Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Децата желни по школите за пливање

Post Views: 140 Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат  во топлото  јулско претпладне. Овие млади пливачи сакаат да тренираат водени спортови за да станат врвни пливачи, маратонци, па дури и ватерполисти.  Тие како што велат, неизмерно го сакаат спортот и  пливањето, па со нетрпение очекуваат да почнат со работа школите за пливање. Од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ потврдуваат дека интересот на децата за посета на школите за пливање е огромен. Најавуваат дека веќе од утре школите  стартуваат со подучување на пливачките техники. На базените...

Продолжи со читање

Пријави за загадувачите на езерото

Post Views: 123 Фрчат пријави против  загадувачите на езерото. Со несовесните  загадувачи се справуваат и Општинскиот инспекторат и  Државниот инспектор за животна средина. Државниот инпектор од лани овој период до денес, на охридско струшката ривиера  имал полни раце работа. Напишал 38 записници и  издал осумнаесет решенија со предупредувања за да се елиминираат загадувањата. Државниот инспектор укажува дека и правни лица и поединци се прекршители на законот за животна средина.  Тие  најчесто се огрешиле во законот со истурање боја со која ги бојадисувале чамците и со  прегорено...

Продолжи со читање

Дебрчани одржаа протест против изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје

Post Views: 119 Дебрчани масовно излегоа на протест и кажаа не за изградбата на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Со двочасовен прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево, кај селото Ботун, уште еднаш ги изнесоа своите аргументи против регионалната депонија да се гради во Дебрца. Тука е Сини вирови најголемиот извор на питка вода во Европа кој исфрла 680 литри во секунда, кажа меѓу другото Бошко Ставрески, член на Координативното тело против изградбата на депонијата. „Дебрца не е само еколошки чиста средина, туку има и многу други апекти со кои...

Продолжи со читање

Докажуваа чија е вината за заглавеноста на Законот за Охрид

Post Views: 131 Врелото сонце ги вжешти политичките страсти и за Законот за Охрид. Прозивки и докажувања кој е во право, а кој го кочи изготвувањето на ДУП за да почне имплементирањето на Законот за Охрид.Портпаролот Никола Митровиќ од говорницата на ОК на Вмро Дпмне  обвини  дека градоначалникот Александар Петрески заради негови урбани политики не сака да го спроведе Законот за Охрид. Повика градоначалникот Петрески да постапи според членовите 6 и 13 од Законот за Охрид. Во тој закон утвреден е рок од една година од донесувањето на законот да се донесе ДУП за целата заштитена зона,...

Продолжи со читање

Стационарот за бездомни кучиња само на хартија

Post Views: 127 Истекува рокот на општините да ги згрижат кучињата скитници. Ветеринарниот инспекторат уште во април им издал решенија на општините  да  отпочнат со подготовки. Задолженијата се изготвени по Законот за ветеринарно здравство и Законот за благостотојба на животните. Во склад со законските прописи за 60 дена Локалните самоуправи  мора да најдат начин кучињата скитници да добијат похуман третман од институциите. Од ветеринарниот инспекторат наскоро најавуваат и проверка како општините во пракса се справуваат  со овој сериозен проблем. Градоначалниците на четири Локални...

Продолжи со читање

ЈП Охридски комуналец и понатака се соочува со кражби на саден материјал

Post Views: 116 Вработените од ЈП Охридски комуналец интензивно работат на уредување на парковите површини. При тоа во континуитет претрпуваат штети од кражби на цвеќиња и декоративни садници од страна на несовесни граѓани.Таквото уништување го нарушува изгледот на парковите површини, информира Трајан Љаткоски. „Секојдневно се справуваме со тие работи. Дополнуваме, пресадуваме и заменуваме цвеќиња и садници, но трендот на крадење продолжува од несовесни граѓани. Се надеваме со овие изјави, со интервенција на полицијата и на нашите служби таа појава да се намали“, вели Љаткоски....

