Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

На комеморација охридските новинари се збoгуваа од колегата Борис Георгиески

Post Views: 3 Последно збогум на починатиот новинар Борис Георгиески упатија охридските новинари. Колегите се простија со новинарот кој се одликуваше со висока професионалност и остави белег во македонското новинарство. Тој беше пример за многу охридски новинари од кого стекна дргоцено искуство. Од името на колегите се прости Симон Илиевски кој потсети на неговата страст кон професијата, но и на неговите пасии рибарењето и сликањето. „ Посакувам да оди кон небото со добра мисла и со мирна душа. На спокојно место да ги спојува добрите мисли од новинарството, неговите цртежи,...

Продолжи со читање

Повеќето занаетчии се погодени од забраната да не се работи во недела

Post Views: 6 Голем број на занаетчии и самостојни вршители на дејност се погодени од забраната да не се работи во недела. Не може да се стават во иста позиција со останатите работници за кои недела е неработен ден со измените на Законот за работни односи, кажува од името на занаетчиите, Сашо Богојески претседател на Регионалната занаетчиска комора од Охрид. Посочува дека има голема нелогичност која се однесува на занаетчиски дејности кои имаат специфична услужна дејност, како што се фризери, козметичари и други дејности да не работат во недела.Ако се случи да пукне...

Продолжи со читање

Божиноски: „Европски“ Охрид треба да има нула отпад

Post Views: 4 СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески и натаму одат спротивно препораките на УНЕСКО за Охрид. „Европски“ Охрид треба да има нула отпад. Но, се случува сосем спротивното, истакнаа денес на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинија дека ЈП „Охридски Комуналец“ на незаконски начин депонира отпад на Мауцкер, рече Перчо Божиновски, портпарол О.К. ВМО – ДПМНЕ. „ Власта на СДСМ се однесува неодговорно и на незаконски начин депонираа отпад и ѓубре на Мауцкер. Рано наутро без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП...

Продолжи со читање

Големa материјална штета претрпе опожарениот струшкиот ЕК Снегар

Post Views: 4 33 спортски пловни објекти изгореа во хангарот на струшкиот едриличарски клуб Снегар. Клубот остана без чамци од класите Ласер, Европа, Оптимист и другите бродови кои се затекнаа во скалдиштето на струшката плажа на површина од над 250 метри квадратни, кажува со тешко срце Лазо Ѓоргоноски претседател на ЕК Снегар. Територијалната противпожарна единица, вчерa околу 17 часот, интeрвенирала со две возила, но заради материјалот кој развива голема температура било невозможно да се изгасне. Денес, се расчистуваа остатоците од опожарениот едрилачарски хангар и се...

Продолжи со читање

Решен проблемот со слабото водоснабдување на жителите од Долно Лакочереј

Post Views: 3 Недостатокот од вода за пиење во водоводната мрежа во Долно Лакочереј е решен, информираат од МЈП Проаква. Во летните месеци , жителите од оваа месна заедница, во чешмите имаа слаб проток на вода за пиење. Тоа се должеше, пред се заради старата навика да ги полеваат зелените површини и земјоделски насади со вода од водоводната мрежа. Се трошеа резервоарските количини на вода во системот за водоснабдување, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква. За жителите да имаат норамално водоснабдување мораше да се употреби дополнително користење на вода од две...

Продолжи со читање

Три дена Beach film festival по втор пат во Охрид

Post Views: 4 Од 18 до 21 јули во Охрид ќе се одржува Beach  film festival. Љубителите на европскиот филм ќе можат да ги проследат проекциите на две локации на плажата Оревче и на бродот Галеб, информира Томе Станковски од организацијата на Beach film festival. Фестивалот има натпреварувачки карактер и ќе се доделува наградата „Голем бран“ за најдобар долгометражен и краткометражен филм, подвлекува Станковски. „ Покрај тие две награди има и новитет, најдобро актерско остварување. Наградата ќе го носи името на неодамна починатиот професор Стефан Сидоски Сидо. Како голем...

Продолжи со читање

Голем број охридски занаетчии работат без занаетчиски дозволи

Post Views: 8 Само 30- тина занаетчии и 2 -ца вршители на занаетчиски дејности трговци поединци во првбата половина од ова агодина ги озбебедиле задолжителните лиценци за работа. Голем е бројот на охридски занаетчии и вршители на занаетчиски дејности трговци поединци и Доели кои го чекаат последниот момент за да обезбедат занаетчки дозволи , информира Сашо Богоески , претседател на Регионална занаетчиска комора и потпретседател на Републичката комора. Во моментов во Регионалната комора има регистрирани 250 занаетчии, а 500 вршители на занаетчиски дејности. Тоа не ја одсликува...

Продолжи со читање

Стоилковски: Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал

Post Views: 6 Дивоградбата на Нефи Усеини, советник од редовите на ДУИ, тема и на денешната прес конфренција на Вмро Дпмне. Нормите за градење се јасни кога станува збор за гардење на дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини , а која локалната и централната власт ја толерираат, рече на денешната прес конференција Наум Стоилковски, партискиот портпарол на Вмро ДПмне. „ Законот во член 244-а вели,тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба без одобрение за градење или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3...

Продолжи со читање