Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Куварите од охридското угостителско училиште подготвија традиционални специјалитети

Post Views: 154 Осум млади кувари од трета година при СУД „ Ванчо Питошески“ ги покажаа своите вештини и знаења во подготвување на традиционални специјалитети. Во училишната кујна вредно подготвија по сопствен избор вкусна храна. На тој начин ги потврдија своите вештини и знаења стекнати за време на школувањето. „Сите јадења кои се подготвени овде се наша замисла. Наш избор. Подготвивме велешка пастрмајлија, охридски чомлек,охридски комад, раванија, селско месо, питулици“, вели Кристијан Китанов од Градско. Мирсада Фејзулоска љубовта кон готварството ја стекнала од својот дом....

Продолжи со читање

Охриѓани имаат можност да научат проверени техники кои водат до подобар живот

Post Views: 153 Охриѓани кои сакаат лични промени имаат можност да научат како да го постигнат тоа. На дводневен настан на кој ќе се одржува работилница и семинар дел од проектот Отвори врата ќе се споделуваат техники како да го подобрат својот живот. Тренерите за животни промени Ристана Николоска, Надица Исаиловиќ и Елизабета Гошева ќе ги споделуваат долгогодишните стекнати знаења и искуствата за емоционално енергетско и духовно прочистување. Целта е да ги поттикнеме луѓето да створат позитивна енергија, а нивно хоби да биде работата на себе, вели Ристана Николоска тренер за животни...

Продолжи со читање

Охрид- интересен шехер

Post Views: 165 Охрид бил убав и богат град како и поголемите градови од Империјата, стои во патеписот на Евлија Челебија од 17 век. Со своето перо Челебија запишал значајни податоци од животот на Охрид и овдешните простори. Забележал дека Охрид имал 12.000 жители и 7000 вооружени војници во 1670 година. Луѓето кои работеле на тврдината биле ослободени од плаќање данок. Ова се некои од податоците за градот од 17 век, запишани од перото на Евлија Челебија, славниот отомански патеписец. Челебија пишувал интересни работи поврзани со градот, жителите, сарајот, џамиите и црквите. Меѓу...

Продолжи со читање

Стерилизација или азил за кучињата скитници

Post Views: 131 Од ЈП Комуналец не се согласуваат со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ за начинот како да се справи општината од кучињата скитници. Директорот, Сашо Алчев, вели дека повеќе од една година имаат изготвено проект, во кој учествувал ветеринарот д-р Перо Божиновски, за целосно решавање на овој сериозен општествен проблем. Сакаме проблемот да се надмине со изградба на заеднички стационар и центар за азил на животните, во кој ќе учествуваат уште три општини од регионов. Покрај општина Охрид, проектот е во начело прифатен и од општините Струга, Вевчани и Дебрца,...

Продолжи со читање

Јагнешко печење и етно сувенири за Велигден

Post Views: 250 Неколку илјади странски и домашни гости го дочекаа Велигден и продолжениот викенд во Охрид. Иако беа очекувани околу 6000 гости, врнежливото време го преполови нивниот број, велат туристичките менаџери. Сепак, во Охрид допатуваа гости од соседните земји Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Турција, а во помал број имаше и посетители од западноевропските земји. Најбројни беа домашните гости, и тоа оние што во градот поседуваат свои викенд станови и куќи за одмор. Врнежливото време, не дозволи гостите да уживаат во прошетките со брод по езерото, но затоа не изостанаа...

Продолжи со читање

За Плаошник, Самоилова и Енгелана се чекаат пари

Post Views: 146 Локалитетите се влезени во Владината програма за да продлжат започнатите истражувања, но се чека одобрување на сумата. Работите на локалитетите беа запрени минатата година заради економската криза, па за да продолжат сега се чека најавениот владин ребаланс на буџетот. Од Упрвата за заштита на културното наследство очекуваат работите да продолжат, но со намалени средства. Од одобрените владини пари ќе се знае и колкав број работници ќе се ангжираат на локалитетите, вели директорот на Управата, Паско Кузман. „Ангажирањето на луѓе кои ќе работат на локалитетите зависи...