Продолжи со читање

На почетокот од летото ќе се одржи Фестивалот на охридската черешна

Post Views: 136 Во месец јуни, кога е екот на бербата на црешите во Охрид ќе се одржи Фестивал посветен на охридската черешна. Со спојот на ЕД Грашница, на Здржението Охридска черешна од Лакочереј и на Здружението на пчелари Охрид ќе придонесува за создавање услови за успешен бизнис во одгледувањето на цреши. Проектот е поддржан финансиски од Локалната самоуправа. Со презентација на овошје и продукти од цреши низ музика и фолклор наша намера е ова овошје што повеќе да го доближиме до купувачите, но и до туристите, напоменува Борис Стојаноски од ЕД Грашница. „ Со повеќе активности...

Продолжи со читање

ОО на СДСМ обвинува за состојбите во болницата

Post Views: 139 ОО на СДСМ одржа прес конфернција за состојбите во Општа болница Охрид. При тоа кажаа дека охриѓанки се породуваат во Струга, а фамилијата  печали пари во Охрид. Во измантиве две години во Охрид наталитетот паѓа, а во Струга се шири, ете така ВМРО ДПМНЕ води грижа за охриѓани, истакна претседателот на ОО СДСМ Наум Јованоски. И додаде дека парите и профитот им е пред граѓаните и здравјето на охриѓани. „Играта се откри, заврши. Болницата ќе ја догради дедото на зетот, пратеникот и висок функционер на Вмро Дпмне, Александар Спасеноски. На наводна електронска аукција од...

Продолжи со читање

Ќе се поставуваат мобилни тоалети, а од цврста градба до година

Post Views: 139 Стариот проблем со недостаток на јавни тоалети, градот и оваа сезона  ќе го  решава со поставуавње на мобилни тоалети, како и минатата. Тоалети од цврста градба, можно е да има дури за идната сезона, наговестува Симон Илиески, портапролот на Локалната самоуправа.„Локациите се утврдени, но се наоѓаат на државно земјиште и се дел од програмата која ја имаме  поднесено до Министерството за транспорт и врски. Од таму сеуште нема одговор не само за јавните тоалети туку и за објектите кои влегуваат во поголемите локации  како што се катните гаражи или автобуската станица“,...

Продолжи со читање

Мислителите од „Братство“ најдобри во светот

Post Views: 134 Паметните мислители од основното училиште „Братство Единство“ покажаа дека се најдобри на конкурсот на најголемиот образовен портал во светот „Think life“. Тим од четири ученици под менторство на професор Марија Пупиноска Гогова освоија прво место, во силна конуренција од 5600 проекти од училишта од цел свет, на проектот „Промени ги навиките, штеди енергија“. Задоволството од успехот е видливо на насмеаните лица на учениците Владо Војданоски, Ангела Јорданоска, Моника Донеска и Ангела Петреска. Овие вредни и трудољубиви ученици велат дека за нив оваа победа е големо...

Продолжи со читање

Затајува уплатата на туристичката такса во земјава

Post Views: 109 Станоиздавачите од мал обем и хотелиерите во одредени реони не ја уплаќаат реално туристичката такса, посочува Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во Македонија минатата година имало 1 милион туристи кои реализирале 2,7 милиони ноќевања. Истражувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот покажале дека плаќањето на туристичката такса затајува. „Со последните двомесечни истражувања дојдовме до податоци дека е слаб одзивот на плаќање на туристичка такса во некои региони. Најголемите два туристички центри Охрид и...

Продолжи со читање

Охридскиот студенски дом ќе работи со полн капацитет

Post Views: 240 Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ ќе работи со полн капацитет во новата академска година. Станарите на домот ќе мора да ги почитуваат протоколите на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на ковид 19, информира Жарко Куциноски, директор на студенскиот дом.Моментално се врши вселување на станарите во домот и апелираме да ги почитуваат мерките. Да  носат заштитни маски, да нема групирање на студентите , да нема  физички контакт при поздравување, а е забранет и влез за родителите/старатели на студентите – истакна Куциноски.За редот...

Продолжи со читање