Автор: Валентина Неловска
Post Views: 140 Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот...
Зголемена посетеноста на охридските археолошки локалитети и музеи
Post Views: 151 Посетеноста на археолошките и музејските локалитети во Охрид и крајбрежјето е задоволителна оваа летна сезона доколку ја споредиме со минатата година, информира Мишко Тутуткоски, директор на НУ Завод и музеј Охрид. Додава со жалење дека споредбите на посетеноста со претходните години се катастрофални заради светската пандемија. Оваа година на сите локалитети и сите музеи со кои ние стопанисуваме имаме 10 пати зголемена посетеност во однос на минатата година. Но, ако се вратиме на годините пред пандемијата ние може да констатираме дека има 50 проценти помал...
За мирна старост поголема полициска заштита
Post Views: 130 Поголема полициска заштита за спокојна старост сакаат пензионерите од Дебрца. Пензионерите од руралните средини, покрај немањето на амбуланти и аптеки, се почесто се жалат дека се жртви на кражби и на семејно насилство. За да се чујаат потребите и проблемите на пензионерите Здруженито на пензионери од Охрид и Дебрца практикува директни средби со членовите во 30 -те месни ограноци, нагласува претседетелот Ѓорги Трпчески. Се почесто пензионерите отворено ги кажуваат своите маки на овие средби. Тие не се чувствуваат безбедни затоа што нема полициска станица во Дебрца...
Анастазија Жупан на светскиот ден на лицата со Даунов синдром во бистро Корнер приреди изложба на тема цвеќе
Post Views: 217 Анастазија Жупан својата дарба за сликање ја претстави на изложба. Во бистро Корнер таа изложи десетината слики со мотиви на цвеќиња. На тој начин се вклучи во одбележување на денот на лицата со Даунов синдром. Изложбата ја посветува на својата неодамна почината баба Здравка Жупан. Преку веселите бои на своите цртежи таа открива колку го сака животот. Изложбата има хуманитарен карактер и собраните средства сака да ги донира во НВО „Порака Нова“ и да ги израдува децата кои се дел од оваа организација. Анастазија се радува на пролетта, а сака да учи сликарство.„ Ги...
Бесни деца искршени реквизити
Post Views: 157 Детските игралишта, кои денес се замена за некогашните маалски лединки,се места каде што градските деца минуваат дел од времето во игра. Но, се почесто, овие игралишта безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните...
Околу илјада жени годишно во земјава заболуваат од карцином на дојка, се почесто и млади жени
Post Views: 134 Стагнира бројот на заболени охриѓанки од рак на дојка во последните три години, покажуваат статистичките податоци од Центарот за јавно здравје. Од вкупниот број малигни заболувања кај жените 19 проценти биле жени со карцином на дојка, во 2016 година биле евидентирани 20 проценти, додека 18,4 проценти биле забележани во 2017 година, информира д-р Слободанка Коцевска од ЦЈЗ. Во последниет години ова заболување се одржува на тоа ниво. 99 посто од заболените се жени, но од карциномот на дојка не се поштедени ни мажите иако тој процент е 1 посто, напоменува д-р Коцевска. „Од...
Туристичките работници апелираат повторно да се обнови уништениот Мост на желбите
Post Views: 108 Туристичките работници очекуваат повторно ставање во функција на мостот на желбите. Мостот кој настрада во саботата при силниот ветар и брановите и пред невремето на одредени делови беше оштетен. Туристичките водичи меѓу кои и Горан Пинза од Битола апелираат што побрзо мостот да се обнови. Тој појаснува дека најчесто турите со гости ги почнуваат од Горан Порта кон Св Јован Канео па се спуштаат по мостот кон Света Софија. „ Гостите ги гледаат двете плажи Канео и Потпеш и стигнуваме брзо до Света Софија. Од приватен аспект кога доаѓам во Охрид тие плажи ми се омилени....
ХПВ вакцината сеуште баук
Post Views: 136 Општина Охрид има висок процент имунизација кој се движи над 98 проценти. За некои вакцини покриеноста е целосна. Задолжителни вакцини кои децата ги добиваат од раѓањето па се до навршување на полнолетство има 9. За некои родители вакцините одамна не се баук. Тие најчесто ги прифиќаат и редовно ги вакцинираат децата со задолжителните вакцини. Досега нема казни за родители кои одбивале да ги вакцинираат децата. Санкциите не се наш приоритет туку заштитата од болести, вели д-р Катерина Димитрова, началник на Општа болница. Во моментов тоа не е случај и со родителите...
Цвеќе и приредба во чест на Христо Узунов
Post Views: 131 На бистата на охридскиот револуционер и илингденец Христо Узунов во знак на сеќавање и почит беше положено свежо цвеќе. Градоначалникот, преставници од Локалната самоуправа и училиштето кое го носи неговото име се поклонаа пред големиот револуционер. Потоа, преставници од градот заминаа да го посетат неговото вечно почивалиште во Цер, каде што Христо Узунов храбро во 1905 година со својата дружина ги положија животите за Македонија. Синоќа пак, основното училиште кое со гордост го носи името на овој револуционер, го одбележа по 35 -ти пат својот патронат. Учениците...
Денот на книгата постхумно посветен на Ташко Георгиески
Post Views: 122 Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. НУ библиотека „Григор Прличев“ постхумно во чест на Георгиески направи изложба на неговите литературни дела. За да му одадат почит и да се потсетат на делата на познатиот македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист во библиотеката беа присутни голем број почитувачи на неговите книжевни дела. За неговиот книжевен опус, осврт направи директорката на НУ „Григор Прличев“, Александра Белевска. Авторот Георгиески беше член на МАНУ, на ДПМ, на ПЕН....
Бранови со висина од 2 метри поплавија летни тераси на кафулињата на првата езерска линија
Post Views: 140 Претпладнево во Охрид под налет на циклонот Хектор која ја зафати југоисточна Европа, летаа кровови, се искршија прозори, паднаа дрвја. Лимен кров падна на улицата Никола Карев во близина на маркетот Тинекс и за среќа нема повредени. Паднати дрвја има во дворот на охридската болница, во населбата Христо Узунов, на патот Пештани – Св. Наум, кај Еврохотел Струга. Брановите кои удираа со висина од 2 метри ги поплавија летните тераси на кафулињата на првата езерска линија. Силниот ветар ги вознемири охриѓани. Противпожарната единица од изутринава до 13 часот имаше...
Aнтички нема да се менува
Post Views: 121 Фестивалските спектакли и понатака ќе се одржуваат на постојниот Античкиот театар и просторот нема да добива нов лик. Иако, од Завод и музеј 5 години по ред чекаат пари од ресорното министерство за експропријација на објектите околу театарот, пари за таа намена нема и годинава. Сопствениците на објектите, каде што се откриени различни археолошки наоди, пак стануваат се понестрпливи, сакаат расчистувањена имотноправните односи. Во мат позиција со институциите се наоѓаат седум сопствениците, меѓу кои од локалитетот Манчевци и куќите околу античкиот театар. Паско Кузман,...