Автор: Валентина Неловска
Post Views: 8 Лефтерија Гаџоска претставник од Организацијата „Крушевска жена“ и нејзини колешки од Пешкопеа, Албанија подолго време се занимаваат со преработка на локални шумски производи подготвени на традиционален начин ,а сега имаат можност да развиваат бизнис со помош на фондовите на ЕУ за прекугранична соработка. На пазарот пласираат крушевски локум, разни видови џемови , ликери, кори, мед, производи кои ги користат од природните ресурси кои ги имаат“, раскажува Гаџоска. Таа очекува допрва да се види бенефитот од ваква соработка со жените од Пешкопеа. „ Овој проект ни...
Во препораките на Унеско се нотирани и препораки за постапки за реката Сатеска и депонијата Буково
Post Views: 5 Во 19 те точки кои се нотирани од страна на Унеско за Охрид да не биде ставен на листата загрозени подрачја заштитени под Унеско, градот Охрид и државата ќе треба да бараат решение за реката Сатеска и депонијата на Буково. Треба да се постапува за враќање во старото корито на реката Сатеска, за што веќе се преземени конкретни зафати, информира градоначалникот Константин Герогиески. „ За реката Сатеска се изработува проект финансиран од UNDP за враќaње во старото корито. Следнава недела ќе имaмe информација до каде е проектот “, укажува Георгиески. Пред градот и...
Со полн капацитет работи градскиот отворен базен
Post Views: 6 Градскиoт базен работи со полн капацитет. Отворен е за пливачите и рекреативците од девет часот наутро до 20 часот навечер. Интерес за користење на двата базени има од школите за пливање и од рекреативците, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП „Билјанини извори“ кое стопанисува и се грижи за одржување на големиот и малиот градски базен. „ Водата е беспрекорно чиста, испитана е, добара е хемиски и бактериолошки. Водата е топла во текот на денот и температурата се движи од 25 до 27 степени. Ние го сервисираме претходно базенот и нема проблем. Напојувањето...
Унеско бара од Локалната самоуправа евалуација на влијанието врз животната средина на бесправно изградените објекти во заштитениот појас
Post Views: 2 Донесување на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион е клучно, со тоа е тесно поврзан Мораториумот за било какви урбани трансформации во заштитеното подрачје. Тоа е она што ги погодува граѓаните кои сакаат илегално да градат, вели Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Што се однесува на она што незаконски досега е изградено Георгиески дециден ,секој објект за кој има решение за отстранување ќе биде рушен, отстапки нема да има за никого. Кога ќе се руши, не открива. „Сега ќе следи процес на евалуација и тоа е она...
Академскиот сликар Славко Упевче одбележува златен јубилеј 5 децении од неговото ликовно творештво
Post Views: 5 Охридскиот сликар Славко Упевче во континуитет од 5 децении со четката и боите ги чува од заборав белезите по кои се препознатливи Охрид и Езерото. Во текот на сите овие децении Упевче во своите дела ги заробил спомените на делови од Охрид, од неговите сокаци, архитектура, калдрмата, дрвата , езерското синило. Со изложба годинава одбележува златен јубилеј од 5 децении на неговото творештво. Вели, почнав да сликам како дете, па како тинејџер, како возрасен вработен човек и сега како пензионер. „ Од првата самостојна изложба организирана како гимназијалец во...
Мнозинството советници во Градскиот совет дадоа поддршка за зголемување на платите во детската градинка Јасна Ристеска
Post Views: 5 Вработените во детската градинка Јасна Ристеска ќе земаат повисока плата за 16 посто и ќе имаат нова систематизација на работните места. Ова е епилогот од денешната итна седница на која охридските советници дадоа согласност за усогласување на подзаконски акти по донесувањето на законските измени во Законот за детска заштита од 18 јуни. Советниците од позицијата на денешната итна седница дадоа поддршка за зголемување на платите на вработените, но не и четворицата советници од опозицијата. Советничката Гордана Коњаноска при тоа упати критика од технички аспект. ...
Недостасуваат спасители на вода во службата за безбедност на вода од ОО ЦК
Post Views: 4 Со иселувањето на младите луѓе од Охрид и Струга се чуствува недостаток од спасители на вода во службата за безбедност. Некогаш оваа служба броела троцифрен број спасители сега се соочува со недостаток. Во моментов дваесет спасители на вода се обучуваат за да се вклучат во тимот кој ќе се грижи за безбедноста на охридските плажи ова лето. Од ОО ЦК која се овластени за обуките и издавањето на сертификати за спасители аларамираат дека продолжува трендот од минатата година, а ова лето ситуацијата е поизразена со недосток од спасители на вода. Во рамките на можностите...
Три дена на Долни Сарај ќе се одржува Балкнаскиот фестивал на народни песни и игри
Post Views: 3 Утревечер, на летната сцена Долни Сарај по 58-ми пат ќе се одржи манифестацијата Балкански фестивал на народни песни и игри. Почнува со традиционалното дефиле на учесниците низ чаршијата кои на трите фестивалски денови ќе прикажат богата музичка програма од земјите од каде што доаѓаат. На најстарата фолклорна манифестација на Балканот се афирмираат музичките, културни вредности и традиции на народите. Годинава, покрај изведбата на народни песни игри од разни делови на земји од Балканот, фестивалот е збогатен со нова содржина кои ќе се презентираат во Центарот за...