Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во Дебрца пријавени 170 оштетени објекти

Post Views: 122 Советот на општина Дебрца денес ја формира Комисијата за проценка на настанатите штети од земјотресот што го погоди ова подрачје. Советниците, на денешната седница која имаше само една точка на Дневен ред, одлучија Комисијата да ја предводат дипломираниот архитект Симон Мартиноски и дипломираниот правник Зоран Ногачески, информира за ТВМ градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. „Комисијата утре во 9 часот ќе излезе на терен за да ја отпочне постапката за проценка на штетите. Потоа следува изработка на Елаборат кој ќе се најде пред совентиците за усвојување,...

Продолжи со читање

Ставрески и Јанкулоска ja посетија Дебрца

Post Views: 130 Министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска дојдоа во општина Дебрца. Владините министри се сретнаа со вознемиреното население од Белчишта и Велмеј, кои пред два дена ги погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени по рихтер со епицентар во Илинска планина. Земјотресот предизвика материјална штета врз објектите, а ги исплаши и жителите од овој дел на Дебрца. Министерот за Финансии Зоран Ставрески оствaри средба и со градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски. На средбата со населението Ставрески вети владина помош за оштетните домови од земјотресот за жителите...

Продолжи со читање

За Охрид како туристичка дестинација се поголем е интересот и кај соседите во Албанија

Post Views: 237 Охрид и регионот се поинтересни за туристите од соседна Албанија. Албанските туроператори и туристички агенции се подготвени да го нудат Охрид како нова дестинација во нивните аранжмани , покажаа последните средби на меѓународниот туристички саем што се одржа во Тирана, информира Илкер Мустафа од Тлер. „ Охрид е дестинација која се бара и ќе се бара на албанскиот пазар. Од остварените средби интересот е голем. Се бара нова труистичак понуда и аранжамни и во иднина ќе има гоелм инетерс на тој пазар за Охрид“, вели Мустафа.    На меѓународниот саем што се одржа...

Продолжи со читање

На геријатрија се бара кревет повеќе

Post Views: 128 На одделението за геријатрија се бара кревет повеќе. Брзото и новото темпо на живеење наметнува нови потреби на населението за лекување и нега од ваков тип на болничко сметување. На геријатрија во моментов располагаат со капацитет за сместување од 30 пациенти. Оваа бројка не ги задоволува потребите и барањата на граѓаните, вели директорот на Општа болница Љубен Арнаудов.  „Нашите анализи покажуваат дека во моментов на Охрид му се потребни од 70 до 100 болнички кревети. Посебно внимание водиме за пациентите на кои с ена лекување во геријатрија. Повеќето од нив се долго...

Продолжи со читање

Намалена е побарувачката за продажба на куќи во стариот дел на Охрид

Post Views: 151 Побарувачката за купување куќи во стариот дел на Охрид е намалена. Најактуелни за купување се куќите со поглед на езеро во делот на Света Софија, Канео и Месокастро но најчесто тоа се стари објекти кои имаат потреба од реновирање. Но бирократските процедури за вадење градежни дозволи се многу долги па купопроджбата се одвива многу тешко. Врз продажбата на недвижностите во голем мера покрај долгите бирократски процедури за вадење градежни дозволи за реновирање на куќите влијае и долгата постапка за легализација, вели Александар Трајковски од Агенцијата за недвижности...

Продолжи со читање

Елена и Емилија се близначки со голем сликарски потенцијал

Post Views: 268 Близначките Елена и Емилија Лазороски се талентирани седумнаесет годишни средношколки со исклучителен сликарски талент. Сликаат пејзажи и портрети во различни техники. Употребуваат дрвени бојци, пастел, акрилни бои и маслени бои. Од неодамна успешно експериментираат и со портрети. „ Најчесто сега цртаме портрети со пастел. Иначе пред две години цртавме оптичка илузија, нешто што не одмараше и требаше да внесеме повеќе труд и детали. Сега сме повеќе посветивме на портрети и пореално од она што го гледаме од животот“, вели Емилија. Близначките Лазароски сликаат од...

Продолжи со читање

Охриѓанките Елена и Емилија се близначки со голем сликарски потенцијал

Post Views: 127 Близначките Елена и Емилија Лазороски се талентирани седумнаесет годишни средношколки со исклучителен сликарски талент. Сликаат пејзажи и портрети во различни техники. Употребуваат дрвени бојци, пастел, акрилни бои и маслени бои. Од неодамна успешно експериментираат и со портрети. „ Најчесто сега цртаме портрети со пастел. Иначе пред две години цртавме оптичка илузија, нешто што не одмараше и требаше да внесеме повеќе труд и детали. Сега сме повеќе посветивме на портрети и пореално од она што го гледаме од животот“, вели Емилија. Близначките Лазароски сликаат од...

Продолжи со читање

Лекувањето во Општа болница трае просечно седум дена

Post Views: 124 Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптималнистандарди. Намалувањето на болничкиот ден не подразбира кратење на лекарските услуги туку нивно стандардизирање во реални рамки, нагласува директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов. Болничкото лекување во охридската болница минатата година, во просек траело седум дена. По барање на Министерството за здравство и Фондот, општа болница води грижа и за времетраењето на болничкото лекување, информира директорот...

Продолжи со читање

Спасители, лекар и психолог на охридските плажи

Post Views: 138  Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона. Општинскиот Црвен крст има 208 лиценцирани спасители на вода, а наскоро ќе започне и обука на нови 40 -тина спасители, информира нејзиниот претседател Сашо Точков. На плажите ќе бидат ангажирани околу 100-тина од нив кои ќе се грижат капачите да бидат сигурни во езерските води. „За безбедноста на плажите се грижи самиот концесионер кој ќе ја повика службата или пак Капетанијата, односно Министерството за транспорт...

Продолжи со читање

Охридските основци и децата од градинката беа дел од проектот Живеј здраво, живеј безбедно

Post Views: 108 Основците од повеќе охридски училишта и од детската градинка Јасна Ристеска се вклучија во проектот кој се одржа под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“. Учениците преку забава се здобија со знаења како да стекнуваат здрави животни навики. Во организација на општина Охрид на овој начин беше одбележан Светскиот ден на здравјето 7 април. Во проектот активно се вклучија волонтери од ОО ЦК. Тие презентираа како се дава прва помош при повреди. Младите се многу заинтересирани за споделување знаења од оваа област, кажува волонтерот Георги Ставрески. „Преку цела година...

Продолжи со читање

Започна пријавувањето за субвенции за ПВЦ прозори и сончеви колектори

Post Views: 113 Министерството за економија и годинава ќе ги покрива дел од трошоците на граѓаните за поставување на сончеви колектори на покривите  и за замена на старите со нови прозорци. Граѓаните може да поднесуваат барање за надомест на дел од вложените средства.  Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен сè до искористување на предвидените средства. За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата обезбеден е буџет во износ од 30.000.000 денари . Граѓаните ќе добиваат  50 отсто од средства...

Продолжи со читање

Охридскиот Чинар ќе добие нов силикон

Post Views: 294 Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Во меѓувреме, стручниот тим од Министерството за животна средина направил увид за состојбата на чинарот. Директорот на просторниот и информативниот систем при ресорното министерство, Димитри Ролевски, вели дека констатирале сериозни механички оштетувања на обвивката и на шиндрите предизвикани од човечко вандалско однесување. Тоа придонело да се развијат габни форми кои се грда слика за Чинарот. Забележани се и други појави кои се појавиле по првата конзервација....

Продолжи со читање