Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Се менува навиката за селектирање на отпад кај охриѓани

Post Views: 116 ЈП Охридски комуналец и Пакомак од Скопје на територија на Охрид имаат поставено 60 кафези за хартија , 45 специјални садови за стакло и 13 за одлагање на ПЕТ амбалажа и лименки. На депониите и понатака завршуваат големи количини на текстил и лименки. Свеста за селектирање на отпадот кај граѓаните полека се менува и се подобрува, информира Слободан Рапешоски од РЕ Механизација од ЈП Охридски комуналец. Иако 50 посто од собраниот отпад може да се селектира и да се преработи засега се селектира само 20 посто од отпадот, вели Рапешоски. „Најмногу се селектира хартијата....

Продолжи со читање

По пет децении средба пропратена со емоции

Post Views: 121 Генерацијата економисти од учебната 1961-1962 година го одбележаа јубилејот 5 децении од матура. Многу возбуда, насолзени очи и прегратки споделија некогашните соученици од оваа генерација на економското училиште. Сега возрасни луѓе навлезени во седмата деценија од животот со голема возбуда се потсетија на времето од своите средношколски денови.   „Ми се чини како да бевме пред 5 години во  овој школски двор. Поголем дел од соучениците не се тука некои  заради староста, а некои  од други причини, но атмосферата на средбата е полна со возбуда и емоции“ вели организаторот...

Продолжи со читање

Успешно модно преставување на охридската креаторка Моника Коцарева на модната недела во Скопје

Post Views: 245 Охридската модна дизајнерка Мoника Коцарева со свои креации учествуваше на Fаshion week во Скопје. Младата креаторка е задоволна од организацијата и од своето претставување на модната колекција насловена како Boundless. Модната колекција е доведена до безграничност, со цел жената која ќе ги носи да нема ограничувања. Моделите се наменети за жената која дефинира свој личен стил и одбива да се вклопи во стереотипите во животот и модата. Таа е таму каде што сака да биде, самостојна, реализирана и ужива во поместување на границите на модните наметнувања. Целата колекција...

Продолжи со читање

Обид младинските акции да се вратат на сцена

Post Views: 156 Зоран Стевоски е еден од иницијаторите за рестартирање на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“. Стевоски е поранешен учесник во акцијашкиот клуб „Илинден“ и учествувал на 12 сојузни младински акции. Овој поранешен учесник на младински акции и неговите истомисленици се залагаат да го вратат духот на некогашните работни акции кај денешните млади луѓе. Стевоски потсетува на минатото кога несебично давале допринос за изградба на земјата, а покрај тоа се граделе како вистински личности со морални вредности, а стекнувале и работни навики. „Тоа беше вистинска школа на животот,...

Продолжи со читање

Интрепелација нема, а разрешување може да побараат на секоја седница, вели Јаковчески

Post Views: 131 Претседателот на Советот, Душко Јаковчески, на прес конфренција ги изнесе своите ставови во однос на барањето на советниците од редовите на Вмро Дпмне кои бараат негова интерпелација. Ова е типично во нивен стил, дефукусирање на јавноста во моменти кога централната власт се соочува со бројни проблеми во надворешната политика, економијата и безбедоноста на земјата, рече Јаковчески. Нивното барање да се свика итна седница поврзана со состојбите во Трпејца не можев да го реализирам затоа што за тоа немаше предуслови. Нема итна седница, туку вонредна, која се свикува во...

Продолжи со читање

Промовирана 41 -та генерација завршени студенти на ФТУ

Post Views: 122 На Факултетот за туризам и угостителство беа доделени дипломи на 150 завршени студенти од повеќе насоки. Со тоа беше промовирана новата 41 генерација на завршени студенти од оваа високо образовна иснтитуција. Дел од дипломците ќе бараат работа, а дел ќе продолжат со мастерските студии. Деканот, Проф. Д-р Сашо Коруноски имаше свое обраќање пред дипломците. При тоа, деканот истакна дека животот е полн со предизвици, кои треба постојано да се совладуваат и да се постигнуваат нови успеси.  „Ова е само една скала од вашиот професионален развој и сакам да ве поканам да...

