Автор: Валентина Неловска
Post Views: 140 Во трите охридски државни средни училишта заврши првиот уписен рок. Во СОУ „Св Климент Охридски“ и понатака е најпривлечно за упис гимназиското образование каде што е најголем бројот на запишани средношколци.Од планираните 442 ученици во трите насоки, во гимназиското образование се запишале 211 ученици. Потфрлање има во еконоското училиште каде од 78 слободни места се примени 58 ученици. Во здравствената струка од 34 се запишале 16 ученици,а има уште 18 слободни места. Во првиот уписен рок во оваа образовна институција биле одбиени 66 основци од сите струки кои...
Министерот Сугарески: Финансиска поддршка за нови нискобуџетни линии на охридскиот аеродром
Post Views: 140 Авиосообраќајот во земјава и регионот ќе се унапредува, најави од Охрид, Горан Сугарески, македонскиот министер за транспорт и врски. Воспоставувањето на новата чартер линија Истанбул Охрид е доказ дека Македонија е атрактивна за сите авиокомпании, рече Сугарески кој беше дел од дочекот на туристите од Турција со првиот чартер лет. „ Да најавам дека наскоро ќe има јавен повик за финансиска поддршка за ниско буџетни компании кои ќе понудат нови авиолинии. Со тоа ќе им овозможиме на македонските граѓани да летаат по ниски цени до многу метрополи. Охридскиот аеродром...
УЗ Видобишта и Центар ќе се формираат наесен
Post Views: 141 Населбите Центар и Видобишта останаа без статус на урбани заедници. Инцидентот што се случи во Видобишта, пред нешто повеќе од една година, на Собирот на граѓани, при формирањето на урбаната заедница при избор на раководство, го прекина нејзиното формирање. Покрај оваа урбана заедница без раководство остана и Центар кон која требаше да се приклучи Долна Влашка маала. Од Локалната самоуправа тврдат дека овој недовршен процес во формирањето на урбаните заедници нема негативни последици во нивното функционирање. Комуналните потреби на граѓаните од овие две населби се...
За прв пат утре на релацијата Истанбул Охрид ќе се воспостави чартер линија
Post Views: 143 На охридскиот аеродром утре ќе допатуваат 180 гости од Турција со првиот чартер лет што ќе сообраќа на релација Истанбул-Охрид. Ова е прва чартер линија со која ќе слетуваат и полетуваат туристите од и во Охрид. Со туристичкиот 7 дневен аранжман вклучена е Балканска кружна тура со три ноќевања во Македонија, од кои две се во Охрид. Сопствениците, на најголемиот тур оператор во Турција Татил будур, Џијан Сарај, и локалниот туроператор о дБТБ, Сејфедин Куртиш, и двајцата со потекло од Македонија, се задоволни што по 4 годишно истражување на турискиот пазар ќе стартува...
Водите на охридските капалишта чисти
Post Views: 184 Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 20 степени целзјусови. Се поголем е бројот на капачи кои спасот од високите температури го бараат во езерските води. И годинава капачите ќе се безбедни и ќе можат спокојно да спортуваат и да се рекреираат. Во прилог на љубителите на пливањето и водените спортови одат резултатите од последната анализа направена во Центарот за јавно здравство. Екипите од Центарот зеле мостри од 30 мерни места, в долж охридското и струшкото крајбрежје, за да го испитаат хемискиот и микробилошкиот квалитет на водата, информира бромологот...
Започнува летниот сообраќаен режим
Post Views: 128 Од денес, на повеќе охридски улици започнува примената на летниот сообраќаен режим. На последната седница, посебен режим на еднонасочен сообраќај, советниците донесоа и за неколку улици во населбата Билјанини извори. На 4 -те улици: „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „Мирче Ацев“ и „Карпош Војвода“, еднонасочниот сообраќај ќе се одвива кон и од улицата „Јане Сандански“, која се сече со овие улици, информира Зоран Шикалоски од Фондот за комунален развој. Сообраќајниот тек е испланиран за граѓаните да не вртат големи кругови, а со цел да се спречат сообраќајните незгоди...
