Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Месечината во перигеј фотографирана над Охрид

Post Views: 128  Фотографии од Месечината во перигеј од небото над Охрид направија двајца охриѓани, аматери и вљубеници во астрономијата. Стојан Стојановски и Сашо Божиноски  избрале локација во населбата Видобишта од каде што го следеле орбиталното движење на Месечината кога таа е најблиску до Земјата. Стојановски и Божиноски трпеливо направиле прекрасни фотографии и снимки на Месечината во перигеј. „Времето беше идеално, прво чекавме да изгрее Месечината, снимавме и сликавме трпеливо со часови. Околу 5 часот изутрината го чекавме нејзиниот залез. Снимките кои ги направивме се убави,...

Продолжи со читање

Охриѓани купуваат безбедна храна

Post Views: 127 Редовните контроли на инспекциските органи на АХВ покажуваат дека досега охриѓани и стружани купувале безбедна храна. Во пресрет на Велигденските празници кога е зголемена побарувачаката на јајца инспекциските служби вршат засилени контроли на овој прехранбен продукт, но и на прехранбените бои за бојадисување на јајца. Досега се уништени две пратки на јајца при увоз од соседна Србија, информира Атанасова. „Се контролира производството, преработувачката, дистрибуцијата и продажбата на јајца. Како небезбедна досега заради несоодветно означување на рокот на употреба...

Продолжи со читање

Триесетмина охриѓани поднесле претставки до општинскиот Државен пазарен инспекторат

Post Views: 105 За три месеци од почетокот на годината до Државниот пазарен инспекторат пристигнале 29 претставки од граѓани. Во најголем дел од преставките е постапуванo и се решение, напоменува Цветко Ристески овластен потписник во одделението на Државниот пазарен инспекторат. „ Поплаките во поглед на на продадените производи за несодветен квалитет во најголем број во 90 посто се однесуваат на производи од бела техника и телефонски апарати. За волја на вистината има и дел од претсвките кои се неосновани. Граѓаните се пожалиле незнајеќи ги своите права, но ние како служба ќе отцениме...

Продолжи со читање

Охридската ТА „Елида Турс“ се стекна со сертификат Коректна Фирма

Post Views: 254 Со сертификат Коректна Фирма се здоби охридската туристичка агенција „Елида Турс“. Како една помала фирма овој сертификат е значајно признание и мотив за нас да продолжиме по патот по кој го трасираме ското 3 децени , вели сопственичката на агенцијата Елида Битрак. „Нашиот тим во секое време се труди со нашите клиенти да има коректен однос. Да има почитување и да се најде можност отценувајќи го карактерот на патникот како да му удоволи на неговото барање. Секогаш се љубезни, коректни, во прв план е клиентот и мислам дека го заслуживме тоа“, вели Битрак. ТА „ Елида...

Продолжи со читање

Продажбата на недвижности во Охрид е во благо опаѓање од околу 5 проценти

Post Views: 121 Охрид е атрактивен и интересен за купување станови најмногу од нашите иселеници во странство и од купувачи од внатрешноста. На пазарот на недвижности во Охрид цените за проджба се во мошне благ пад, информира Александар Трајкоски од агенцијата за недвижности „ Енхелеја. „Има околу 5 посто пад на недвижностите. Ако цената била 1200 евра за метар квадратен во 2016 и 2015 сега цената е 1150 евра во строгиот центар, Партизанска и Кеј. Во населбата Билјанини извори била 850 евра за метар квадратен сега е 750 евра з а метар квадратен. Би напоменал дека понудата е лоша...

Продолжи со читање

Тивко умира Охридскиот чинар

Post Views: 374 Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот. На надворешноста од најстарото дрво во градот е видливо поткопувањето на стеблото. Дрвото беше санирано во пролетта, 2002 година кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата. Дрвото се претпоставува дека е засадено...