Продолжи со читање

Во Охрид ќе се прска против комарци

Post Views: 135 Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари. Службите од Центарот за јавно здравје и охридската Локална самоуправа веќе се состанале и разговарале за спроведување на мерките за заштита кои произлегуваат од Законот за Јавно здравство. Најави има дека во градот ќе се прска против комарци во два наврати, во мај и јуни, а против глувците во септември. Градоначалникот Александар Петрески нема дилема за преземањето на...

Продолжи со читање

Вработувања лекари без партиско влијание

Post Views: 136  ЈЗУ „Општа болница“ Охрид ќе го освежува медицинскиот персонал со вработување на четворица лекари по општа пракса. На почетокот од оваа година Владата дала согласност за вработување на 5 лица, а во моментов тече оглас за 4 лекари. Наскоро, ќе се распише објава за прием на уште еден лекар по општа пракса, информира директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов. Првиот човек на болницата кажува дека во нивната здравстѕвена установа има етапно освежување на медицинскиот кадар како резултат на анализата за развој на ова установа направена пред 5 години. Лани беа примени...

Продолжи со читање

Основците имаат слаби познавања за децата со посебни потреби

Post Views: 95 Основците имаат слаби познавања за децата со посебни потреби. Ова го покажало истражувањето спроведено од стручната служба во ОУ„ Св Климент Охридски“ при реализација на проект на тема „ До инклузија со соработка“ со „Сината птица“ , здружение за помош и поддршка на деца и млади со различности. Основните училишта со наставната програма се насочени кон едукативниот процес за сметка на воспитната компонента. Иако школите се трудат да работат со децата на развивање позитивни ставови и менување на стереотипите за овие деца тие се оптоварени со обемни наставни програми...

Продолжи со читање

Старото кино станува руина

Post Views: 152 Некогашната гордост на градот, киното Охридско езеро, полека се претвора во руина. Објектот кој се наоѓа во строгиот центар на градот остава грда слика со својата запуштеност. Непознати лица го искршиле долниот прозор и внатрешноста на објектот ја претвориле во депонија. Од зградата се шири неподнослива реа. Искршените стакла од горните прозори преставуваат сериозна опасност за минувачите да не завршат врз нечија глава под налет на ветар. Граѓаните реагираат дека покрај објектот поминуваат со страв. Минувачите се почесто ја заобиколуваат зградата и преминуваат на ...

Продолжи со читање

Aнемија ги напаѓа децата

Post Views: 135 Родители внимавајте анемија ги напаѓа децата. Здравствената слика на охриѓани покажува дека во регионот бeлежaт пораст анемијата и заболувањата на тироидната жлезда. Кај предшколските деца на возраст до 7 години на прво место преовладуваат заболувањата на дишните патишта со 58 проценти, а веднаш зад нив следува анемијата со 3,5 посто, укажува д-р Слободанка Коцевска, од охридскиот Центар за јавно здравство. Најчесто на удар се предшколските деца, појаснува д-р Коцевска. „Причина за откривање на анемијата и заземањето второ место се честите лабораториски контроли кај...

Продолжи со читање

Плоштадот Чинар ќе се реконструира

Post Views: 106 Плоштадот Чинар ќе се реконструира. Локалната самоуправа распиша конкурс за избор на идејно решение за измена на сегашниот изглед на малиот плоштад. Охриѓани имаат свои видувања за уредување на плоштадот.Случајно избраните граѓани сметаат дека за сегашната фонтана  треба промена. Локалната самоуправа бара нови решенија од архитектите при изработката на идејното архитектонско решение за реконструкција на плоштадот и во опкружувањето околу фонтаната. Има услов таа делумно да се помести за да овозможи пофункционално и порационално решение на просторот околу неа. Покрај...

Продолжи со читање