Автор: Валентина Неловска
Post Views: 141 Министерството за економија и охридските угостители и туристички работници ги пеглаат новите предлог измени во законот за угостителска и туристичка дејност, како и во законот за туристичка такса и привремен престој. Туристичките работници ќе предлагаат решенија за надминување на некои слабости за да се подобри климата за работа. На денешната дискусија претставници од ресорното министерство од прва рака ги запознаа со некои предлог измени кои ги бараат угостителите и туристичките работници од земјава. На денешната расправа охридските туристички агенции искажаа незадоволство...
Законот за јавни службеници ги раскара синдикалците во ОУ „Григор Прличев“
Post Views: 139 Петре Тасески, претседателот на синдикалната организација во ОУ „Григор Прличев“ разрешен од неговите колеги. На уредно свикан состанок, во обид Тасески да ги информира колегите за примената на Законот за јавни службеници, тој е отповикан од синдикалната функција. Според претседателот на Регионалниот одбор на Сонк, Аце Речкоски, таа постапка и со именувањето на нов претседател на основната синдикална организација, во ОУ „Григор Прличев“ грубо е прекршен статутот на Синдикатот за образование, наука и култура.За новонастанатите синдикални состојби во образованието, зборува...
Охридските сувенири и понатака ќе доаѓаат од Кина
Post Views: 134 Пропадна барањето на СОУ „Ванчо Питошески“ во рамките на нивното училиште да се отвори паралелка за дизајн на керамика. Министерството за образование и наука не даде зелено светло во Охрид да се едуцира ваков профил кој би значел развивање на занатчиството и збогатување на сувенирската понуда во градот. Оваа можност беше големо очекување на директорот на „Ванчо Питошески“, Секула Баткоски дека ќе се збогати понудата на училиштето за едукација на нови стручни профили. Барањето на училиштето доби поддршка и од Регионалната занетчиска комора. Претседателот на занатечиите,...
Министерот Зоран Шапуриќ во работна посета на охридски компании
Post Views: 287 Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, за време на работната посета на Југозпадна Макеоднија посети и неколку охридски компании. На домашните бизнисмени им ги презентира владините мерки за поддршка на производството и нивните развојни планови. Шапуриќ при тоа ги запозна стопанствениците со мерките наменети за изедначување и поттик на досега запоставените домашни компании. Во мерките за олеснување на бизнисот кажа дека не се предвидени и нема да има ослободување од придонеси за...
Реката Сушица поплави триесетина куќи на улицата Железничка
Post Views: 128 Надојдената река Сушица поплави триесетина домови на улица Железничка. Под вода се куќи, дворови, земјоделска обработлива површина и домашни животни. Жителите стравуваат дека со најавите за утрешните врнежи и од топењето на снегот реката ќе носи поголеми количини вода. Се жалат дека и покрај досегашните барања до надлежните институции речното корито не било исчистено во последните 30 години. Жителите од овој дел на градот велат дека домовите им се поплавуваат и заради инфраструктурни пропусти. Кажуваат дека со поплавите почесто се соочуваат по изградбата на улицата...
За прв пат кај нас се презентирани светските стандарди за одржлив туризам
Post Views: 376 Туристичките субјекти се запознаа со стандардите за одржлив туризам. За прв пат во земјава се презентираат стандарди кои се однесуваат на економската, еколошката и социолошката одржливост на една дестинација, но и на приватните чинители и јавните институции. Денес ќе ги претставиме стандардите и ќе идентификуваме во која насока нашата дестинација да стане одржлива, информира Елена Иванова од Свис контакт, швајцарската агенција за развој и соработка. Советот за одржлив туризам има развиено 42 критериуми според кој една дестинација може да биде одржлива, укажува Елена...
Бездомните кучиња во стaционарот на Мауцкер ќе останат до август
Post Views: 140 50 -те кучиња кои се сместени во привремениот стационар на Мауцкер ќе останат згрижени до месец август. Единствената волонтерка која во моментов се грижи бездомните животни да добијат хуман третман и да не се на улица најавува повлекување од својата повеќегодишна мисија и заминување во странство. Вилдана Садикоска, која остана сама во борбата за грижа на бездомните кучиња, на својот Фејсбук профил меѓу другото напиша. „Жал ми е, но не можам да помагам веќе, не ми остана енергија за борба, бидејќи немам веќе надеж. До сега се спасени многу кучиња од улица, вдомени,...
Продолжува традицијата на дарување 8 мартовски Охридски бисер од Филеви
Post Views: 122 8 мартовското дарување Охридски бисер од Филеви за туристите кои доѓаат во Охрид се одржа на Билјанини извори. Цветка Манева Трајанска од Софија беше среќната добитничка на овој јубилеен подарок од фамилјата Филеви. За туристите по пово Денот на жената се организира незборавен настан на кој најсреќните добиваат подарок од познатото семејсто Филеви. Бугарската туристка не го криеше задоволството од добиениот несекојдневен и скап подарок. „Ова е за прв пат да добијам ваков подарок .Пријатно сум изненадена со овој гест. До сега не сум имала ваков подарок на овие години....
Готвачите се „сопнаа“ на анасон
Post Views: 145 Готвачите од угостителското училиште се вратија без медлја, но со многу искуства од меѓународен гастро натпревар. Гоце Савески, ученик по готварство во 3 година, е дел од тимот на млади готвачи од СОУ „Ванчо Питошески“ кои учествуваа на меѓународен гастро натпревар на Брач, Хрватска. Учениците по готварство Гоце, Александра, Момир и Бесард ги покажаа своите вештини во три категории на подготвување на храна. Готвачите имале зададени обврски даподготват топло предјадење од анасон, главно јадење од риба и крем десерт. Савески ги споделува впечатоците и задоволството...
Mладите фудбалски репрезентации на Македонија и Србија го отвораат реновираниот градски стадион
Post Views: 133 Пуштен во употреба реновираниот градски стадион со фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Србија. Двете младински репрезентации на охридскиот стадион во соседско дерби за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Во текот на изминативе месеци на стадионот се изгради новата источна трибина со 1480 седишта, се постави модерно осветлување на теренот, а се осовремени и наводнувањето на тревнетиот терен, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори.Во летниот период беше оспособен новиот начин на наводнување со сензори и компјутер,...
Во маркетите се продава мед по смешни цени, кажуваат пчеларите
Post Views: 340 На македонскиот пазар нема доволни количини мед ,а тоа што се нуди на пазарот е гликоза. Таа не е штетна, но купувачите купуваат скап шеќер без минерали и витамини, предупредуваат пчеларите. Цената на медот на Балканот е по 10 евра за килограм. Кај нас се продава од 400 до 500 денари за килограм и го нема, додека во малопродажба може да се најде за 300 денари за килограм, вели охридскиот пчелар Ицо Китанчев. „Во маркетите има смешни цени и ќе се прашаме дали е тоа вистински мед. Трговците се користат со една финта и го декларираат тоа што го нудат на пазарот како...
Одржано годиншното Собрание на здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца
Post Views: 104 Здружението на Пензионери од Охрид и Дебрца одржа годишно собрание. Охридските пензионери го усвоија позитивниот финансиско – материјален извештај за работата на здружението. И покрај блокираната жиро сметка ние сме едно од најдобрите здруженија во земјава, информира Димитар Спасески, претседател на Собранието на здружението на пензионери. Спасески посочи кои се нивните предизвици годинава со кои ќе го подобруваат животот на оваа категорија граѓани. „Проблемот е со изградба на Дом за стари лица. Охрид е единствениот град во Македонија кој нема дом. Проблем има и...