Продолжи со читање

Охридските училишта формирале комисии по препораките на МОН

Post Views: 111 Министерството за образование и наука упати препораки општините и училиштата да го почитуваат правилникот за исхрана на учениците усвоен во 2014 година. Најавија законски измени за да го следат спрoведувањето на Правилникот за исхрана на учениците. ТВМ ги контактираше директорите на неколку охридски училишта во однос на препораките на МОН. Дел од нив изјавија дека веќе формирале комисии со кои ќе се разгледуваат препораките. Најавија колективно видување на состојбите по што ќе следи нивно изјаснување. Некои напоменуваат дека без помош на државата тешко може да се...

Продолжи со читање

Конзерваторите во Македонија се дефицитарен кадар

Post Views: 150 Македонија се соочува со дефицит на конзерватори од повеќе области. Недостасуваат домашни стручни кадри кои ќе работат на заштита на непроценливото културно историско наследство. Во земјава нема конзерватори од сите области почнувајќи од сликари, археолози, архитекти, набројува  д-р Лазар Шуманов стручен конзерватор и претседател на Македонскиот Национален комитет на ИКОМОС. „Замислете сеуште нашата држава нема систем за едукација за припрема на конзерватори. Јас сум дипломирал на архитектонскиот факултет и сум учел конзервација. Ние како комитет сакаме и инсистираме...

Продолжи со читање

Мистерија колку пари му носи туризмот на Охрид

Post Views: 131  На охридското крајбрежје и во рестораните има се помалку елитни гости. Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител од ресторанот „Далга“, со повеќе децениско искуство, нагласува дека во последните години многу е сменета структурата на гостите кои претсојуваат во Охрид. За гостите кои трошеле пари во Охрид, некогаш и денес, Патче вели дека сега градот го посетуваат гости со поплиток џеб. Патчев вели туризам има само во Скопје. Во светиот град, како што се нарекува Охрид со 365 -те цркви, не може да се развива елитен туризам каде што се мешаат Хозе Карерас и српска фолк...

Продолжи со читање

Осмомартовскиот празник е добар предзнак за успешна сезона

Post Views: 133 Туристичките работници со оптимизам најавуваат успешна туристичка сезона. Според стартот на осмомартовската посетеност на Охрид очекуваат во претстојниот период добар старт на сезоната 2018. Туристичкиот водич Љупчо Јузмески очекува голема посетеност на Охрид и за Велигденските празници. „За претстотните празници има најава на гости и сите хотели се над 80 посто резервирани. Потенцијалните инвеститори треба да размислуваат да градат хотели во Охри“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Во Охрид најголем број посетители се гости од соседните земји. Туристички...

Продолжи со читање

Варовиот малтер да се употребува при конзервација на историските објекти

Post Views: 159 Македонскиот национален комитет за споменици и локалитети, препорачува да се употребуваат варовите соединија кои се основа за постоење на нашето културно наследство. Д-р Лазар Шуманов, стручен конзерватор при Македонскиот комитет на ИКОМОС вели се што поседуваме како културно наследство е изградено врз база на вар. Верските објекти кои траат со векови и ги издржаа ланските земјотреси во Охрид се потврда дека во заштитата и понатаму треба да се применуваат материјали кои го издржуваат тестот на времето, напоменува д-р Шуманов. Една од препораките е употребата на варовиот...

Продолжи со читање

Охрид привлечна дестинација за Велигден

Post Views: 147 За престојните Велигденски празници Охрид ќе биде привлечна дестинација за посета на бројни туристи. Туристичките менаџери очекуваат посетеност на градот со традиционалните гости од соседството, но и од домашни посетители. Според нив, Велигденските празници не се показател каква туристичка сезона ќе престои ова лето, туку Првомајските празници. Владо Суклоски од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот потенцира дека интерес пројавиле гости од соседството. „Добрите најави за посетеност на градот се резултат на саемот за туризам во Белград, а интерес за престој во...

Продолжи со читање