решат проблемот“, рече Имер Имери од Алијанса за Албанците. Ален Деребан, советник од Вмро Дпмне, вели дека тие како...

Продолжи со читање

Од ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упатија обвинувања на адреса на директорката на ЈП Билјанини извори

Post Views: 4 Сашо Донев претседателот на ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Донев, при тоа кажа дека со уцени и притисоци врз вработените барала да излезат и да гласаат за кандидатот на СДСМ. „Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен”. Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори? Зошто...

Продолжи со читање

Струшката „Порака Нова“ бара волонтери

Post Views: 7 Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром невладината Порака Нова бара волонтери кои ќе работат со овие лица. Помагајќи им на лицата со Даунов синдром,  придонесуваме за нивна поголема социјализација. Порака Нова ги отвара вратите за хуманите луѓе кои  не ја вртат главата  пред луѓето кои се различни од нив. На тимот може да им се приклучат сите оние кои се подготвени дел од своето слободно време да го поминат во работа со овие лица. На овој начин ќе  внесат светлина и радост во животот на лицата со интелектуална попреченост. Заинтересираните можат...

Продолжи со читање

Електричните тротинети се повеќе ги има на улиците и шеталиштата

Post Views: 3 На нашите улици и шеталиштата во овие летни месеци е тренд да се возат електрични тротинети. Ова превозно средство станува се популарно и се користи за превоз до плажа, до продавница, по кејот. Досега од СВР Охрид не евидентирале сообраќајни несреќи предизвикани од лица кои управувале електрични тротинети. Посочуваат дека е потребно да се користи заштитна кацига заради лична безбедност на лицата кои ги управуваат тротинетите. Како и во многу други земји, ова превозно средство не е регулирано ни во нашиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од...

Продолжи со читање

Под контрола ставен шумскиот пожар во близина на селото Велмеј

Post Views: 6 Ставен е под контрола шумскиот пожар кој три дена беснееше на планината над селото Велмеј. Пожарот бил пријавен во ТППЕ Охрид, на пладне на 11 август. Во гаснењето на пожарот не можел да се вклучи човечкиот фактор заради непристапноста на теренот и густата вегетација па на помош се вклучиле два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите за гасење пожари со 10 лета интервенирале во справување со шумскиот пожар која зафати и опустоши над 50 хектари шума, претежно со ниска стеблеста вегетација и даб, информира дип. шум. инж. Јовче Цветкоски, раководител...

Продолжи со читање

Од ОК Вмро Дпмне упатија обвинувања до Локалната самоуправа за состојбите во образованието

Post Views: 5 Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, обвини на денешната прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК Вмро Дпмне. Тој обвини дека Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажале со ребалансот и драстичното кратења на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски. „ Од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати...

Продолжи со читање