Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот планираат дека 2019 година Македонија ќе ја посетат 3,2 милиони гости кои ќе остварат 3,5 милиони ноќевања. Интенција на Агенцијата е да се задржат традиционалните туристи, но и да се отвараат нови пазари во светот кои би ги привлекле туристите да ја посетат Македонија. Нивните анализи на посетеноста на земјава во изминатите 6 месеци покажале дека бројот на холандските гости во континуитет расте од 4 до 5 проценти , а се зголемува бројот на гостите од европакиет земји. Бројот на хрватските гости е во пораст за 23...
Атлетичарот Јован Стојоски го подигна рејтингот на атлетскиот клуб Охрид
Post Views: 6 Јован Стојоски од АК Охрид на Европското првенство во Шведска, за прв пат во историјата македонската атлетика се пласира во финале и го освои 6 -то место на 400 метри. На сениорскиот куп во Охрид, охридските атлетичари во машка конкуренција се пласираа на 2, а жените на 3 место. Последните спортски резултат на атлетичарите даваат надеж дека охридската атлетика нема да згасне. Атлетичарот Стојоски дојде од клубот Црвен ѕвезда од Белград и ги мотивира останатите охридски атлетичари да не заминат од клубот и го подига рејтингот на клубот, вели Пецо Неданов...
Доброволните членови во вториот пензиски столб ќе имаат избор дали да останат или да се префрлат во Фондот на ПИОМ
Post Views: 3 Повозрасните членови кои го избрале вториот пензиски столб имаат рок до 30 септември да дадат согласност дали остануваат или го раскинуваат членството. Ова следи по измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Доколку не се изјаснат во предвидениот рок од 1 октомври 2019 година друштвото ќе ја затвори нивната индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОМ.Членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОМ. Од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информираат...
МЈП Проаква секојдневно ги решава дефектите кои се јавуваат на пумпните станици на колекторскиот систем
Post Views: 2 Екипи на МЈП Проаква го санираа преливањето на отпадните води кај Грашница . Стар проблем кој повторно ги вознемири граѓаните , но и надлежните институции. Локалната самоуправа за прв пат постапи по решението на Државниот инспекторат и постави табли забрането капење по испитувањата за квалитетот на површинските води кои покажаа дека водата за капење кај Грашница и одморалиштето Партизан е од трета категорија. МЈП Проаква секојдневно ги решава дефектите кои се јавуваат на пумпните станици на колекторскиот систем. Во рамките на финансиските можности се решаваат...
Со новиот објект „ИТ кафе“ се збогатува охридската угостителска понуда
Post Views: 5 „Итали кафе“ е новиот објект со кој охридската угостителска понуда станува побогата. Во низата кафулиња и ресторани со „ИТ кафе“ градот добива нов препознатлив угоститески објект, информира ПР менаџерот Јасна Стојаноска. „ Се наоѓаме во срцето на Охридската чаршија кај скаличките до ТЦ Амам. Во „ИТ кафе“ ќе имаме добро избрана музика, гостите ќе уживаат во добра урбано место , со вкусна харна , добри пијалоци и најдобро кафе“, напоменува Стојаноска. Италијаскиот шарм ќе го пронајдете во „Итали кафе“, со стилски ентериер и прекрасен амбиент. Место каде што...
Најголеми штети има во автокампот Љубаништа и во Св. Наум
Post Views: 6 Оштетени коли од откорнати дрвја, превртени и искршени камп приколки, како и оштетувања на кровни конструкции од станбени објекти е епилогот од 20 минуитното невреме кое го зафати охридското крабржје пред неколку дена. Претставници од локалната самоуправа го посетија погодениот реон на потегот од Градиште до Св Наум. За среќа, констатирале помали оштетувања од ветерот кој дувал со брзина од 140 до 150 км, информира Томе Нанески од Фондот за комунален развој. „ Констатирано е дека најголеми штети има на дел од кампот Љубаништа и кампот Св. Наум и за среќа нема...
Фронт 21/42 алармира се изигрува донесувањето на предлог законот за управување со Охридскиот регион
Post Views: 4 Од Фронт 21/42 реагираат дека се напуштаат целите на предлог законот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион. Информираат дека вчера без присуство на јавноста се одржала седница на собраниската Комисија за култура, а тие кои учествува во рабоата на нацрт законската верзија се изиграни со тоа што на предлог-законот му се додале работи за кои воопшто претходно не станало збор. Работните групи при изработката на нацрт Законот никогаш не зборувале да се вклучи член од Министерството за политички систем , а нити да се применува...
Охридската оперска пејачка Миланка Новеска во средината на јули ќе има концерт во Стокхолм
Post Views: 4 Младата оперска певица, Миланка Новеска жнее успеси на музички план. Оваа амбициозна и посветена музичарка достојно ги преставува Охрид и Македонија на меѓународниот музички свет. Новеска својата музичка наобразба ја продолжи во Букурешт, Романија. Неодамна се стекна со дипломи, заврши два Факултети за педагогија и соло пеење. Новеска со својот талент, музички квалитет и трудољубивост не остана незабележана од романските музички педагози. За нејзините музички остварувања е добитник на бројни награди . „Многу сум задоволна од поддршката во Букурешт. Прекрасно е да...