Продолжи со читање

Охридските млади фризери во чекор со модните трендови

Post Views: 146 Во силна меѓународна конкуренција под строгото око на врвни светски стилисти, тројца охридски млади фризери се искачија на самиот врв меѓу најдобрите. Охриѓани со својата креативност и вештина на меѓународниот натпревар Hair Fear 2018 покажаа дека сме во чекор со модата и светските трендови. Меѓу 150 фризери од Балканот и Европа во повеќе дисциплини за женски и машки фризури три награди отидоа во рацете на охридските млади фризери. Фризерскиот натпревар беше органзиран од Македонската фризерска асоцијација, а учествуваа фризери од средните фризерски училишта од земјава....

Продолжи со читање

Пензионерите од село бараат бесплатен превоз до град

Post Views: 132 Секој понеделник бесплатен превоз до градот бараат пензионерите од селските населби од околината на Охрид и од Дебрца. Сакаат бенефиција како и скопските колеги кои веќе една година, еднаш во неделата користат бесплатен градски превоз. Повеќето пензионери од руралните средини од Охрид и Дебрца се со ниски пензии и имаат реална потреба еднаш неделно да дојдат во градот на пазар, на доктор или да купат лекови. Во селата во Дебрца, како и во охридските, нема амбуланти и аптеки, а повеќето жители во своите средини купуваат само основни животни продукти. Од Здружението...

Продолжи со читање

Охридскиот сликар Јордан Манасијески ја претставуваше македонската нација на изложбата „Venezia Art Expo“

Post Views: 150 Сликарот Јордан Манасијески со уметничко дело ја претстави македонската нација на Изложбата на нациите на „Venezia Art Expo“. Нашиот еминентен сликар Манасијески ја доби поканата за учество на Венецијанското биенале од 6 мина врвни италијански историчари на уметност кои го следат неговиот творечки опус во сликарството, вели Љупчо Жупан од охридската галерија Букефал. „Беше голема чест да се биде дел од тој настан. Посебно што овие историчари на уметност подолго време го пратат сликарот Манасијески и едноставно го поканија на тоа биенале да ја претставува македонската...

Продолжи со читање

Во споредниот канал Студенчишта плива отпад

Post Views: 145 Споредниот канал кој тече околу спортско рекреативниот центар Билјанини извори и се влева во каналот Студенчишта е прекриен со цврст отпад. Пластични шишиња, лименки и окрек пливаат во водата и оставаат грда слика за нашата еколошка совест. Надлежните институции на локално и државно ниво, кој треба да се грижат за хигиената на јавните површини, продолжуваат со добро познатата реторика за своите ингеренции. Танас Танаксоки, главниот општински инспектор се оградува од надлежностите за чистење. Од општинскиот инспекторат велат дека споредниот канал е под надлежност на...

Продолжи со читање

Формиран охридскиот огранок на партијата Единствена Македонија

Post Views: 189 Промовиран општинскиот комитет на партијата „Единствена Македонија “ во Охрид. Јанко Бачев,претседателот на партијата Единствена Македонија пред охриѓани ја претстави нивната политичка опција. Во изминатиов месец интересот на граѓаните за нашата партија е голем. Голема лага му се сервира на македонскиот народ во однос на ЕУ и НАТО, рече Јанко Бачев , претседателот на партијата Единствена Македонија. „Сето тоа го гледаме и луѓето ја прифаќаат нашата идеја. Ние пред еден месец најавивме радикален стратешки пресврт во нашата надворешна политика. Приоритет и заложба...

Продолжи со читање

НВО „Опција“ ги презентира програмите со кои делуваат во превенцијата од Хив/Сида

Post Views: 107 Одржана работна средба на НВО Опција со советниците од општините Охрид и Струга и претставниците од јавните и државните институции кои имаат допирни точки со превенцијата од ХИВ СИДА . Од Опција со видео запис ја презентираа нивната активност и програмите со кои делуваат. Денешната работна тема е „Одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на Програмата за превенција на ХИВ СИДА од Националниот буџет“. Од Опција ја доближија својата мисија до останатите институции. „Денес ќе се обидеме да допреме и до Локалните самоуправи...

Продолжи со читање