Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Одредени слабости има во функционирањето на сообраќајниот режим

Post Views: 3 Од Одделението за сообраќај при Локалната самоуправа информираат дека без големи проблеми се одвива функционирањето на системот и 4 рампи со кои се регулира влезот и излез на возилата во стариот дел од градот. Ги отфрлаат реакциите на граѓани кои се жалат дека се случува да влезат од една рампа, но не можат да излезат на друга како изолирани случаи. „ Системот е врзан во целина со 4 -те рампи на еден софтвер. Тоа е можно ако има прекин на интернет врските. Тие се изолирани случаи, неколку случаи се случиле. На 2 пати кај рампата Каменско снема струја во тој дел...

Продолжи со читање

Се проширува мрежата на аптеки и отварање на ординации на специјалистите од секундарното здравство во земјава

Post Views: 3 Аптеките кои досега немаа склучено договори со Фондот за здравствено осигурување сега ќе може да издаваат лекови со партиципација,а специјалистите ќе може да отворат ординации во местото кое ќе го изберат. Со измените го нема ограничувањето за отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договори според финансиските можности на Фондот. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Уредбата за мрежата на здравствениустанови, што Владата ја усвои на последната седница. Овозможено е проширување на мрежата на здравствени установи, односно делот...

Продолжи со читање

Скопјаните Мирчевски и Костадиноска победници на Илинденскиот пливачки маратон

Post Views: 8 Божидар Мирчевски од ПК Работнички и Јана Костадиноска од ПК Младост и двајцата од Скопје се победници на 40 издание на Илингденскиот пливачки маратон во категоријата над 16 години. Меѓу 60 тината учесници во двете категории до 16 и над 16 годишна возраст овие пливачи беа најбрзи на патеката Горица- Охрид во должина од 2,5 км. „ Многу сум задоволен од трката, испливав 31 минута. Тренирам 7 години пливање“, вели 15 годишниот Мирчевски. „Прв пат ја пливам оваа патека и многу сум задоволна. Ова е најдоброто постигнато мое време со испливан резултат од 32 минути“,...

Продолжи со читање

Eurostat: За над 60 посто Mакедонци луксуз е седумдневен одмор во некое летувалиште

Post Views: 5 Понатака има пад на домашните гости во земјава, покажуваат последните обработени податоци до месец мај, од областа на туризмот на Државниот завод за статистика. Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тоа го потврдува.Додава дека тоа е состојба која трае во континуитет неколку години и се должи на неколку фактори. „ Според мене и агенцијата тоа се должи на неконкурентноста на регионот со услугите и цените. Дополнително би кажал има недостаток и од нови атракции на домашниот пазар. Инфраструктурата е друг сегмент кога е во...

Продолжи со читање

Градоначалниците од Југозападниот плански регион потпишаа договори за финансирање на центарот за развој

Post Views: 5 Горан Милевски , Министерот за локална самоуправа и градоначалниците на Југозападниот плански регион во Струга потпишаа договор за финансирање на центарот за развој на Југозападниот плански регион. Со договорите ќе се утврдат активностите на центарот за планскиот регион и ќе финансираат проектни активности во висина од 1,2 милиони денари. Дел од финансирањето е на Министерството за локална самоуправа, а дел на општините. Изготвувањето на проектите со кои регионот ќе може да аплицира за наредната буџетска година ќе бидат на Центарот за развој на Југозападниот...

Продолжи со читање

Општините од југозападниот регион ќе градат на три локации шелтер центри за бездомни кучиња

Post Views: 5 Советот за развој на Југозападниот плански регион усвои предлог одлука за изградба на микростационари за кучиња скитници на три локации. Со финансиска поддршка од Европската унија, а имплементирани од УНДПИ ќе бидат изработени основни проекти за изградба на стационари на Мауцкер за општина Охрид, но и за Кичево и Центар Жупа. Во микростационарот на Мауцкер ќе бидат згрижувани кучиња од општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебраца. Згрижувањето на бездомните кучиња во прифатни центри е мошне скапа инвестиција која според проценките чини околу 100 евра по куче без...

Продолжи со читање

Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен

Post Views: 3 Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен, информира претседателот на РО на Сонк  од Струга, Демирчани Реџепи. Тој посочи дека кон наставниците се приклучиле  и нивни колеги кои не се членови  на синдикалната организација. Децата инаставнците доѓаат на училиште, но нстава не се одржува. Според, најновите измени на  Законот за образование во случај на штрајк заменски наставници во општинските училишта  за оние кои ќе штрајкуваат треба да обезбеди градоначалникот, а за државните ресорното министерство.  ТВМ го контактираше директорот на најголемото струшко...

Продолжи со читање

Нападнатиот професор Иљази се огласи за причините

Post Views: 5 Професорот на Штуловиот универзитет Иљаз Иљази бил физички нападнат од советникот Нефи Усеини. Покрај ударите кои 60 годишниот Иљази ги добил по телото и главата добил и закани за убиство. Иљази претходно не го познавал Усеини. Инцидентот се случил по одстранување на див приклучок за вода. Жителите од двете згради во кои е и викенд станот на Иљази во населбата Далјан, со недели имале слаб притисок на вода. Иљази како претседател на куќниот совет барал од МЈП Проаква одстранување на проблемот. Службите од водовод утврдиле дека станува збор за див приклучок на...

Продолжи со читање