Нова техника за театарот и кино салата
Post Views: 151 Со нова техника ќе се подновува охридскиот театар. Тоа значи збогум за застарената техника присутна на неговата сцена. Подновувањето е резултат на најавата Министерството за култура да ги осовремени технички, театарските застарени сцени во земјава. Меѓу македонските театарски куќи се најде и охридската кој веќе една година има статус на народен театар. Застарената опрема од минатиот век со која во моментов располагаат актерите ќе се замени со најнова современа техника. Пред една година на барање од Министерството за култура, Центарот за култура направил анализа...
Инвалидите без пристап на плажа
Post Views: 136 Охридските плажи непристапни за луѓето со инвалидитет. Луѓето со различен степен на инвалидитет и покрај желбата да се капат во езерските води, тоа не можат да си го дозволат. Владимир Дојчиноски од Скопје укажува дека со мала инвестиција плажите на брегот би можеле да се прилагодат за луѓето со телесен ивлаидитет, кои како и сите останати луѓе сакаат да уживаат во летниот одмор. Ние сакаме да се почуствуваме како и другите луѓе, да бидиме самостални, а не да не третираат како инвалиди. „Саат и пол барав по плажите каде што ќе можам да влезам со количка. Ставиле песоци,...
Во охридската чаршија утрово е исечено зимзелено дрво
Post Views: 137 Во раните утрински часови во охридската чаршија е исечено зимзелено стебло. Станува збор за бор кој растеше пред Вип во комплексот Летница. Ова не е прв пат да се сечат дрва околу овој комплекс. Минатата година на платото кај Летница беа исечени две дрва. Томе Џамтоски, портпаролот на ЛС, за новото исечено дрво информира дека е одтсрнето со одобрение на Комсијата за сечење на дрва. „Во конкретниот случај стеблото е со длабока старост и со трулеж. Најдобро е што е одстрането и се разбира на барање на АД Охридтурис, се наоѓа на нивна кастастарска парцела. Побарана...
Концесионерите без договори со Комуналец
Post Views: 269 Концесионерите на плажите, по се изгледа ги интересира само заработката, а не и имиџот на Охрид како туристички центар. Иако туристичката сезона не е официјално започната, на охридските плажи се присутни и првите капачи. Но, ниеден концесионер досега не потпишал договор со Комуналец за подигање на сметот од нивниот простор, вели првиот човек на Јавното претрпијатие, Сашо Алче. „За разлика од лани ниеден закупец не е дојден во Комуналец да склучи договор за подигање на смет.Она што ние тешко е што не знаеме кој стопанисува со плажата. Со закупците се склучуваат и...
Волонтеризам или акцијаштво- на потег младите
Post Views: 161 На иницијатива на група охридски учесници на некогашните младински сојузни акции, во Охрид, се формира граѓанското здружение „Брег на младоста“. Станува збор за клуб кој на волонтерска основа ќе ги спојува младите луѓе кои сакаат да учествуваат во работни акции. Доброволното ангажирање на младите во изградба на капитални објекти беше карактеристично за просторите на поранешна Југославија. Сега оваа форма на работно ангажирање, пред се на младите луѓе, е прифатена во Европа и светот, вели еден од иницијаторите на здружението Љупчо Милкоски. ОН минатата година ја посвети...
Општините Дебрца и Вевчани неможат сами да ги финансираат развојните проекти
Post Views: 133 Малите рурални општини како Дебрца и Вевчани се судираат со бројни проблеми во процесот за побрз развој. Овие две општини, како и останатите во земјава со помал број од 10.000 жители, располагаат со скромен буџет. Градоначалниците на овие две општини, Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски имаат планови за развојни проекти за подобрување на условите за живеење во нивните општини, но се соочуваат со неколку проблеми кои го кочат нивниот развој. При користењето на средства од пред пристапните фондови на ЕУ или националната програма за рурален развој се условени со плаќање...